не не ова не е турска серија ова е научна фантастика. Типов има толку јаки сперматозиди што две затруднува во исто време и ако едната не е до него Свашта!! Не ги вреѓај турските серии, ова повише мава накај мексичка сапуница . Знаш она кај што на крај главната протагостика дознава дека е уствари машко и сама на себе си е татко.
Девојки, ајде да се посоветувам со вас, додека не сум полудела. Секогаш сум си миле-паника пред да добијам, но овој пат е поинаку. Ми касни една недела, направив пред 2 дена тест, негативен беше, но никако да добијам. Симптоми за бременост немам никакви, нити за добивање, освен завчера што почувствував мала болка во левиот јајник и имав една капка крв кога се избришав вечерта, мислев добив, ама толку од радоста моја. Не се паничев премногу, очекував, ама веќе 40 и кусур дена поминаа и ме фаќа стравот. Единствена надеж ми е дека не сум бремена, што до пред некој ден се мачев со кандида. Па сега, дали има некој искуство, поврзано ли е тоа со менструалниот циклус или за нешто друго се работи?
Девојки сакам да ве прашам нешто (не е за мене за една другарка е,јас не сум сигурна па сакам да слушнам ваше мислене) другарка ми има редовен однос со партерот,минатиот месец неколкупати тој свршувал во неа. Последниот пат кога свршил после неколку часа добила,но менструацијата не била обилна и и трајала само 3 дена. Била на гинеколок и гинекологот и кажал дека има нешто слично како вреќичка за ембријонот ,но е многу тенко и дека не е баш многу видливо, и и кажал дека неможе да и потврди бременост. Отогаш е имала однос но не е свршувал во неа и сега и доцни 3 дена. Што мислите вие дали е можно да е бремена од минатиот месец??? Нема многу знаци за бременост освен што често мокрела...
1. Дечкото неколку пати свршувал во неа 2. Гиникологот и кажал дека постои потенцијална врекичка за ембрионот 3. Имала невообичаено пократок менструален тек КОЛКАВИ СЕ ШАНСИТЕ ЗА БРЕМЕНОСТ??????????????????????? Со употребување на малку логика ( доколку нели се е во границите на нормалата - чест на исклучоци ) реално е возможна бременост.Тест и повторна посета на гиниколог!!! ИГНОРИРАЊЕТО НА ФАКТИТЕ НЕ ЗНАЧИ И ПРОМЕНА НА ФАКТИТЕ.
Пред 2 дена со дечко ми имавме незаштитен однос но не сврши туку ни беше страв од предсемената течност и се испаничивме зашто ми беа полдни денови и тоа максимални шанси за бременост, се напив норлево после 1 час најмногу.. Како треба да дејствува, треба да прокрварам ако имало нешто или ?
Значи таблетиве ги пиете како витамин Ц да ви се.. Еј-би, навистина мислам дека немало потреба од апче.. Извинете за офф но морав да искоментирам
девојки сакам да ве прашам дали симптомите се појавувет ако ви каснит мензес или далли мојт да се појават една недела пред мензесот
Можно е да ти е до кандидата,бидејќи тешко се лечи,а колку што разбрав си имала.Штом си имала мала болка,можно е да добиеш,но ако не можеш да издржиш најдобро е да одиш и да си провериш.
Девојки, колку се сигурни тестовите за бременост шур чек? и дали има врска во која недела (дали после 10, 20, месец дена) ќе го искористиш?
На сите тестови пишува дека се со 99% сигурност. Би требало да дадат точен резултат ако тестот се направи најрано 14 дена по ризичниот однос.
често мокрење е доста сигурен знак за бременост. ако девојката несакала да затрудни, никако не треба да дава да свршува во неа. незаштитен секс, дури и кога дечкото го вади пред да сврши, никогаш не е сигурен! еве да ве посоветувам сите што не сакате да затрудните, секогаш користете заштита. јас се излажав така, читав на интернет дека нема шанса од затруднување ако го извади и сврши надвор, и така со дечко ми теравме година дена, се додека не ми каснеше 10 дена. и бев сигурна дека нема шанса да сум трудна бидејќи никогаш не свршил во мене! ама ај за да бидам мирна направив тест, и кога гледам позитивен. и гинеколот ми кажа дека има мали шанси да се затрудни така, ама сепак има! остануваат трудни отприлика 10-20 % годишно од тие што имаат незаштитен секс (така и кажал тој). и од тогаш никогаш без кондом ни 1 секунда!
Jas gi koristam jaz tabletite eden mesec i koga go dopiv prvoto pakovanje mi dojde mnogu malku menstruacija duri nezabelezitelno.Dali ima sansi da sum bremena?
Пред 14 дена точно имав за прв пат незаштитен однос со дечко ми откако сме заедно, ми беа плодни денови и бевме внимателни. Денес имав кафен исцедок, а треба да добијам за два дена. Дали е возможно да сум бремена?
rakce69, незаштитен однос си е незаштитен па колку ти и да мислиш дека си внимавала. кафеавиот исцедок може да има две значења или ќе добиеш или си бремена. Дали порано си имала таков кафеав исцедок пред да добиеш? Ако и порано си го имала,значи ќе добиеш.Ако не иди во аптека и купи си тест.
што сме ние феминките на сајтов ,гинеколози се знае дека треба да се користи презерватив и дека 14 дена после менструација се најплодни не за џабе е измислена поговорката-седи мирно да не завршиш модро
Snow до сега не ми се случило да ми протече кафеав исцедок неколку дена пред добивање, прв пат се случува затоа и прашувам. Од една страна си викам јас ли сум среќлијата едната во илјада да забремени од предсемена течност, но се е возможно. Утре треба да добијам, ако ми касни тоа е тоа. Прво помислив на инфекција некоја да не е, ама мислам дека да беше од инфекција ке имав ден-два после односот не сега пред добивање. Сеуште сум смирена, не ми е поминат терминот за добивање па нема потреба од паника. Фала ти многу мила Прво мислам дека не ти држи вода муабетов, зошто го немаш убаво прочитано мојот пост. Второ мислам дека во соодветна тема го поставив прашањево, па има фини луѓе кои сакаат да одговорат човечки и да помогнат, луѓе кои можеби не се гинеколози ама имаат некакво искуство или знаење. Ако не се пронаоѓаш незнам зошто воопшто ја отвораш оваа тема да видиш кој што пишал. За дрско однесување мислам дека нема простор, ниту ме знаеш - ниту те знам, ако можеш помогни, ако не не одмагај. Ти благодарам.