Imam slusano deka moze da dobivas a sepak da si bremena..ili mozebi se lazam...No nadezta posledna umira....
Ако ти служи за утеха, познавам девојче што првите пет месеци добивала, не баш толку обилно како менструација, но пак по 2-3 дена. Ама пак за да си бидеш најсигурна направи си тест, затоа што и не е убаво да се надеваш многу и на крај разочарувањето ќе биде поболно. Ти држам среќа да добиеш радосна вест
Mene mi doagase redovno tocno kako svajcarsi saat...i koga pocna da mi docne i toa 7 dena...ne se malku rekov gotovo e...no??????Ne e obilno,no sepak krvaram...i mn cudni simptomi imav prethodno isto ko bremena da sum....so kiselini vo zeludnik,so bolki vo bubrezi,so racete i venite po niv..no dobiv...se mi se slucuva za vikendi.....vo ponedelnik odam na lekar
Здраво, нова сум на форумов. Незнам дали овде е прикладно место за моето прашање што го имам, па ако не е за тука ги замолувам модераторите да го преместат во соодветна тема.. Ме интересира, кој е најдобар период од месецот да се има секс? Како што сум читала, најверојатно заклучив дека плодните денови се у средина на месецот..али пак појма си немам.. Така да ако има некој поискусен би замолила ако може да ми одговори..нешто..посочи. Фала однапред
ако ти е редовен циклусот можеш да пресметаш плодни - неплодни денови.Но кај секоја жена е различно се зависи од цуклисот Еве пример ке ти кажам по мене , мене секогаш цуклусот ми почнува п о35 или 40 дена кога како но секој месец ми доаѓа. И кога останав бремена останав баш во неплодни денови така да според мене е многу тешко да се пресметува и да ти кажам не се ни замарам веке со тоа ако сакаш да се заштитиш најубаво користете си кондом и ни глава да те боли потоа од доценење (нели освен ако не сакаш бебе ) Спојлер А за пресметување имаш на форумов на главната страна како да пресметаш плодни и неплодни денови
moze li da mi kazete kolkavi se saansite da ostanes trudna ako ne svrsi vo tebe.i imam redovno odnosi bez kondom...i mi kasni veke 2 ipol nedeli ili moze da e do psihata poso samo na toa mislam opsednata sum...fala odnapred
Формула за пресметување на ризик од бременост-нема. Ама, со самиот факт што си имала незаштитен однос, ризикот се зголемува. Две недели не се малце....Најдобро да направиш веднаш тест за бременост. Ти посакувам резултатот да ги исполни твоите очекувања, какви и да се...
Ако не свирши во тебе шансите се нула.. Добро 0.5 заради предсемената течност, ама тоа се случува во многу ретки случаеви, така да без многу паника. Секако дека е можно да ти касни од психа, ако мислиш само на тоа, и еве за да си бидеш сигурна направи си тест, штом две ипол недели ти касни. Ќе си бидеш и ти помирна, ама јас пак ќе кажам ако НЕ свршил во тебе, многу мали шанси, скоро никакви.
Налетав на еден текст мнооогу соодветен за темава, па еве малку да поднаучиме: Може ли да се забремени за време на менструација? Можеби некои ќе се зачудат, но ова прашање “Може ли да се забремении за време на менструација?” е многу често поставувано. Одговорот е накратко: да! остатокот во спојлер Спојлер Не постои период во месецот кога може во потполност да бидете сигурни дека е време за незаштитен секс. Пред да почнеме да ги објаснуваме причините заради кои може да се забремени за време на менструација, корисно е да се знае како воопшто доаѓа до бременост. Кога женското тело ќе доживее овулација, сперматозоидите може да ја оплодат јајце клетката, што ќе резултира со бременост. Ѕидот на материцата се здебелува и е подготвен да ја вгнезди оплодената јајце клетка. Доколку не дојде до оплодување, нивото на естроген и прогестерон се намалува, а задебележниот ѕид на материцата се лупи, при што доаѓа до менструално крварење. Шансите да забремените за време на менструација се помали отколку во другиот период од циклусот, но сеедно, тоа е можно. Еве зошто: Вашата менструација не е секогаш иста: жените имаат многу различни менструални циклуси и многу од нив имаат крварење меѓу циклусот. Стресот, болестите и други состојби може да предизвикаат крварењето да изостане, или да крварите, а тоа да не биде менструален циклус, па е многу тешко да ги пресметате плодните и неплодните денови. Овулацијата не може точно да се определи: жените овулираат 12-16 денови пред менструација, но тоа може да се случи и порано и подоцна. Освен тоа жените на кои менструацијата потполно им изостанува заради доење, менопауза, некоја болест, или заради пиење на некои лекови, може да имаат потполно непредвидлива овулација. Сперматозоидите живеат подолго: Истражувањата покажаа дека сперматозоидите во телото може да преживеат и до 7 дена, иако просечниот век им е 3-4 дена. Бременоста може да се случи за време на менструација, заради тоа што сперматозоидите може да останат во телото неколку денови, а Вам да Ви се случи да овулирате набрзо по менструацијата. Ако сакате да се заштитите од несакана бременост, паметно е да користите некој вид контрацепција секогаш кога имате полови односи.
Почекај уште неколку дена, има еден тест Селф Клеар се прави 8 дена по однос, почекај уште 3 дена дена барем па направи го,а ама за најсигурно треба да почекаш барем уште 7 дена.
Вака, јас до пред некое време мислев дека надвор од телото веднаш умираат сперматозоидите... ама се случи нешто и сега ми доцни 3 дена (не се плашам многу затоа што немам баш редовен циклус) Инаку сакав да ве прашам дали може да се забремени од извалкани прсти со сперма ставени внатре ?
Со дечко ми сме заедно скоро 5 години и секогаш имаме односи прво минута-две без кондом, па потоа ставаме. Менструација ми доаѓа секогаш неколку дена подоцна од претходниот месец. Имавме односи како и секогаш, прво без кондом, многу кратко време, па потоа ставивме и тој сврши во мене, но потоа го проверивме и се беше во ред. Минатиот месец добив на 13ти, а сега уште немам добиено. Ми доцни веќе 9 дена (што ми се случувало и порано), но не знам зошто сега сум некако вознемирена. Немам никакви симптоми, само стомакот во долниот дел ми е како подуван... Инаку, изминатиов период имав колоквиуми, некои стресни моменти... Може и да е до тоа. Некој совет, утеха...?
^ Совет: купи си тест за бременост и направи го уште денес. Ако излезат 2 цртки: со среќа нека е! Ако не излезат 2 цртки - имаш здравствен проблем, правец на гинеколог. Всушност и во двата случаи: правец на гинеколог!
Девојки, ајде вака да ја расчистиме дилемата- Тест за бременост може да се направи после 2 недели од односот и да покаже точни резултати или треба да се почека ако касни менструацијата? Прашувам зашто бев на гинеколог и ми рече дека најсигурно е ако ти касни, па тогаш да се направи... Има ли некој што му бил позитивен тестот после 2 недели од односот ?
мој совет , после секоја партија секс партнерот обавезно да иде на мочајње, бидејќи дел од спермата секогаш останува во цевчињата , мислам во каналот за сперма и во наредниот однос многу лесно ако не користите кондом може да ви влезе во матката , и да останете бремени
вака..со мојот дечко имавме односи со кондом и тој вика дека пред да сврши секогаш се трга од мене.. пред воопшто да имам односи имав нередовен менструален циклус но после тоа 2 месеци ми идеше редовно, но ете сега 2 дена ми касни, а ми се лоши,ми се врти,ме боли стомакот и полојната.Но овие дена бев и под мн голем стес..Да стресот е причината или пак можно е да сум бременаа..?
ако е точно тоа што го велиш имате заштитен однос и дека и со кондом не е свршил во тебе нема причина да се грижиш тоа ти е од стресот што си го претрпела.