Девојки ме мачи еден проблем. Последен пат кога имав однос со дечко ми беше на 1 одтогаш до сеа има поминато една недела. Тогаш имавме незаштитен однос, но бидејќи јас бев одозгора мислам дека јас не станав на време од него... До менструацијата имам уште 11 дена, но градиве веќе почнаа ненормално да ме болат, а како што читав тоа е и симптом. Прашањето ми е дали симптомите можат да почнат да се појавуваат и пред меструацијата во случај како мојов? Ви Благодарам!
Jас како што знам, ПРЕМНОГУ е рано да почнат да ти се појавуваат симптоми за бременост. Сепак поминала само една недела од односот..
последниот циклус и беше на 14 август , тогаш и дојде на 25 ден зависи и доаѓа од 25-28 ден тогаш и траеше 4 дена но веќе на 3 ден се исипа имаше ранички и неможеше дури ни во вц да оди , е сега од тогаш натаму имавме са,о 3-4 пати односи првата без кондом после со кондом сега и е 29 ден и доцни освен градите да ја болат и стомакот на моменти така други симптоми нема можно ли е да е бремена
^ Не мора да значи дека е бремена, може и доцни ден-два поради стрес, нервоза, промена на клима, претходна некоја инфекција можеби што ја имала и сл. Ако не си свршил ти во неа нема шанси да е. Е сега, ако си свршил во неа тогаш постои можност. Така да, нека почека уште некој ден. И ќе ви препорачам едно нешто, доколку не сакате да се притресувате насекое вака би ви рекла да си користите заштита или убаво да си се пазите.
да таа имаше инфекција што едвај ја излечи долу беше страшно неможеше ни во вц да оди од што ја печеше , се беше со ранички и плус и се врати кандидата што пред тоа едвај ја излечи а свршување внатре не е имало така да ке почекаме уште некој ден па ке видиме а за нареден пат веќе нема да има стресови кондом и мирна глава
го потпишувам секој збор од твојот пост. Секоја чест. Девојки сватете, не постои 100% заштита од бременост освен апстиненцијата. Стапувањето во сексуални односи со себе носи огромна одговорност, пред се од несакана бременост и од сексуално преносливи болести. Доколку не се користи заштита ( орална или механичка) шансите за бременост се ОГРОМНИ ма колку и да пазите. Убаво напиша Cka кога веќе сте се осеќале способни и зрели да стапите во сексуални односи со дечкото бидете совесни кон своето здравје, одете на гинеколог, ако соменвате на бременост купи тест, не пишувајте овде небулозни прашања. Јас не знам како администратотите на форумов дозволиле да ма воопшто ваква тема!! Објаснувањата како ви поминал ризичниот однос се крајно гнасни. Па не е форумов кристална кугла па да ви каже дали сте бремена или не сте!!!
Или да се преименува темата... како што има „Морална поддршка за забременување/слабеење“ и ова нека биде „Морална поддршка и утеха по ризичен секс. однос и доцнење на циклус“. Ако веќе толку има потреба од темава а 6487те мислења укажуваат дека има.
И која ќе биде поентата, опнете се деца, манете заштита, сексуално образование и слично па уклучете се на форум да ве тешиме..
Поента нема, потреба очигледно има, а и посетеноста и активноста на форумот ја зголемуваат (особено кога веќе им касни). Поента па и корист за некого сем утеха за нешто што било и не може да го врати и назад и/или виртуелен шамар за враќање у реалност на оваа тема, јоктур. Jaс сум сепак да остане со модифициран наслов да не се упропастат другите теми со вакви муабети.
Е така најубаво значи заштита и мирна глава, да не дојде до вакви работи до стресови. Значи пазете се вие, уживајте, имајте си односи и се. Нели викаат поубаво било без кондом, да точно, но барем нема да се стресувате вака. И додека не помине убаво некоја инфекција, еве пример кандидата, обидете се двајцата да се воздржите додека помине, зошто вака ја имала па ја излечила па пак ја добила... не бива. И ти може да си пренесеш некоја инфекција. Затоа заштита.
Ме интересира дали некој знае кога најрано би можеле да се појават болки во половината за време на бременост инаку јас сум во втора недела и се сомневам дека сум бремена па не верувам дека ми е од тоа но сепак да си прашам ако може некој да мо даде таква информација
Две недели ти касни и уште тест не си купила? Не знам дали и кога боли половина од бременост. Не знам дали си тругна, исто така.
Мене ми треба мислење од поискусните па затоа ке ме замолам за помош. Вака сега,со дечко ми имавме незаштитен однос пред точно 3 недели.Тој не сврши во мене,а менструацијата ми дојде редовно како што требаше да дојде.Немам сикакви симптоми што ке укажуваат на бременост,но сепак мислите постојано ми ја заморуваат главата.Сакам да прашам дали мислете дека постојат шанси за бременост?
Ако немаш симптоми и менструацијаа ти е редовна мислм дека нема место за паника...и јас така си имам сугестии но со причина а и плус не свршил во тебе неели?
devojki minatiot mesec imav dva pati menstruacija a sega seuste nemam dali e mozno od toa da e sto imav dva pati minatiot mesec ili inace imam 14 god
2 пати во месец може да си добила и од нервоза, стресови, иако млада си да се нервираш . На тие години има доста случаеви за нередовна менструација, па може и до тоа е