Феминки ве молам за совет..пред неколку дена имав односи со дечкото без заштита.Не бев во плодни денови.Сврши во мене и на пола "работа" се тргна. Колкави се можностите да останам бремена? Инаку треба да добијам дури некаде на 23.. не ми се чека до тогаш.. а за тестот имам слушнато требало да помине една недела за да си проверам .. што мислите вие
Првите денови по завршувањето на менструацијата не спаѓаат во плодни денови, но не кажав дека неможе да се остане бремена. Само во плодните денови шансите се поголеми. Од се тоа што го имам читано бремена може да се остане и за време на менструација. Кај секој е тоа различно. Така да обавезно заштита и голема претпазливост позз
Еве јас од искуство ви кажаувам со добра намера Спаѓале во плодни или не ,два пати во "неплодни" останав бремена
Сфаќаме што сакаш да ни кажеш, секако Се останува бремена и во плодни и во „неплодни“. Ти кажувам само дека не беше прашањето ДАЛИ се останува бремена,туку дали тие денови се „плодни“. Тоа беше муабетот. Инаку да, во право си за тоа, сите денови се „плодни“.
Никој со сигурност неможе да утврди кои денови се плодни, а кои не. Значи тоа може да се утврди само на гинеколог со следење на фоликулите. Затоа и СимонаТино ве предупреди да не си играте играчки па да чувате деца непланирано, или да си ја поминете младоста абортирајќи по којзнае колку пати. Такво пазење не доаѓа во предвид.
Па да. Затоа и кажав дека SimonaTino е во право во врска со тоа дека не треба да се гледа плодни/неплодни туку дека може да се забремени и тогаш и тогаш.
здраво прв пат пишувам и сакам да ве прасам несто ...со дечко ми имаме редовно односи долго време сме заедно..но односите ни се без заштита..пред некој ден имавме секс и а сврши ептен малку (само 10 %) во мене и потоа се тргна...не сум многу јас запознаена со овие работи ако можи некој да ми кажи дали од само толку можи да се остани бремена??... :/
Доволен е 1 спрематозоид за да се забремени па сеа види ти дали тоа ептен малку е ризично. АКо не сакаш да останеш бремена не треба ни 1 посто да сврши во тебе а не па малку односно 10%.
А како тоа измеривте колку посто свршил Дечкиии беее Сега сериозно , да може да останеш бремена , може и не , може и 100 % да сврши во тебе и пак да не останеп трудна , може и да не сврши во тебе па да останеш трудна .. Зачнувањето не е проста математика има многу непознати , ама сепак има нешто многу ефективно -презерватив , ако се плашите дека ќе пукне , нека не свршува во вас , така шансата за забременување е еднаква на нула .. Значи пул оут плус кондом и ќе спиете мирно . А другите дилеми можат да се разрешат само со тест за бременост ..
кога се вратив дома имав малку крв...и сигурно не е цела работа само од неговото свршвање.. :/ има нешто и во мене..а како ако не ми се плодни денови...неможи цела работа да е само до неговото едно сперматозоидче... :/ :/ :/
da recime mozi malku ne se sigurno 10 %...onaka velam...znaci ne bese niiss namerno...nejkime dvata niss ve prasav samo...
Без паники , прво ќе почекаш да ти дојде , ако ти касни , ќе земеш тест за бременост А не го разбирам делот со крвта ? Не е тоа од свршувањето .. Ако скоро си загубила невиност ,можно е да има мали крварења и после неколку односи ..
a tie apcinjata so se piat posle odnosi kolku se efikasni ...i od p;rilikaa kolku pari se da ne znaj nekoj ))
дечки многу ми е страв .... последен пат имав добиено на 31.07 на 25 ден добив ми траеше 5-6 дена имав незаштитен однос на 27,08 не сврши у мене ии после на 30,08 со кондом ама пак ми е страв :/ по моја логика требаше на 29 да добијам ии како шо рачунам ми касни 4 дена ... поздрав фала однапред
Ти спаѓаш у медицинско чудо девојче! Бравос две цури останаа трудни од мене а никад не сме се ни запознале.....
Ај не се правете многу паметни! Какво медицинско чудо? СимонаТино не е ни прв ни последен таков случај. Генерално плодните денови и овулацијата се околу 14 ден, но на ова не треба никој да се потпре. Зошто? Бидејќи некои жени имаат редовен циклус (28 дена) други добиваат на 2-3 месеци. Како во вториот случај ќе ги пресметаш плодните денови? Бреее паметњаковци на форумов колку сакаш. Ем живи неинформирани ем веднаш рипаат да искритикуваат. Има жени на кои плодните денови им се дури и за време на менструација и не би да се објаснувам повеќе. Кој не сака да чува бебе, нека се пази и нека не се раководи по шеми и табели за плодни/неплодни денови. Секој организам е различен!
Касно ти е веке за тие апчиња бидејки тие се пијат намногу до 72 часа после ризичниот однос,но колку порано ги испиеш толку се поефикасни. Се викаат Норлево и ги има во аптеките ако не се лажам коштаат околу 500ден. (ако грешам нека ме поправат)