Обавезно да направиш тест за бременост. Поминати се 35 дена од твојата последна менструација и тоа е доволен период за тестот да покаже точен резултат.
девојки знам дека е глупаво но во паника сум..невина сум и дечко ми проба да ме скине, осетив болка но незнам дали сум сеуште невина или не :/ и уште нешто немаше кондом а тоа се случи на плодни денови,незнам дали сум невина.. можно ли е да сум бремена?
Имам прашањее до вас девојкииии,пред 5 дена имав незаштитен однос во плодни деновии не сврши во мене ама па по половина час може и повеќе имавме пак однос и пак не сврши во мене,веќе 2 дена осеќам болка во долниот дел во стомакот а пред малку кога бев во вц малце и розево што треба да значи тоаа ве молаам некој да ми кажи доколку го имала истиов проблем ве молааам многу ми е важноо,фала однапред
тоа значи дека треба пазење ,а тоа што не свршил во тебе незначи дека не си бремена,свршил не во тебе и пак сте имале односи,можеби нешто е останало во него а вие сте продолжиле,значи тест и да се провериш и памет во глава за друг пат за да не думкате деца уште сега
Мнооогу се мали шансите, значи ептен мали, но имаш ги... Колку длабоко влезе пенисот во тебе? Незнам како може да незнаеш дали си скината... Ако не ти, тој сигурно осетил...
imavme analen sex so zenska mi jas svrsiv vnatre posle taa otide do wc se izbrisa ima li prostor za panika
Минатиот пат ми каснеше цела недела и паника дигнав и кажав на мајка ми, ми купи тест таа и немаше ништо, но овој пат ми касни веќе 10 дена не сакам да ги вознемирувам па, со дечко ми минатиот месец имавме само 2 пати незаштитени односи, но се убаво си сврши надвор како и секогаш до сега, не направивме никаква глупост, срам ми е да си земам тест мал град сме сите ме познаваат, млада сум уште, луѓето толку се озборувачи одма ке ми се извадат муабети. И незнам што да правам...
Речи му на дечко ти нека купи тест, 10 дена не се малку, пресметај дали си била во плодни денови кога сте имале односи, можеби пак нема ништо да има, не се секирај толку многу, ретко се останува така бремена.
МОжи да е само стрес , се случува но доколку сакаш да си посигурна земи си тест, а имаш симптоми пред да ти дојди нешто ?
Обично ме боли мешето пред да ми дојде, но немам никакви симптони ни на доаѓање на менструација ни на бременост, дечко ми е син на познат човек у градот, него па уште повеќе го познаваат, не знаете какви муабети ни имат вадено, мал е градот сите се познаваат, многу се нерврам ....
Некоја братучедка или нешто да пратиш... Или некоја другарка или другар... Ако не наидеш на разбирање кај нив, пак и кажи на мајка ти, не се малку 10 дена...
Еве сабајле отидов сама си купив, многу ми е гајле, јас да не си се нервирам, па што сака нека биди. Направив еден ама беше негативен. Купив два теста, затоа што знам дека од првата утринска мокрача треба а јас од втората... Друго ги купив од 50 денара коа видов кинески.... Сега ако и тој утре ми покаже негативен да купувам ли некој по асален, поскап или и тие се валидни...?
Валидни се, што се секираш. Чим 2 теста се покажале негативни, негативни се. Јас го препорачувам Sure chek, јас барем овој го имам купувано.
Не знам дали јас претерувам ама тука на мене ми се бледее втората линија... Ве молам нека ми каже некој побргу, и каде можам да одам да ми земат крв, да знам за сигурно, овоа исчекување ме уби... Може сега на камерата не се гледа ногу....... леле ке се шекнам
мене ова ми изгледа на позитивен тест колку и да е бледа втората линија стом ја има знаЧи дека си бремена но сеусте е мала бременоста Честитки