Значи запамтете ако веќе сте имале однос и сакате и втор да имате обавезно дечкото да моча. Така се уништуваат сперматозитчињата ако останале во каналот. Моча, го мие малце и продолжувате. Иначе Мартина купи си тест за бременост, ништо страшно не е скоро секоја девојка го има направено, барем мирна ќе ти е душата. Уште денес трк во аптека.
Добро бе луге зошто сте толку неписмени??ние сме биле заостанати па ке бидеме ,ке ми зборите тука за контрацепции,пилули апчиња тестови,вие разбирате дека секс немора да значи типот да сврши во тебе??немора вие да го наречете имав секс ако стварно свршил во тебе со кондом.затоа сега ке пишувате проблеми,прешенија,барате статии за да останете сигурни дека не сте бремени! користите кондом и пиете апчиња да не забремените..оф оф оф,,после хормоните ви биле проблем,влакна ви растеле повеке и поцврсти,ракови се појавуваат порано од тие апчиња,,има и други решенија за сексот..сте се угледале у тие американскине филмови па ајде и ние зошто да не...ке ми имате сексови у кола,у нечиста постелнина,нема миење после секс па дури ни со влажни марамчиња..ние женските сме криви за се!! они си немаат гајле..што не имаат и они ваков сајт за проблеми како нашите??? си носите кратки блузичиња не сте свесни дека некој ден треба да рагате,,они си немаат гајле ги боли нив за нас...после цисти ни се појавувале ,болки,грчеви,вакви пози онакви-секоја поза си сноси последици..ја стварно незнам како да се направи да се подигне свеста на жените во МК да не го свакаат толку просто сексот,толку сте не организирани,не мислите..мислите дека и машките ке бидат загрижени ако вие се секирате дали сте бремени?барате начини на сајтови спас за тоа што да пиете и како да се лекувате..некете ни по 1 2 3 па и 10 години сексуално активни да идете по гинеколози...срам ви било ке ве болело..срам за женскиот род е ова..на мајка на 22г да не се кажело мамо дај книшка идам на гинеколог..вие сами си ја стварате иднината не чекајте никој да ви ја направи а посебно не МАШКО ,што ке ве заебе и ке си отиде на друга страна..ке сте добивале болести канидиди и вие мислите дека е ништо,сето тоа е отворен дел откако се станува активен..вие треба да бидете свесни како и колку ке го заштитите тоа место за понатаму во животот.На помладите се им е ова интересно и ново искуство но понатаму станува се потешко и потешко,последиците ние си ги сносуваме...немојте да бидете толку не паметни и секоја нека почне да мисли на себе а не прво на дечкото(зашто тој секогаш се менува и секој нов бара нешто ново), и зголемете си ја самодовербата со тоа што ке мора да научите да кажете НЕ на некои работи и авантури..јас незнам како можете во кола да имате секс тоа е нај нај нај прљавото место што може да постои уффф..гад ми е само на помислата..мора да се свестите еејј жении,поттикнете се еден на друг ,разговарајте со другарки за сите работи во иднина..најважно е СЕБЕ!!!!
Вака.. Правев тест 17 дена после незаштитениот однос, и искочи негативен, на него пишѕваше дека не мора да се прави со прва мокрача, значи нагласено беше, и го направив мислам дека втора ми беше во денот, ама исто сабајлечки беше... и сеа уште неам добиено ми касни веќе 8 дена, можно ли е тестот да лаже? И да кажам дека мене скоро никогаш не ми е редовна, ама во последно време по помалку ми касни, 1 недела највеќе... а сега се надмина тоа
Лижалке, можеби ти касни од нервоза. Во секој случај мој совет ти е утре сабајле веднаш во аптека. Купи си уште еден тест за сигурно. Двапати не би требало тестот да лаже. И опушти се малку, (иако знам дека лесно е да се каже а тешко да се примени), ама знај дека за се има решение.
Утре обавезно ке одам, леле многу ми е страв од резултатот А да ве прашам уште нешто, има ли некој што има правено тест шур чек за да ми каже тоа што треба да се повлече за да се види резултатот, дали треба да с еповлече одма после капнувањето на мокрачата или после поминати 5 мин? или нема врска?
Сигурна сум дека пак ќе е негативен. Стресот прави чуда со менструацијата. Опушти се и ќе биде се во ред. Не се “фаќа“ толку лесно
Нема врска Лижалке, кога сакаш повлечи го, исто ти е. И јас го имам правено тој тест неколку пати, и досега се покажал точен. Во секој случај, мислам дека не си бремена, затоа што ако беше, уште првиот тест ќе беше позитивен - си го направила после доволно долго време. Ама ако навистина сакаш да бидеш сигурна, ете направи уште еден тест - па ќе видиш, а верувам - и тој ќе биде негативен. А ако ниту тоа не те смири, ќе одиш на гинеколог и ќе знаеш за сигурно.
Не грижи се за џабе, така уште повеќе стресови си задаваш и ја одлагаш менструацијата. Денес тест, и извести не што биднало.
имав менструација ми беше последен ден значи при завршување...но јас имав симптоми по мое мислам на бремена..ми се лошеше,жештини ме фатија...и на крај се онесвестив ме носеја брза помош ,но таму само притисокот ми го измерија и ми беше во ред. После тоа еве сеуште ми е така постојано ме боли главата...ми се лоши,а имам односи една цела година без кондом,но никогаш тој не свршил во мене.Есега или сум бремена или со мене нешто не е во ред?
Најдобро да си направиш целосен систематски преглед, не верувам дека си бремена. Може нешто друго да е во прашање, ама тоа ќе си го откриеш со подетален преглед, или барем детална крвна слика да направиш. Колку толку тоа ќе ти покаже што не е во ред.
И јас не верувам дека си бремена. Се согласувам со Аннат за деталниот преглед на крвната слика и воопшто, систематски преглед.
Девојки направив тест и искочи негативен, го направив со прва мокрача, иако пишува дека не мора, не е битно со која.. многу ми олесна... Фала што ме подржувавте
devojki mozno li e da mi docni veke 2 nedeli a da ne sum bremena?pravev veke 2pati test i 2pati iskoci negativen a jas seuste ne dobiv stvarno sum zbuneta se ima li deseno vakvo nesto na nekoja??
^^^ може имаш проблеми со јајниците. ако не ти е позитивен тестот тоа значи дека не си бремена. посети гинеколог, тоа е најдобро што можам да ти го кажам може станува збор за полицистични јајници, или било што мислам дека таму најдобро ќе ти кажат има милион причини зошто може да ти доцни. но не кревај парика секое зошто има затоа и за се бар во 21 век има решение
pa da imam policisticni jajnici uste od mala no nikogas do sega ne mi docnelo volku mn se slucuvalo po 2-3 dena no ova e premnogu