е сега друго ќе и одговорев да речеше девојката имам малку крв,...тогаш ќе и ја спомнев можноста од таков случај.Но она рече имав добиено. [/quote] Значи имаш доста искуства и познавања така да на секое прашање знаеш и одговор да дадеш Браво за тебе!!
На почеток на бременост симпомите предизвикани од истата многу наликуваат на пмс. Има болка во градите,брадавиците,можни се болки во долниот дел на стомакот слични на менструалните,може да има нагони за повраќање (ова некои го имаат и во пмс),малаксаност. Е сега кај мене крварењето беше послабо на интензитет,а и бојата беше потемна кафена ,слична на онаа на крај од циклусот и траеше по некои 4-5 дена.Но кај некои крварењето и не се разликува многу од циклусното.
Различно е кај секоја жена АИТ, во повеќето случаеви знам дека бојата е поинаква одколку онаа од циклусот и трае помалку денови, како кај тебе, мајка ми пак си имала најнормално ми кажуваше и никакви симптоми немала се дури не отишла на гинеколог да и потврдат 4 месеци бременост замисли, затоа и јас кога останав бремена ми велеше може и јас сум останала во поодминатите месеци и кога сум имала менструација и сум во понапредна бременост, но кај мене не беше така, јас од последниов циклус штом ми заврши па се до денес немам ни капка крв, ни во почетокот кај некои кога настанува вгнездувањето на плодот може да се јави мало крварење што кај мене не беше така и баш ми е супер без мензис уште неколку месеци, убавини
Некои имаат крварење се до крај на бременоста, ако хематомот не се абсорбира но со контрола од гинеколог. Хематомот можел да биде со различна големина, но нај важно е тој да биде под плодот, зашто ако бил над него може да доведе до компликации. Крварењата се со различна боја и количина, од кафен исцедок до светло црвена боја, кој што е по алармантен, и траењето на крварењето е во зависност од хематомот. Така да, секое крварење кое излегува од нормалата на вашите месечни крварења, мора да се контролира на гинеколог, бидејќи ако настанала бременост а притоа постои и хематомот, ако не се контролира може да направи компликации кај плодот. Мислам дека кај хематом, жената треба да мирува во бременоста.
Епа ајде и јас да ви кажам на другарка што и се случи значи на 7 месец дозна дека е бремена,значи имала мензис како и секогаш и траело имала и болки ама баш се и било најнормално само што имала зголемен апетит али и тоа толку и не ти покажува дека си бремена.Среќа и се слошило се онесветила и ја однеле на лекар и што да видат бремена 7 месец среќа бебето еве се породи пред 3 дена бев на мекици се било во најдбар ред само штоо од 7 месец и викале дека е машко али сепак си родила женко и ич не ми е јасно како до толку не го виделе нели има сега 4д или незз таму што... Целта ми беше да кажам дека сепак треба да си имате во предвид убаво кажа девојчето претоа дека има и такви примери
Не добив одговор во темата каде што прашав, па ајде да пробам тука. Ми касни...повеќе денови. А незнам дали имам причина за нервози затоа што месецов немав баш некои ризични односи. Се со кондом, еднаш незаштитено само. А да... еднаш ни пукна кондомот, немаше свршено ама беше втор пат вечерта. Не уринираше во меѓувреме, а мене ми беше 12ти ден од циклус. Според досегашните пресметки мене 14тиот ден би требало да ми е најплоден. Незнам што да мислам. Почнаа да ме болат градите, и стомакот од време на време. Се надевам дека ќе добијам во најскоро време, за да не се шекнам! Што мислите вие, има шанси за нешто непосакувано? А да, и ова што го прочитав погоре ме испаничи уште толку, затоа што пред повеќе од месец имав односи со свршување во мене, се напив Норлево и добив. Бременост и менструација, можно ли е да сум таков баксуз?
А бе, на моја роднина во 7ми месец и‘ кажале дека близначиња носе. Замисли ти 7 месеци да мислеш дека 1 бебе имаш во стомакот, на крај 2 да испаднат. Каде гледат тие доктори кој знае.
Ќе добиеш, не се грижи. И самата знаеш дека колку повеќе мислиш и си под стрес, толку повеќе ќе ти доцни. Самата кажуваш дека си немала некој ризичен однос, така што, не се секирај. А сигурна сум дека ќе си забележела досега ако беше бремена
Незнам каде гледаат но не ги бива за ништо исто една другарка го роди детето со бактерија поради нејзиниот гинеколог што не ги направил сите испитувања па јадно бебенце лежеше во болница 1 месец Исто снаа ми кога се породила ја изнатобиле кога ја одмивале па болна си дојде дома,а кога им кажала таму дека е мокра и се изразвикале дека она била виновна не била добро наместена и ја оставиле таква 2часа со отворени прозори и врата ...Жалосно е сето ова
Направив тест за бременост но не знам дали е негативен позитивен или невалиден. Тестот се вика Baby Safe и ми се појави една црвена линија веднаш под тоа плавото фолииче, сега не знам дали другата требала да се појави под неа или над неа, зашто ако требала над неа тогаш сум бремена а ако требала под не сум, како може да знам каде треба да се појави другата линија... не го разбирам оваа
Во упатството нели ти пишува како се чита резултатот и дали треба една линија за позитивен или две линии за позитивен тест незнам види во упатството мора да пишува која линија што значи и каде треба да се наоѓа на тестот, друго не би можела да ти помогнам.
значи не сврши во мене внимававме многу и ми дојде дури 2 дена порано крварењето беше како секој пат ...сега вие друго велите дека може да сум бремена иако сум имала менструација страв ми е многу
^уживај си само тоа ќе ти речам според тоа што сум слушала од искуства на девојки, таа менструавија кога си бремена е делумно поразлична,или по кратко трае е и е повеќе како крв,или само кафеавко.....има некоја си разлика. И затоа,никогаш не ја спомнувам оваа си варијанта,зошто на некој да му била сумљива менструацијата тоа ќе го потенцираше.а работава излага,дека иако ние добиваме треба секој месец за секој случај тест да си направиме. И не само тоа, туку и паника и страв им влевате на девојкиве.
мислев дека имам инфекција па провериv крв и мокрача пред една недела и докторката ми рече дека немам ништо нели би требало да покаже на мокрачата дали сум бремена....незнам веќе што да мислам иначе фала ти многу
^не мисли на тоа....ете затоа јас не спомнувам такви работи инаку,кога се проверува крв они пишуваат само што проверуваат. Единствено ако била детална, ама мислам дека и тогаш не проверуваат бременост, зошто за неа мора да се потенцира. Како и да е УЖИВААААЈ
ке се потрудам да не мислам на тоа а само што ке помислам ме фаќа страв ве прашав за мислење затоа што ми е подуен долниот дел од стомакот како и да е ке морам да чекам до другата менструација за 2 недели па се надевам дека нема да има место за паника ....аххх а и градите ми се тврди
ако толку ти е страв, ај трк до аптека и мирно спиј си,да не чекаш две недели, i cica mica gotova prica
@ stela 166 по симптомите не можеш да познаеш дали се работи за бременост или за пред менструални симптоми зашто симптомите се апсолутно исти. А конкретно за твојот случај мислам дека нема место за паника ако си добила, ама ако не сакаш да бидеш на мисла појди до аптека за да ја решиш дилемата.
Помогнете ми плсс Требаше да ми дојде н 14ти а сега е веќе 17ти јас се уште немам.Со дечко ми имавме незаштитен секс но тој никогаш не свршил во мене.Обично не ми доцни.. овие денови имав некоја мала полова инфекција.Дали е можно тоа да влијае или пак големи се шансите да сум бремена?