Ние неколку пати се обидувавме без кондом да сврши мм во мене за да останам бремена па не се фати. Дури после 4 месеци се фати од неколку обиди. Ќе се сложат со мене повеќето кои се обидуваат да имаат дете, дека со "плукни залепи" така одма не се фаќа. Мал е процентот од "прва". Не си трудна не се секирај, може од промена на време, или некое мало пореметување на организмот од нервоза, стрес и тн. Ова сега што ќе го пишам не се однесува на тебе конкретно туку општо за сите. Значи ќе бидам офтопик. Толку многу ми тешко кога ќе видам вакви глупави прашања, дали, зошто, кога, ако би, кога би.... ЗОШТО? Затоа што не внимавате а ТРЕБА, затоа што не читате не се едуцирате, затоа што не е само колку да се напише и праша нешто ради-реда, затоа што треба да внимавате при секој сексуален однос доколку не сакате да останете бремени, да направите муабет да си седнете со некој повозрасен, да одите на испитувања и проверка кај гинеколог (ова за жените се однесува многу јасно), ете затоа. Ми паѓа тешко на душа кога ќе прочитам во темата "Поддршка за сите оние што сакаат да забременат" кога ќе прочитам после години и години како се обидуваат за бебуш не успеваат и си ги кажуваат маките. А кога ќе прочитам тука некоја глупост ми се крева косата в плафон, ми иде да се акнам од компјутер или работава "зини земјо голтни ме". Мислам навистина?! Не сте мали некои колку што ве читам, гледам имате доволно годинки за да знаете основни работи за сексот и забременувањето.
Сакам да прашам зошто веќе ми доцни 15 дена па и повеќе. НЕ прашувам дали ќе останам бремена или нешто така,но ме мачи.Со дечко ми имаме само петинг и орален ама сеуште не сме имале односи.Малку ми е страв не знам ,баш за тоа за прв ват да не се случи нешто и секогаш пазиме.А пак и не ме напиња околу тоа па и мене не ми е проблем иако со него сум во врска скоро година ипол.Можеби ми е време ,17 години имам, ама се плашам .Додека го правиме тоа многу пати свршил на мене. Од што може да ми доцни? Од една страна се плашам,додека од друга страна пак и не сум скината па да се плашам. Се мислам деновите да одам да се проверам на гинеколог ,како за прв пат ..Што мислите вие ?
Со дечко ми имавме секс пред две недели и секако со кондом и сепак сврши надвор..минатиот месец ми дојде на 15 а сега ни градиве не ме болат..немам никакви знаци :/
Од орален секс можи да се забремени,поарно не оди на гинеколог туку оди испитај си го желудникот да не имаш некоја дупка па со самото голтање на сперма да не ти забегало некое сперматозоидче во матката дирек самото да си се пикнало. 100% ти е тоа трк одма по лекари или купи си тест за бременост и друг пат да плукашш Редактирам,пази и низ папокот да не ти влези сперма ете нека ти кажат феминките многу од нив имаат така забременето,значи триење никако на голо и нека пази кај свршава,не можиш да бидиш сигурен во денешно време од кај се можиш да останиш бремена
Ти душо не треба да одиш на гинеколог (барем не сега за сега) после кога ќе си поактивна освен петинг и орален, Е ТОГАШ ДА треба да појдеш и гинекологот убаво да ти објасне некои работи. А најпрво што треба да направиш е да земеш некоја литература и УБАВО да си ја исчиташ да си се едуцираш убаво, наместо да се трилкаш со дечко ти прво ќе си прочиташ убаво дали може нешто да биде и дали со петинг или со орален ќе останеш бремена? Што мислиш МОЖЕ? КАКО БРЕ МОЖЕ???? Како прво имаш 17 години, ОК твое право е дали ќе имаш однос или не. Ниту јас ниту никој друг не може да ти каже што да правиш и што е најдобро, сепак не си мала да не размислуваш рационално. Можеш да си седнеш со некоја повозрасна личност и да ти објасне некои работи, доколку ти е срам, постои интернет отвори прогуглај, земи книга прочитај нешто. Не сакам да звучам лошо и остро, вие помладиве генерации растени со интернет, со секаква литература не знаете ли ништо од оваа работа? Со големо извинување за исклучоците. "Сакам да се е... , не сакам да ми влезе" муабетов. А тоа од што може да ти доцни е може од времето што е променливо, стрес, нервоза.... и ред други такви работи. Ако си прочитала и си се потрудила да прашаш некој повозрасен ќе знаеше дека ако сврши НА ТЕБЕ не се останува бремена, но ако сврши ВО ТЕБЕ без кондом ДА ИМА МОЖНОСТ. Јас знам дека ова е ФОРУМ и дека секој има право да си праша и пише што сака. Ќе ми изивните пак јас дека пишувам во темава не сакам да ја заклучат, но дајте ви се молам значи читајте, едуцирајте се не поради МЕНЕ или поради ДРУГИ некои, туку поради ВАС лично самите. Да си знаете да не ве прават е вака како "будали" некои неандерталеци.
Вчера имав незаштитен однос со дечко ми имавме 2 тури, вториот пат пред да сврши кога го извади од мене на пенисот имаше капка сперма, многу ми е страв да не свршил малце во мене, од вчера сум цела под стрест ми се лоши ми се повраќа не знам што да правам.. А не ми се плодни денови.. Можно ли е да сум бремена? И после колку дена можам да дознаам според симптоми или да купам тест за бременост? ве молам за помош
Значи АКО не прочитавте поубаво, пишав погоре НЕ прашувам дали сум бремена,но ме мачи.Проблемот ми е,ми нема дојдено веќе 15 дена.Можеби прашањето не е за тука,ама прво оваа тема ја отворив и пишав. Фала богу размислувам,знам дека нема сигурно да останам бремена,но проблемот ми беше дали е од нервоза,стрес до времево. Инаку фала за одговорите.
здраво на сите... сакам да ве прашам можеби е смешно не ете мене ме мачи и сакам неколку мислења ваш да слушнам... имавме односи со дечко ми не користевме презерватив и тој смета дека пред да го извади можеби прснало внатре и покрај тоа што сврши надвор од мене... но ме интересира дали и ако свршил малку или нз што може да забременам мн ми е страв некако ве молам за мислење
па можи се глупави да .... но секој со маката.. јас имам мое мислење но сакав да слушнам и други .. али гледам дека некој не сака да даде мислење.... тоа е нз дека и овај форум е за критики а не за да се поддржуваме и помагаме хх тнк
И еден сперматозоид е доволен ако сака да се фати. Но сепак тој може само си паничи. Факт е дека без заштита никогаш не си на чисто, останува да си почекате и да дознаете.
Девојкиииии ВЕЕ МОЛАМ помогнете ми (..вчера ми беше 5 ден од менструацијата т.е. последен и нормално имав малце крв..Со дечко ми имавме односи со кондом но на жалост кондомот се скина и тој сврши во мене Испаничив многу и после нецели 2 часа одприлика испив норлево И исто пред пет ипол месеци ни се случи ваква незгода и бев приморана да испијам норлева таблетка...Што мислите дали имам простор за паника?? Читам секакви статии дали може да се забремени на последниот ден од менструацијата,колку се ефективни таблеткиве СКРЕНАВ...ВЕ МОЛАМ кажете ми ваше мислење помогнете ми да се смирам малце хх...ви благодарам на сите однапред
Нема никаква врска тоа што си имала менструација. Може да забремениш и тогаш. Да си знаеш за друг пат. А сега мислам дека немаш опасност поради Норлевото. И бидете повеќе внимателни!
Последен пат имав секс на Нова Година (незаштитен ) и одма наредното утро добив менструација. Сеа овој месец требаше да добијам до 10ти најдоцна, секој месец ми доаѓа од 1ви до 10ти... но уште немам добиено. Можно ли е да сум забременила? Помагајте се изедов
Фала ти многу на одговорот Од секогаш сме пазеле али ето очигледно не доволно хх Стварно се надевам дека нема ништо бидејќи имам 19 години имам факултет пред мене бебенце не ми е баш во план Мене ми е страв бидејќи имам пиено веќе еднаш норлево па си реков да не не е ефективно второво... не знам како и да е ти благодарам многу
haribo19 напиша:Девојкиииии ВЕЕ МОЛАМ помогнете ми (..вчера ми беше 5 ден од менструацијата т.е. последен и нормално имав малце крв..Со дечко ми имавме односи со кондом но на жалост кондомот се скина и тој сврши во мене Испаничив многу и после нецели 2 часа одприлика испив норлево И исто пред пет ипол месеци ни се случи ваква незгода и бев приморана да испијам норлева таблетка...Што мислите дали имам простор за паника?? Читам секакви статии дали може да се забремени на последниот ден од менструацијата,колку се ефективни таблеткиве СКРЕНАВ...ВЕ МОЛАМ кажете ми ваше мислење помогнете ми да се смирам малце хх...ви благодарам на сите однапред Здраво на сите.Јас сум нова на овој форум,се надевам ке можам да помогнам и да ми помогнат харибо 19 ,вака јас имам пиено апче пред година ипол мислам,и да се ефективни мегутоа на самото упатство пишува дека се мн.штетни и дека не смеаат да се пијат во брзо време доколку еднаш се имаш напиено ,поточно потребно е 6 месеци растојание не помалку за да можеш да се напиеш пак.Исто така пишува дека доколку го испиеш потоа потребно е да имаш заштитен однос затоа што шансите да останеш трудна се многу поголеми од вообичаено.Инаку можеби ке имаш проблеми бидејки си испила две во краток период( со едно се случуваат а со две ) мегутоа искрено се надевам дека се ке биде во ред ,на секого може да му се случи (и мене ми се има случено ) и дека ке бидеш добро,но за следен пат внимавај и кога пиеш нешто читај го упатството корисно е позз
цели 17 дена си го поставував прасањево се мрднав дечко ми тврдесе дека не направил беља ама од кај да знам и денес таман се ресив да купам тест и ДОБИВ колку се израдував ама сакам да прасам од сто мозе толку да доцни ако знае некој??
Ако ти доцни секогаш тогаш треба да провериш хормони, а ако е само сега тогаш може да е заради стрес. нервоза и такви работи.