Па не знам дали кај него си била пред две недели, ама според симптомите ти гарант си два месеци трудна. Не знам како е можно тоа, исто како што не знам како е можно спермата од вратот да ти ја оплоди матката Јао богати, спермата на дечко ти да не е со даљинско како кинескине хеликоптерчиња па да ја однесеш на саканото место во јајцеводите кај најголемиот фоликул? Блазе си ти, сум гледала такви натпревари, обично трагични се за хеликоптерчињата, обавезно се учукуваат во нешто и партал се прават, ама со спермата е полесно, она не лета ама затоа лизга до саканото место. Какви црни сценарија бре жено, мисли позитивно и батали ги тие српски форуми, префрли се на хрватски. Зошто мислиш дека ќе ни делува смешно твоето прашање? Јас мислам дека треба да се премести во темата-црн хумор, заедно со на него сличните. Spoiler Не ми се верува дека девојка на 17 години ќе праша вакво глупо прашање. Се додека не се едуцираш сексуално, ти забранувам да мислиш на дечковци а не па да се допираш со нив.
a.nnna значи аман и јас имам 17 години, ама знам многу работи поврзани со сексот иако сеуште не сум сексуално активна, подобро да се едуцираш него после да поставуваш вакви прашања пред да дојдеш до тој степен да се допираш со дечко ти и да ти свршува на врат земи прочитај нешто а не да викаш дека црни мисли ти иделе
Аман, прочитајте го упатството барем еднаш пред да испиете Норлево ! Дежурни аптекари и лекари нема тука.
Би додала, Норлево ја расипа младинава. Не мора многу да пазиш кога знаеш дека секогаш имаш џокер опција нели? Одамна сум сексуално активна, а на форумов дознав за апчево, не знам дали треба да се загрижам за себе или.... Се извинувам, мразам да бидам оф топик ама така ми дојде.
Па што не имаше на 15 години бе девојче хахахахахах до сега ќе родеше вратско бебенце. Трагедија, комедија, траги-комедија - незнам за што да се определам. А сакав да гледам филм, ама и тука некој филм изгледав ама баш убаво. Не си бремена бе девојче, ќе ти дојде и кога ќе ти дојде тетка Црвенкапа пиши ни за да знам како завршил овој филм, среќно или несреќно?
Исто и јас на Фемина дознав за апчево. Исто така и дознав и за нови начини на правење на бебиња, не оној добро познатиот на кој е направен син ми. Тоа ти е ние старееме - ветрееме, па ај и нешто ново да научиме од младинава. Ама од сето ова има и нешто добро. Ако некогаш ни се згреши и прашам за Норлево има сигурно 100тици Феминки кои би ми помогнале тука. Исто и јас се извинувам за офтопиков.
Значи вака...Вечерва имав однос со дечко ми.Ни се скина кондомот и сврши во мене.Има 14 дена откако ми помина менструацијата.Дали има шанси да забременам.
^ Да. Можеби прашањето требало да го поставиш малце пред да поминат две недели. Со незаштитен однос секогаш има шанса да останеш бремена.
Штом свршил во тебе секако дека има шанси, и тоа добри. Ако навистина сакаш да избегнеш можна бременост, напиј се Норлево, ова е веќе разумна ситуација за пиење Норлево мислам, за разлика од повеќето што пијат.
Едно прашање за гинеколозите ако може? Имав секс на Нова Година,но користевме кондом,Дурекс pleasure max го проверивме кондомот пред употреба и после употреба не беше пукнат,не течеше,спермата стоеше внатре,после тоа добив редовно на 17ти Јануари,со дечкото си правевме еден на друг но секогаш првин мене па нему и миевме раце после тоа,еднаш само напраивме првин кај мене па кај него но не се изми он само се избриша и после 20 минути-пола саат пак правевме кај мене со суви раце,после нова година имавме пак секс на 15ти Февруари,а сега ми касни 5 дена.На 13ти Фебруари минатата недела се скарав многу со мајка ми,ме стегаше срцето и ме болеше желудникот,никогаш не ми каснело освен пред 4 години заради големи проблеми ми прескокна месец и лани истиов период ми каснеше исто вака.Помош!! Секогаш се пазиме,немаме секс без кондом ниту ништо,ве молам одговорете побрзо кој може
prasaj-ginekolog-f68/konsultacii-so-ginekolozi-t11838/560.html тука постави го прашањето за гинеколози.
17 имам за 2 месеци 18,неможам на гинеколог ми бара матичен да ми биде.Не сум зимала хормонска терапија ниту ништо,да не е од тоа минатата недела со големата караница,денес примет ми искочија бубулички како пред добивање и отечени ми се градите малку
Добро 17 години имаш и оп односи, мајкати знае? Инаку треба да ти дојде, можно е да ти варира значи менструацијата од нервози и стресови, од временските услови, може од разни инфекции итн. Одма стварате паника дека сте трудни или незнам уште што. Прочитајте нешто по интернет на гугл имате се. Толку ли е тешко, многу е важно за вакви работи консултација со вашите мајки го поминале истото што вие го поминувате, мајка ко мајка ќе се кара, ќе вика ама ќе се помири.