Вчера направив уште еден тест и после некое време ми дојде нема потреба од паника но секогаш паничиме ако касне ден два
Значи ваква е мојата ситуација....имав односи со кондом и си сврши во мене но после имаве уште една партија секс но го тргна кондомот и несе избриша баш убаво мислам. Друг пат пак кога имав сврши во мене ама не сум 100% сигурна(пијана бев ), и сега во петокот пак сврши во мене ама наредниот ден пиев Норлево, но секако ми касни веќе 5-6 дена. Од симптоми немам ништо гадење или нешто друго само овие 3 дена имам страшна главоболка но во упатството на Норлевото пишуваше дека е една од честите несакани дејства. Леле само да не сум бремена
Мислам дека штом си се напила апче немаш место за паника. Колку што знам и колку што сум читала тука неколку пати, ефикасно е. Но, пред колку време било тие неколку пати кога ти свршил (најверојатно) и дали си добила после тоа? Сепак почекај, не се нервирај и не паничи бидејќи и тоа влијае, па ако не добиеш направи си тест.
значи можеби ке звучам смешно, ама мене не ми е воопшто лесно. Профилот го направив специјално за да прашам. Последно со мојот бивши дечко имавме однос на 12 Јули, и од тогаш ми има дојдено редовно, ама мн се здебелив и неколку пати повракав, ама после пијанство, другиот ден. Од тогаш сум немала сексуален однос, а и стомакот ми е видно здебелен, тогаш имав 57 кг а сега имам скоро 62 кг....а и менструалнуот циклус ми трае 1 ден помалку.... дали е можно да сум од тие случаеви, да се трудни а да имаат менструален циклус ??????
А зашто немаш направено тест или да одиш на гинеколог да провериш, кога веќе толку време мислиш дека си трудна ? Тоа што си се здебелила не мора да значи ништо, исто и тоа што само 1 ден помалку ти трае менструацијата. Сепак за да си знаеш точно и да си помирна напрај си тест
штом си имаш редовен циклус нема шанса за бременост мада не мора да значи знаеме дека има жени и со менстр а се бремени така да за да си бидеш мирна едно тестче би ти ги решило сите дилеми
девојки не и давајте лажни информации на девојкатазначи ако имаш еднаш ризичен однос и не си сигурна дали свршил или не или сигурно свршил тогаш одиш до аптека земаш норлево и средна ке биде работата ке се избегне бременоста но она после пиењето на апчето уште 2 пати имала ризичен однос тиа ризични односи немаат врска со испиеното норлево од пред 2-3 дена значи сепак има шанса за бременост реално гледано инаку дај повеке информации кога имаше последно менструација??? кога пиеше норлево после кој ризичен однос?? после испиеното апче имаше пак незаштитен однос или пред да го испиеш?
јас ти препорачувам одма да направиш тест или да одиш на гинеколог. може не е бремност, но има промена во циклусот, а и викаш дека си се поправила многу во тој период, па би можела и да ги провериш хормоните. познавам една девојка која редовно си добиваше секој месец додека беше бремена, и тоа и се случуваше со сите 3 деца. Дознаваше ептен касно дека е бремена, тек откако ќе почнеше да и се познава стомакот - баш поради тоа што добиваше.
Здраво девојки, непосредно имав заштитен сексуален однос со дечко ми и сврши надвор од мене НО кондомот беше скинат и тоа расцепен. Вероватно тоа (кинењето) се случило околу крајот на односот. Претсемената течност потекла (тој тоа го осеќа) ПРЕД да се скини кондомот затоа што тој го проверил по потекувањето. Потоа, пенетрираше во мене скроз 2-3 пати и вероватно тогаш се има скинато. Има ли простор за паника? Ви благодарам од напред
Јас мислам да си направиш тест да си бидеш мирна и да си знаеш точно. Вака некој едно ти вика некој друго, бидејќи се е можно. И пресметај си дали кога си ги имала ризичните односи си била во плодни денови. Од последниот пат што си имала однос не е можно да си затруднела бидејќи си се напила апче. Па пиши тука кога ќе направиш тест или ако добиеш
да али не толку многу, само 4 кг.... а немам гаденје или пак вртоглавица, а циклусот ми е редовен и обилен, само трае еден ден помалку... али сепак психа си е психа.... нз со да правам
А зошто не направиш тест, тоа барем е лесно одиш во аптека и ќе купиш тест дома го правиш и за 5 мин имаш резултат кој е 99% точен. Што е толку страшно да направиш тест, која е причината што до сега си чекала, мене стварно не ми е јасно.
бидејки немав никакви знаци дека сум трудна, затоа немам никаков тест направено... одеднаш ми дојде таа идеја, али сепак мислам сето ми е психа, бидејки тој се ожени, а таа е трудна .... сепак фала многу
дечко и се оженил а жена му е трудна, па сега се плаши и она да не е трудна од него?!?!?! хахахах да не е дел ова од некоја турска серија?!?!?!