Тој не ме ни праша дали јас сакам да сврши во мене туку одпосле на свршен чин ми рече дека свршил, инаку нормално дека не би сакала уште на 17 години да менувам пелени или нешто слично, свесна сум за тоа дека имам уште многу фурни леб за јадење за да стигнам до мажачка и деца да гледам. Многу ви благодарам за советите. Ве сакам
Дали имаш редовни менструации и дали кога имавте односи сврши во тебе(кое немора да биде правило за да не си бремена)?
Да да менструацијата ми е многу редовна,ретко да се случи да касни 1,2 дена,но тоа е ништо. Но не знам зошто дечко ми се шегуваше со мене демек свршил во мене,а потоа ми вели не не се шегував.Ме замисли зошто мислам дека сакаше да ми ја види реакцијата,а и плус ме прашуваше дали сакам да сврши во мене?Тој се шегуваше,но мене ете ми доцни веќе цела недела.Реков симптоми само малку потечени гради и многу зголемено бело прање,премногу,а и апетитот многу ми се отвори,незнам ни самата зошто,се поправив веќе 1 кило,а ништо не јадев пред тоа.Не знам мислам дека ако бев бремена до сега ќе се истурев од повраќање. Сепак да почекам неделава,па да направам тест и можеби да го израдувам.
Мене ме интересира, сум чула за почесто мокрење во бременоста, но дали тоа само кога бебето веќе притиска на бешиката или може да биде и симптом на бременост? Ама не лажни нагони, туку навистина да мокриш без да пиеш многу течности. Ова не е својствено за мене, а и ми доцни па да си прашам.
не мора да значи но мислам дека и може да биде,но можеби си преладена или воспаление некое.. хмм што знам друго
многу лошо се чувствувам......очекуваат од мене новинка а испадна мојата 17годишна сестра која наредниов месец полни 18години да ми рече МЕНЕ НЕ МИ Е ДОЈДЕНО УШТЕ .....јас се здрвив не за нешто друго туку многу ми е жал прво за неа зошто ронеше крокодилски солзи не сакала а не е по нејзина вина ова е од машката страна....од друга страна си викам баш ми е гајле што ќе речат за неа не е ни прва ни последна дечкои ја сака и цело време е со неа решен е да дојде и кај моите да разговараат за уште една година средно ке си го земе вонредно.....но мојата мајка многу е загрижена не сме во можност да направиме свадба за толку кратко време а за абортус сите сме против почнувајќи од сестрами. тестот излезе позитивен со многу многу јасни две црти....утре е на доктор па да видиме што тој ке кажи...си викаме можда е фоликул заглавен пошто докторот рече можно е и тоа и со тоа се добива позитивен тест но не верувам олку јасни црвени две црти.....дајте ми некој совет само им давам утеха да не се грижат се ке биде ок така требало да е и сл. но во мене ке пукнам...многу ми е лошо се извинувам ако не ја погодив темата не знаев каде да напишам...
Да, но од преладеност имаш или печење или лажни нагони за мокрење, а јас имам што да мокрам и тоа доста, а не сум пиела денес ништо. Водолија, не се замарај со такви работи, дали очекувале од тебе или од неа, тоа нема правило и сите знаеме. Не не прашува тоа за години. Братучетка на дечко ми се омажи на неполни 19 години и кај и да е ќе се породи, а сите очекуваа брат ѝ да се жени бидејќи е во 5-6 годишна врска. Знам дека надежта последна умира, меѓутоа фоликул не верувам дека е, бремена е. Што и да одлучите ви посакувам многу среќа, но штом таа не сака да абортира и навистина се сакаат со дечкото, мислам дека не треба да абортира. Свадбата најмал проблем, не мора ни да ја има доколку тоа не им пречи на младите. Мој совет не им се мешајте во одлуката.
lovely93 благодарам за твојот совет...... не дека и се мешаме во одлуката нас најбитно ни е што таа е со дечкото и ни таа ни ние сите не сакаме да абортира...за мислењето за свадба потполно те поддржувам не мора ни да ја има.....од една страна се радувам што ке станам тетка а од друга тешко ми е не можам да ја замислам таа за нас е најмала не спремна не знам како да се изразам макар што сите велат Господ си дава сила без разлика колку години има....како и да е фала ти
Toa sto sestrati e bremena e golem blagoslov bebeto sakaat da se zadrze se sakat so.deckoto i ,i ke se zemat...svadbata ne ni mora da ja ima..i ubavo od vas so ja podrzuvate..toa sto e mala ne e voopsto problem.bremenosta i majcinstvoto i te kako ke ja promenat i porasnat..ke razmisluva zrelo i odgovorna ke bide.a tebe bi ti preporacala trpenie spasenie se ke dojde na mesto i kaj tebe ke se pojavi bebus koga najmalku ocekuvas.ednostavno ne odat rabotite kako so nie sakane tuku kako so e voljata na Gospod.jas ti posakuvam so pobrzo da si gi vides dvrte crtki i ti da se raduvas..ne se otkazuvaj i nijogas.ne gubi nadez..koga najmalku ke ocekuvas togas ke bide.pozdravce..se itv za lat od mob sum.
Имам редовно односи, ама немам редовна менструација. Неможам ни плодни ни неплодни денови да си одредам... Со дечко ми најчесто имаме незаштитени односи, до сега ниеднаш нема свршено во мене. Првиот пат значи исто ми беше без кондом. Е сега мене ме буни предсемената течност..дали може од неа некои компликации да настанат. Друга работа претходниот месец значи јануари не знам дали уопште ми е дојдело или ми е било крварење уште од првио однос, затоа што немав ги истите симптоми на менструација како шо ги имав претходно.И овие денови паничам како ненормална, цело време се гледам во стомакот и се осеќам издуено, друго ништо не ми е.
девојче јас ништо не те разбрав мн си конфузна...ај објасни конкретно што е ситуацијата какви компликации?? од кога тоа имаш редовен однос?? како може да не разликуваш менструација од такво крварење...? што 5 дена да не си крварела после прв однос?!
Епа штом сакате без кондом, не знам што очекувате да биде. Да може да останеш бремена од предсемена течност. И таа е единствената компликација што може да ти се случи. Земи си тест за бременост и ќе видиш. Баш денес земав јас. Нема срам за тоа И правец на гинеколог. Не е убаво тоа што ти е нередовна менструацијата!
Нередовните менструални циклуси требало одамна да те загрижат и да посетиш гинеколог за нив. И не се потпирај на плодни и неплодни денови, и предсемена течност. Тоа воопшто не е сигурна опција. Не знам како можете вака со мирна глава да седите.
Доволно сте паметни да започнете со односи, ама да појдете на гинеколог претходно или веднаш по првиот однос, е за тоа не сте. И не, не е единствената компликација бременоста, некоја од девојкиве те советуваше дека е. Не знам колку го познаваш партнерот и колку си сигурна во неговото сексуално здравје, но имаш мал милион проблеми кои можат да настанат од незаштитени односи, бременоста е еден од нив. Како што си нашла начин да прашаш на форумов пребарај си за ППИ, полово преносливи инфекции, кои дечко ти на тебе и ти на него може да си ги пренесете. Нередовната менструација е многу сериозен проблем, со години се обидував да и објаснам на една пријателка безуспешно. И ојаснував дека полицистичните јајници не се толку лесен и решлив проблем ама нејзината докторка ја убедувала дека во моментот кога ќе сака да остане бремена ќе и даде апченца и за еден месец ќе се среди, мижи митро. После 5 години конечно ме послуша и отиде кај мојот гинеколог, и дијагностицираа многу лоша ситуација, цинови и триста проблеми, за на крај да рече зошто не те послушав. Дотогаш и она имаше незаштитени сексуални односи и си ги префрлаа со дечко и инфекциите константно, прво она кандида, па дечко и, па апстиненција еден период, па пак она и се така во недоглед. На крај и кондоми почнаа да користат, и менструацијата и се среди и еве ја сега чека бебенце, за две ипол години откако ја советував да иде кај мојот гинеколог. Така да со време фатете си ја работата девојки, не е баш така едноставно се
денеска се потврди бременоста на мојата сестра бевте во право....ми олесна на некој начин што сите разговараа меѓусебно и останавме сите со одлуката да се роди тоа бебенце па здравје боже за месец или два ке се означи нивната љубов со свршувачка со најблиските.....ви благодарам што ми посветивте малку внимание и ми дадовте некој совет сега се ќе си биде како што треба од пишаното не се бега....поздрав имајте пријатен ден
Со среќа и честито за одлуката, нека си има лесна и убава бременост. Ќе видиш дека е преубаво чувството да се биде тетка и секој ден ќе се радуваш што сте ѝ помогнале на сестра ти за правилната одлука, бидејќи поддршката значи најмногу. Поздрав и се најубаво.
Водолија не се секирај повеќе, се се средило, сестра ти ќе си оформи семејство иако млада тоа ќе и биде добар пат како да созрее и да стане одговорна и да се грижи за семејството како вие за неа досега. Ќе стане мајка-тоа е верувам нејпрекрасното чувство што може да се доживее плус заедно со саканиот да си го исчува. Сте и дале многу убав пример за поддршка и дека семејство треба секогаш да биде со неа- што и дава мн убав пример како да го воспитува утре и своето дете.. немај гајле, за тоа и сме тука
Јас и реков дека единствената компликација може да и биде бременоста. И немаше да и го речам тоа доколку фино лепо не напишала дека има редовно односи со дечко и и тоа без кондом. Мислам дека треба човек да е екстремно глупав за да има односи со некого без заштита доколку има и најмал сомнеж дека е носител на сексуално пренослива болест. Па бидејќи веројатно девојката е сигурна и до сега си имала односи без кондом, не верувам дека има место за грижи. Крај краева, таа прашува во тема "Дали сум бремена" и очигледно под компликации подразбира бременост!
срценце и на тебе фала за убавите зборови сега кога гледам дека повеќе од вас не подржаа за нашата одлука уште повеќе сум задоволна и смирена зошто согледувам дека сме постапиле правилно