Значи ти кажав оди купи си тест Self Clear, тој се користи 8 дена п однос и ќе знаеш сигурно, ама оди одма и ќе имаш резултат а симптомите не се добиваат за една недела биди сигурна. Да не те разочарам тоа што ти се оди во wc може да е што треба да ти дојде а за бременост е мноооогу рано да имаш симптоми. Оди веднаш купи тест па ќе ни го кажеш резултатот на сите овде.
а дали доколку сум бремена недела-две ќе чувствувам болка во долниот дел од стомакот или тоа не е почетен симптом?
не мора да значи јас тоа почнав да го осеќам во 5тата недела ама не е ни малку слична на болката на пмс
па што знам може да се каже силно стегање(најчесто во левиот јајник) но трае моментално и веднаш пушта , и не се толку мачни може да се издржат најверојатно затоа што се кратки
во овој период чувствувам различни болки и веќе не знам какви се :\ неколку месеци со партнерот се обидуваме да останам бремена но тоа никако да се случи не знам во што е проблемот, инаку требаше да ми дојде овие денови, но сеуште нема, па ќе видиме дали овој пат ќе имаме среќа
честитки и од мене, јас многу би сакала да ја слушнам таа вест но не знам зошто и по толку обиди сеуште неможе да останам бремена
Размислувам.... Докоторт ми рече дека сум уште во рана бременост можам да направа мини абортус т.е. со вшмукување
немојјјј некој многу време се обидува да го добие тоа, размисли убаво пред да донесеш погрешна одлука
Да ама мојата ситуација не е сјајна....јас имам едно дете а сега не сум во премногу добри односи со мм....така да размислувам....
Ќе биде сигурно само опушти се и не мисли само на тоа, само гледај си го здравјето сега тоа е најважно и не пиј никакви лекарства бидејќи планираш бебе.
не пијам никакви лекарства, само понекогаш кога сум настината или против главоболка кога е неиздржлива, иако сега можеби не е погоден период за да останам бремена поради други обврски кои ги имам, но за мене тоа би било најголема радост. дали има нешто друго што може да се преземе за побрзо да се зачне?