едно прашање во врска со контрацептивните пилули , овој месец пиеше норлеово и дојде циклусот и завшри е сега дали ке може да почне да ги пие таблетите ??
Може да ги пие, ама не на своја рака, нека си се консултира со гинеколог прво. А ако не сум грешка ти веќе имаш барано совет за Норлевото, добро бе, место бонбончиња ѝ ги даваш?
Колку дена може да касни од стрес? знам дека е индивидуално ова ама сакам да слушнам други мислења за да се споредам со нив
беше на гинеколог и зема крв и и рече дека може да почне да ги пие денес првото го испи , и дотична Lovely93 побарав само мислење немора толку длабоко да навлегуваш и да објаснуваш !
Ааааа, се извинувам дотичен дечко, јас само сакав да помогнам бидејќи Норлевото не смеат да се пијат повеќе од два пати годишно. Веќе ништо не ти објаснувам. Поздрав.
Ааааа, се извинувам дотичен дечко, јас само сакав да помогнам бидејќи Норлевото не смеат да се пијат повеќе од два пати годишно. Веќе ништо не ти објаснувам. Поздрав. [/quote] очигледно не ме свати што сакав да ти кажам а ни мојов пост..едно беше во врска со норлеово..ова е прашање за контрацептивни пилули
Мене веќе една недела ми доцни, до сега, поради тоа што многу бев под стрес изминатиов период. Земи опушти се малку. Ако си имала ризичен однос и ако се плашиш од бременост, направи тест, ќе се смириш психички барем, ќе знаеш на што си. Направи си нешто чајче, опушти се.
Zdravo posle prviot odnos mi kasnese okulu 2 nedeli potoa mi dojde menstruacija mi traeshe edna nedela dali sepak e mozno da sum bremena toa me plashi mnogu ve molam za sovet pozz
Девојки,дали можам да останам бремена од предсемена течност,преку гаќи,без пенетрација,со триење,но бев премногу навлажнета,значи гаќичките ми беа водени ептен.Инаку сеуште не сум дефлорирана (невина сум).
Не се секирај, нема шанси да си бремена штом си добила. Речиси на сите девојки им доцни првата менструација после првиот однос, тоа е голема промена за твојот организам, нормално е.
И јас и дечко ми сме 99% сигурни дека ништо не сме направиле ама ме фати страв дека требаше да добијам пред 5 дена и вчера повраќав. Ама од друга страна па сум со стресови со учење, по дома, некако периодов ми е таков, плус ова под стрес дека ми касни. Сега ќе пробам да се опуштам некако со купка, па утре ќе земам тест да видам што е работава. Искрено се надевам дека не е ништо Фала на советот
Здраво девојки, нова сум во форумов иако често сум читала и конечно да се регистрирам. Сакав да прашам ваше мислење... сношти со дечкоми имавме секс без заштита и тој сврши во мене,а ми се плодни денови никогаш не ни се случило тоа во пет години но ете...наутро после неколку часа купов таблета ден потоа но.освен мала болка во стомакот и малку замор ништо др не чувствувам, како некои од вас што навеле крварење и сл. И сега, уште 17 дена до наредна менструација..дали Ке помогне таблетата или...
Ауу, ова не смеело да ви се случи доколку не планирате бременост, ама тоа е, биднало. Таблетата за ден потоа треба да делува ако се испие на време и после тоа обично треба да добиеш. Болката во стомакот може да значи и дека имало нешто пред да се напиеш таблета. Купи си за секој случај тест за бременост после една недела, ама таблетите се ефикасни, освен во многууу ретки случаеви. И внимавајте затоа што ако се напиеш повеќе од два пати во годината, може да настане хормонално пореметување.
Таблетата ја испив некоклу часа после тоа... се надевам ке делува. валда нема да сум малер до толку па прва грешка и бременост... фала за одговорот