Направи обавезно тест уште еднаш, самата кажа дека си имала 2 ризични односи, би рекла јас и повеќе од ризични,првиот однос ти бил во плодни денови! Може тестот да се покажал негативен заради ниското ниво на хормонот при рана бременост.
Ми касни веќе 6 дена... со дечко ми секогаш имаме заштитен однос плус секогаш пред да сврши се трга плус сега се вративме од одмор, а мене секогаш ми доцни кога се враќам од одмор некогаш и ми прескокнува цел месец... ама порано немав грижи зошто не бев сексуално активна.... сега не знам веќе што да мислам.... постојано таму ми е паметот... купив денес тест за бременост па утре кога ке станам ќе го направам, се надевам дека се ќе испадне добро... едноставно сакав ова со некого да го споделам затоа што многу ми е тешко
утре кога ке станеш направи си го тестот колку да ти биде чиста совеста и главата а и самата велиш дека ниту свршува во тебе а и имате заштитени односи така да место за паника немаш според мене
Здраво, Имам еден проблем...што и да е...Последен циклус имав на 1ви Август, а би требало да ми дојде на 28 ми (29) , затоа што имам редовен...Имав сексуални односи за време на плодни денови и овулација, а тоа е некаде на 13-14 овој месец. Од 16-17 Август мокрам на секои два саати, денес почнаа градите да ме болат многу(а има уште 1 недела до наредниот циклус)...меѓутоа, ниту еднаш не ејакулираше (сврши) во мене, не користиме заштита, се работи за долгогодишна врска, меѓутоа сеуште не сум спремна за дете......(Да напоменам дека кога ми дојде последен пат на 1ви Август бев на одмор и користев тампони, и ми траеше многу пократко и не многу обилно...најверојатно поради тоа што влегував во вода) Дали има некој такво искуство и дали воопшто има шанси да сум бремена?! Ви благодарам и само ако го прочитате. Поздрав
немора да значи дека ако мокриш на секои 2 саата си бремена изгледа си настината од водата а градите те болат затоа што се ближи време за наредна менструација според мене не си бремена али ако не сте спремни за дете користете заштита без врска што е долга врска
Ти благодарам...Многу поутешително е кога добиваш позитивни совети....Како и да е, ќе си почекам уште една недела...па здравје тогаш ќе се мислам А што се однесува до заштитата...хммм, секојпат си велам нареден пат, ам за жал секогаш не го исполнувам планираното, што сигурно е ист случај со уште многу други кои вака се нервираат...Поздрав и Благодарам уште еднаш.
Ама баш иста ситуација како мене и јас паничев бидејки имав односи во плодните денови и на крај добив....Така да не се напнувај може после од тоа да ти доцни па уште поовеќе да се нервираш...И кога е во прашање со заштитаат и јас секогаш си викам ај нареден пат ај нареден и пак по старо.Инаку мокрењето може да значи и настинка од водата на пр...
Секако ќе чекам до денот кога треба да ми дојде, освен ако не ми проработи психа, па да испаничам и да направам тест претходно...Стварно незнам зошто мокрам толку често, плус градите ме болат ,т.е левата ме боли многуууууу, и неможам ни да лежам нормално....Чудно ми е зашто, имам јас болки во градите пред менструација ама ден-два пред , а ама овој пат дури 1 недела пред датумот за доаѓање...Ќе чекам ....па ќе видиме...Подобро да се опуштам оти психата е страшна работа........Поздрав
Добро вечер и од мене Сакам да видам Ваши мислења околу мојата ситуација,која е следна: Првпат,дечко ми сврши во мене на 4ти јули,и одтогаш па се до пред малку тоа се случува секој ден/вечер. (значи,скоро 2 месеци тој секој ден свршува во мене,а понекогаш и по 2-3пати на ден) Во јули,менструацијата си ми дојде редовно,на 17ти...но,еве,овај месец ми касни 5-6дена... Ми се јавуваат некои предзнаци дека мож ке добијам за 2-3дена ама не сум сигурна...А,да,ке заборавев:околу 5ти август направив тест за бременост и беше негативен..па сега незнам шо да си мислам...А инаку,сум во сериозна врска,ама моите не ми дозволуваат да се мажам затоа што имам уште 1год.од факултет,па сакаат да го дозавршам Позз и би била благодарна ако добијам совет и од некој постручен
А каков совет ти треба тебе?? Да забремениш? Да не забремениш? Да бегаш од дома?? Да завршиш факултет?
Berta12062010, за постручен совет да си отидеш кај гинеколог. а за форумски мислења,искуства,лични знаења....можеме да ти кажеме
Па ме интересира дали на некоја и се десило да забремени после неколку месеци редовно свршување во неа,или пак ако фаќа,ќе фати уште првиот месец...
Ти мислиш лесно се прават бебиња, не не не...ќе треба малку да се помачите, не оди тоа така сипи напиј се
Ве молам за совет.Со дечко ми имавме односи ( незаштитени) и не сврши во мене на 27 јули ...веднаш после 4 дена ми дојде на 1 август...сега ме болат градите и стокамкот бех на лекар ми кажаа дека имам некоја инфекција и дека ми е од прелада сега незнам дали овие сиптоми се од инфекцијата или можно е да сум бремена????
Фала многу ..ме секира тоа што ме болат градите и стомакот треба да ми дојде за една недела па нз дали е од тоа ...а неможам да помислам на несакана бременост...
еве сега да ви пишам конечно ми дојде би рекла во прав момент. премногу сакав бебе ама ова дефинитивно не беше време за него не можеме дури ни да се земеме, се ни оди наопаку. дечко ми ја изгуби работата газдата го затвори местото, па дојде во право време како порачана
Ајде не се нервирај се во свое време битно имате вистиска и искрена љубов,тој ке си најде нова работа,а бебето ке си дојде неочекувано и точно кога треба
Женски здраво, нова сум и баш разгледувам низ темите и ај да пишам. Јас имам еден проблем... Бев на гинеколог и ми најдоја циста на левиот јајник голема околу 5цм и по две недели ми дојде и после бев на контролаа па неа ја немаше. Другиот месец ми закасна малку ама дојде...Со дечкото имаме постојано односи со кондоми и никогаш не свршил во мене. Последниве два месеци немам менструација...а и нема ни знаци за идење. Купив два теста за бременост и покажаа негативен резултат. До што можи да е проблемот, дали на некоја од вас и се има случено нешто слично???