^колку и да е, контакт имало....предсемена течност постои. Шанси има, но според мене мали. Не паничи. почекај до недела. А ОВА да ти е за памет друг пат
SnowQueen, друго да прашам, што ако до недела добијам, какви се шансите за бременост? Се плашам дека е неколку дена пред мензис сега да добијам а сл месец не? Може се глупави и смешни прашањава, ама кога си е имаш мувата на капата...
^мила94 тебе психата ќе те убије...девојче смири се. што би било кога би било.... ти со господ напред ќе си добиеш во недела (мада како си под стрес ништо чудно да ти касни некој ден) и штом ќе добиеш приказната е завршена...
^ Точно дека ке ме убие психата!!! од таа психа неможам да се опуштам Фала ти, искрено мн ми помогна. ајде во недела со позитивни коментари од моја страна
ама ако продолжеш вака ќе биде понеделник/вторник.....дај малку опушти се, времето неможеш да го вратиш
луѓе последната менструација ми беше ептен чудна, некако ко грутчиња само, кафеаво, ни крв ни ништо . ми траеше нормално 3-4 дена, имав болки во стомакот, ама тоа не беше ко менструација, она права менструација. што мислите зашто така...?
Лудо ако си била на одмор,капење во студена вода,може да го имаш некоја настинка.Ако немаш други симптоми почекај идниот месец,ако се нормализира не е страшно, ако не, оди на лекар.
ludoto19, луничка убаво ти рече да си почекаш ако не на лекар да си одиш. Но зошто уште цел месец да бидеш на мисла? Земи си еден тест за 100ден. и барем да ти е мирна главата.
имам редовна менструација ,и секс со дечко ми но овој месец веке ми касни 7 дена никогаш ми се нема тоа случено што треба да правам ??
Не се устручавај повеке,оди до аптека,купи си од тие тестовите од стотина денари и провери.Може да ти касни од x причини,од стрес,преладеност,циста можеби...
Здраво..! Нова сум на форумот и сакам да ве замолам за ваше мислење, и се надевам дека ќе ми помогнете... Со дечко ми за прв пат имавме секс... и нормално со кондом... после тоа ме болеше стомакот 2-3 дена... Од ко се случи тоа помина веќе 1 недела... и денес кога бев во ВЦ забележав жолтеникава течност... ќе може ли некој да ми каже дали случајно има шанси да сум бремена... Бе молам за мислење..
Девојки!!! Незнам дали од стрес или што е??? Ми доцни 2 дена, никогаш во животов не ми доцнела. Предходниот месец добив на 3 недели (точно 7 дена порано) тоа беше од промена на клима, живеев привремено во друга држава. Пред две недели променив клима повторно и сега не ми е јасно дали има врска со доцнењево или ова што прашував предходно? Имам чувство дека добивам, но и имам нагон за повраќање (што можно е од нервоза или од жештиниве) Ве молам за помош или да одам по тест? Поздрав!
мене сеуште ми нема дојдено од 19 јуни. направив тест пред август тие денови беше негативен а уште ја нема одвреме навреме имам симптоми дека ќе ми иди и пак ништо. некогаш исто како да имам ме боли стомак, градите ми се ненормално отечени и премногу болни на допир. ме избудали ќе иди или не? да правам уште еден или да почекам уште некој ден?