Еве ти за норлево па читај и не досаѓај на секои пет минути. Имај трпение па пиши откако ќе добиеш. http://www.generika.ch/pdf/norlevo_flyer_kro.pdf Девојче мислеше на спирала да ти вградат, да не се збуниш сега па и за тоа. И убаво ти кажаа, ако не сакаш дете, мисли малку и едуцирај се.
Најтрагично е што многу девојки бременоста ја сметаат за најстрашно нешто што може да се случи и при тоа ризикуваат навистина да си предизвикаат здравствени или хормонални проблеми. Ти мислеше на спирала, ама не би ја препорачала на 20-годишна девојка која допрва треба да основа семејство, бидејќи сум чула дека може да има и несакани последици во врска со плодноста. Контрацепција може ако е препорачана од гинеколог, ама верувам дека и да пие пак би се сомневала дека е бремена. Ако си неедуциран, така ќе биде. На почеток на сексуалниот живот и да ти се случи да паничиш без причина, ама постојано.....
да да мислев на спирала.. до душа не се препорачливи ни тие контрацептивите и спиралата у право си за тоа.. а стално да се паничи.. тогаш мора да си најдеш некое чааре да не се плашиш од бременост.. па на крај краеве веќе кога си почнал со секс треба да бидеш спремен на се па дури и на бременост ако не се чуваш
Не знам дали сте слушнале или имале слично искуство...другарка ми остана бремена и бидејќи не беше спремна да чува дете, не сакаше да роди беше на гинеколог и и препишаа едни апчиња за да не мора да абортира (секако не се земаат на своја рака). Не знам како се викаа,го убиваат најверојатно плодот, таа беше прва или втора недела бремена. Јас сум само површно информирана, ако знае некој нешто или имал слично искуство може да сподели. BTW. знам дека забегав малце со инфово, ама гледам дека се креваат паники што јас не дека ги не ги разбирам, ама смирете се и прво тест купете, па ако треба и на гинеколог одете (ние пред компјутериве не можеме повеќе да помогнеме)
Не ги разбираш зошто немаш искуство,плодот со не проверени апчиња може да се уништи ама остава трајни последици, па кога ќе сакате да основате семејство останувате не дај боже стерилни. Ете затоа се вели оди на гинеколог, консултирајсе не своја рака не се зима ништо бидејќи се е штетно, ме разбираш? А другаркати се лаже ако мисли дека апчиња можат да го уништат плодот се доведува во животна опасност и себе и бременоста. Затоа постојат лекари за да се спречат понатамошните опасности и лекари.
колку морничаво и грешно го убиваат плодот цццц кое срце треба да го имаш за такво нешто да сториш .. шо човек треба да си ( дачи воопшто си човек )
Добро ако не сте информирани за нешто не значи дека не постои. Апчиња за абортус постојат веќе 10-тина па и повеќе години, се користат само за рана бременост, досега кај ниту една немало за последица стерилитет. Се користат исклучиво во болнички услови и под надзор на медицински персонал, не може на своја рака ниту да се купат ниту да се применат, познати се под името RU 486. И тие што абортираат поради тоа што се силувани или плодот е со деформација и тие не се луѓе??? Спирала ниеден гинеколог нема да стави на девојка која сеуште нема родено и е плус малолетна.
зборувам за лигави работи ... ( друг е случајот за деформација и слично) на една моја комшивка и имат ставено спирала од мнооооогу одамна кога била млада.. нема раѓано а има спирала бидејќи си работеше доста на случајот секс...
дури и кога немав односи, кога најмногу се случуваше да се драпаме и ќе ми задоцнеше се плашев, нотогаш беше друго, овој пат имаше сперма ... и се е поразлично и многу се плашам, што ако и покрај апчево не ми дојде, што да правам??/
Аман бе, ако си толку несигурна оди на гинеколог, па ќе ти каже самиот. Ние овде веќе навистина не знаеме што да ти кажеме, толку го отупе, што ќе помислиме дека не заебаваш или дека имаш 12 години.
Леле ај доста веќе. Ја преплави темава. Што ќе правиш? Ќе чекаш. Нема друго чаре. Или земи направи тест. Тоа е, нема веќе што друго да се каже. И јас сум во паника моментално, ама прашав два пати и крај. Не може некој на форум да ти каже што, како. Што можеше да се одговори и помогне, поназад во темата е. Сега на тебе е што ќе правиш.
Јас мислам дека е машко и дека нема другари, па мисли дека се заебава со женски на форум. Драпање, "скршување" на кондом, апче за ден потоа, убивање на бебе со секс (ако ви текнува на капките крв), сето тоа укажува дека се работи за заебанција, не ми се верува дека тоа е навистина девојка од 20 години а толку неинформирана, да не кажам глупава.
ај аман глупости, да не бев во ваква состојба, верувај ми немаше воопшто да пишам овде, сум била машко, сум била ова- она. најсериозно мака си имам
Е кај се видело и чуло од драпање некоја да остане бремена??? Цело време читам што пишуваш и уште малку фали да помислам дека не зезаш на големо, а веќе Lovely93 и the.one ти нагласија дека претера... Мислам во ред е да прашаш за некој совет, тие што ја читаат темата и мислат дека можат да помогнат- ќе ти вратат, ама ти претера, што е многу- многу е, ние тука сепак не сме видовити...
Каква мака бе девојче, колкави ти се шансите за на бременост и без свршување и со испиено апче? Те молам, не сме од вчера. Јас и ти би требало да сме врснички ако е реална твојата возраст, жалосно е ако не си ни пола информирана од мене на овие твои 20 години.
Дефинитивно немаш 20 години... Ама дај ти се молам, до толку да не си информирана после колку дена се прави тест, си се секирала дека ти доцни а сте се драпале, си испила хормонско апче кое знаеш дека е за "ден потоа" и немаш идеја што понатаму....
И да не е машко, 20 години нема, глава сечам. Не верувам ни дека е се ова вистина, а ако е, тогаш се работи за збунета тинејџерка. Ако престанеме да обрнуваме внимание, сигурно ќе се откаже. Но не верувам дека испила апче, а е толку крајно неинформирана.