Епа за да не паничиш,купете си кондоми или почни да пиеш апчиња за контрацепција. Не дека сакам да те плашам но бремена можеш да останеш и од предсемена течност..
Ние си користиме кондоми ама ете еднаш испадна така и затоа сега паничам а за предсемена течност, јас и дечко ми имаме прилично долга историја, имавме можеби 3-4 месеци односи без кондом и секогаш си е било се во ред ))
секако се консултираше со гинекологот сега почна да ги пие испи до сега 4, па саакав некоја да ми каже искуство да сподели тоа ми беше целта што како поздрав
Ах бе така деца се правеле,плукни-залепи!Јас не велам дека не може,ама вие се сфаќате здраво за готово.И ти не се преоптеретувај со тоа,ако едноставно не ти е мирна совеста, користете контрацепција. И не гледам причина зошто дечко ти би те лажел за тоа дали свршил во тебе или не. Инаку тоа што имаш болки во левиот јајник,не значи дека си бремена. Престани да си правиш филмови и превземи нешто,за да не се збркуваш вака подоцна. Јас и дечко ми од кога имаме односи без кондом,не сме користеле до сега ниту еднаш,па никогаш не свршил во мене и не сме паничеле.Но знаеш дека треба на се да бидеш спремна,бидејки сепак имаш односи без никаква заштита. Или внимавајте или користете си заштита,трето нема. Инаку да,се забременува и од предсемената течност,но шансите се минимални и тоа се ретки случаеви,но сепак таа можност не е исклучена.
Мислам дека е можна бременост и од најмала семена честичка или делче од спермата ова ви го кажувам од искуство затоа што го имавме истиот случај со ж..ми за што јас бев сигурен скоро 98% а тие 2% сега ќе ме направат татко по 3 пат па затоа се е можно инаку дотогаш не ми се случило тоа.Поздрав
spies so devojkata na tvojot zivot imate redoven seks .. ona ima kerka .. od predhoden brak jas iam sin od predhoden brak nikako ne moze da ostane trudna .. ma site mozni opcii se isprobani ... kade toa gresime? i dali moze nekoj da mi kaze vozmozno kako e mozno da veruva vo toa deka ne e mozno da ima deca a ustvari veke ima ? jas navistina ne mozam da vlezam vo nejziniot svet !
Одите на лекар. По една година обидување ако парот не може да има деца се советуваат испитувања на двајцата партнери со цел да се увиди каде е проблемот. Не е логички да не може да има деца ако веќе имала, но не е ни невозможно - може да имала некакви хируршки подврзувања, хемиски терапии и слични пречки за плодноста. Затоа лекар ви е вистинско решение, секој совет друг даден овде е нагаѓање кое вас нема да ви го реши проблемот туку само ќе ви губи време. Се најдобро. Се надевам во скоро ќе имате убава вест за радување. Поздрав.
Здраво, се надевам дека вие би можеле да ми помогнете. Вчера вечерта дечко ми ме задоволи со рака, но претходно јас го направив истото за него и тој сврши. Невина сум, и ме загрижува фактот дека сперматозоиди останале на неговата рака и потоа се пренеле кај мене... Требаше да добијам но, во последен период и онака ми е пореметена менустрацијата, сега ми касн неколку дена, ги имав сите симптоми и очекувам да добијам. Вчера кога се вратив имав некоја кафена течност во многу мала количина, забележав кога се избришав.. сега ми е страв дека можеби останале некои спрематозоиди кај мене... што мислите вие?
Се сомневам од причина затоа што прочитав неколку мислења дека може да се остане бремена и од пресемена течност, сперма доколку навлезе во вагината. А за другиот коментар, не користеше прсти да влегува и таму знаеш... барем јас би го знаела тоа најдобро.
Emi ako ne koristel prsti tamu da vleguva zosto se somnevas togas?? I kafenoto ne e sekogas predznak za bremenost
Мислам стварно немам искуство за да советувам на темава, ама од основни познавања не ми е јасно како НЕВИНА девојка може да Е ТРУДНА?? или не си невина или не е можно да си трудна... освен ако не си некоја нова богородица
Добро те задоволил со прсти океј.. Ти пикаше прсти или ти ја триеше (миксаше- кој како го знае)?? Ако ти пикал прсти тогаш не си невина веќе, а ако ти ја триел тогаш си невина. И во двата случаи не си бремена, не збори глупости. И дај земи прочитај основи работи од сексуален живот, па потоа влези во тие води..
ве замолувам за совет денеска имавме со дечкоми и пред да сврши се скина кондомот ама во вадењето не сум сигурна дали протече кај мене малку пошто прсна на креветот дали има шанси да сум бремена ...? и што ми препорачувате ??????
На волку одговарања, советувања (во превод: баења и претпоставки), барем една да частеше мекици за посакувана бременост или чоколадо за избегната. Не вреди што се изначитуваме глупости за џабе п.с. samsung12345, ако не си сигурна и не ни наведеш дали потекло во тебе или не, како да ти кажеме дали има шанси да си бремена? Ако потекло: има, ако не потекло: нема. Јас повеќе го сфаќам прашањево како ти да сакаш одговор на тоа: дали потекло во тебе - е тоа драга не можеме да го знаеме (барем не вечерва, зашто има облаци и не се гледаат созвездијата и не може да се види како се поставени во однос на претскажување на вашиот репродуктивен живот).
Навистина ептен бесцелна тема, и да вратиш страници и страници наназад, ќе го прочиташ скроз истото во секое прашање и во секој одговор, само формулирано со поинакви зборови и напишано од различни луѓе (да речеме). Баш и јас си помислив пред некој ден, од толку многу страници, на прсти се бројат оние кои навистина биле бремени и не се сомневале без причина. Т.е. и нема такви, со исклучок на посакуваните бремености што само од атер пишале во темава. Инаку, секој си знае најдобро за себе, што правел и како правел, тука се само за тешење. Самсунг, не верувам да прснало во тебе ако си го извадил на време, а протекло на креветот зашто кондомот бил скинат, нормално. А и како што пиша во друга тема, нели трет ден имаш добиено, мислам нема зашто да паничиш.
Менструацијата ти завршила пред 2дена? Ако е така премали се шансите да си бремена па макар и да свршил во тебе. А не па вака. Смирено. И онака веќе биднало, џабе е да се креваат сега паники. Почекај да ти дојде наредна менструација, ако не ти дојде - ќе правиш тест и тоа е тоа.
а да се напијам апче норлеово шо ми предлагаш.... пошто стварно не се зафркавам и ситоацијата не ми е до зафрканција како што има други шо се зафркава :/