1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сум бремена?

Дискусија во 'Бременост' започната од marina.maca, 15 декември 2009.

  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Треба да поминат најмалку десет дена од ризичен однос, во спротивно можеш да добиеш лажен негативен резултат. И ако уште не си сигурна после првиот тест, и не ти дојдело уште, после една недела можеш втор тест да направиш. А дали ќе ти дојде на 7ми, на 15 или на 20 и некој си, никој не може да ти каже, хормоните не ти се на место моментално ради норлевото.
     
  2. marc

    marc Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    сега треба на 7ми јуни да добијам, ако не добијам (не дај боже) да направам тест, би покажало точно?
     
  3. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    ^^ Дај бе престанете да ѝ одговарате на девојката, јас веќе одамна се откажав.... Кој нема у глава, со инка не можеш да му сипеш. Може така конечно ќе ѝ текне да се консултира со близок повозрасен или под итно да си го откачи тој неодговорен дечко на кој му е битно само да го истресе, па макар и се предозирала со Норлево девојка му. |(
     
    На Ojesil му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ojesil

    Ojesil Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    13
    Кога се е... не велевте дека може да останете трудни сте гледале само кејф да си напраите епа сега што совет барате дали сте трудни појдете на лекар напрајте тест па мајка му стара секој ден некој прашува кога да направи тест. Ај со инка да ви туриме да ви кажеме па теее :@
     
  5. marc

    marc Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    дали некогаш ви паднало на памет дека не сум во можност да одам на лекар или само онака да го обвинувате човека ви одговара? а со мајка ми разделени сме
     
  6. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Немам намера да ти навлегувам во приватност, само не ми е јасно како можеш така да се однесуваш. Не знам колку години имаш, ама колку и да имаш, кога веќе си почнала со односи а немаш доверба во дечко ти, користете заштита. Ама вие користите кондом и при тоа ти пак се плашиш да не си бремена и само Норлево ти е во глава. Навистина не те разбирам, не можеш и не смееш од мравка слон да правиш, како ќе го живееш така животот? За дечко ти и да не зборам, толку мисли на тебе што те труе со Норлево, како и што кажав. Но и ти си крива бидејќи машко е, можеби не знае што е точно Норлево, можеби го сфаќа како контрацепција, земи објасни му, мислам доволно научи овде.
     
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Ќе мора да се сложам со девојкиве Marc, не смееш така како бомбончиња да ги пиеш НорЛево. Секако дека немало да ти дојде на 22ри, кога веќе ти дошло порано, на 7ми мај како што кажуваш. Постои мало поместување на циклусот бидејќи си пиела НорЛево. И неможеш да земеш секогаш здраво за готово дека секој месец ќе ти доаѓа точно на ист датум или на ист период. Менструалниот циклус не е штелуван како саат.

    Секретот што си го имала може да биде од било што, одма се фаќате да го толкувате како симптом за бременост. Може е некаква инфекција, а може едноставно си била во овулација. Инаку, ако треба да ти дојде на 7ми јуни, сега овие денови во никој случај не си во овулација. Овулацијата настанува на средина на циклусот, на 14ти и 15ти ден од почетокот на менструалното крварење (затоа понекогаш треба да пратиме што се учи во школо, за да не мора вакви основни работи да дознаваш од форум).
    Што се однесува до тестот за бременост, како што и други ти кажаа и јас ќе повторам: се прави на минимум 10 дена после ризичниот однос ( кога сте имале секс и сметаш дека тогаш си останала бремена). Значи, ако поминале 10 дена до две недели од тој секс, купи си тест и направи го, немора да го чекаш 7ми јуни.
    И ако си 20 годишна, лош ти е изговорот (највеќе пред самата себе си) дека не си во можност да отидеш на гинеколог...направи да бидеш во можност да отидеш штом веќе си сексуално активна.
     
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.398
    Пол:
    Женски
    marc а зошто не си купиш апчиња за контрацепција наместо да се клукаш постојано со Норлево кога веке и двајцата не сте сигурни што правите.Ем кондом ем контрацепција со апчиња,дупла заштита па мислам дека ако така останеш бремена ке бидеш чудо природе. И тој дечкоти малце нека се едуцира не потпрочита литература а не тука да се праи надри лекар и после секој секс да сугерира на Норлево.Слушнал за апчето ама не дослушнал,бог да чува. Од Марс да бевте паднати до сега после толку такви ситации ке се тупневте и двајцата во главата и ке размислевте за можните начини на контрацепција,а НОРЛЕВОТО НЕ Е КОНТРАЦЕПЦИЈА.

    Толку бре да биде некој неодговорен дури понекогаш се чудам.Аман па квантна физика да беше сексов после толку време полово општење ке ги научевте сите формули за правилна заштита и превенција од бременост и полово преносливи болести.
     
    На Umbrella22, Doozy, Lovely93 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. marc

    marc Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    редовно користиме кондом, а повеќе од тоа не знам
     
  10. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Епа доволно е! Нека става кондом и нека го вади на време и кулирајте. Ни Норлево, ни Пез бонбончиња, ништо. Уживајте. ;)

    И те молам, стави си ги вистинските години или пак - get a life. Зашто сепак не верувам дека може да си до толку ограничена, да ми простиш на изразов.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marc

    marc Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    не знам ни што да направам повеќе, утре ќе поминат 4 дена, па дури и да се напијам норлево само појќе зијан ќе си направам, да оставам вака како што е и да чекам една недела до 10 дена за тест или пак веќе некоја трета алтернатива?
     
  12. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Хмм, а да размислиш за тоа да се фрлиш во Вардар? Така прилично сум сигурна дека нема шанси за бременост, освен ако не свршил некој во реката претходно. :^) Понеси си и Норлево за секој случај. :!:

    Девојче, нели си се напила Норлево пред три недели?
     
  13. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Епа на крај еден волнен чорап, што друго? :D
     
  14. marc

    marc Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    се напив, но тоа беше за тој пат... не мислам дека сум трудна нема никаков знак што укажува на тоа, ама не знам избезумена сум
     
  15. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    A за норлево махер си :emo:
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. marc

    marc Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    денес веќе еве 4ти ден е, ако се напијам од него(што ќе ми е 2 пат месецов) бидејќи има поминато повеќе од 3 дена ќе е ефективен?
    ве молам не ме осудувајте немам помош
     
  17. bebence456

    bebence456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Зошто бре да пиеш, нема шанси да си бремена, ако после секој однос сакаш да се напиеш апче подобро апстинирајјјјјјјјјј и имај однос кога ке бидеш спремна да забремениш.Аман веќе аман.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. marc

    marc Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    како било веќе не можам, дури да дојде 7ми, па да можам после него да направам тест за бременост е до тогаш ќе сум вака како ненормална
     
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Како ма немаш помош? Навреда е тоа за сите тука што одвоиле од своето време и ти дале совет. Тоа што ти бираш да не слушаш никој, оти зависиш од чувството да се сожалуваш и се осеќаш беспомошно е друга работа.
    Јас кога ти реков да ја земеш мајка ти за рака, или друга повозрасна жена, го реков во случај еве да немаш мајка до тебе или да не си во можност да и кажеш, имаш тетка/стрина/вујна/братучеда/комшика, наставничка или професорка, било која жена, како жена кога ќе и кажеш со какви стравови си ќе дојде со тебе на лекар кој ќе те стави на редовна контрацепција. Мене ми иде да дојдам да те фатам за коса, не за рака, и да те тегнам на гинеколог, па камо ли некоја што те знае нема да ти дојде во пресрет. Сама ако мораш, ќе пресрамиш и ќе одиш. Не ти е срам да се онадуваш, голема си да не ти е срам ни сама по лекари за вакви работи. Дваесет минути највеќе е консултација, ќе најдеш време за толку. Неколку прашања, мерење притисок и пишување рецепта. Стани од компјутерот и уште денес јави се на гинеколог да ти дадат термин за консултација.

    Норлевото инаку не помага во спречување на фантомска бременост.
     
    На Umbrella22, Doozy, Lovely93 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Marc, абе зашто пишуваш на форумов? Еве дечко ти е експерт и со големи познавања, прашувај си го него за тестови кога и онака ти е во улога на матичен и ти кажува кога да пиеш апчиња.
    Дури и можеш бројче да ни дадеш за да го прашуваме и ние, а не вака да се тегнеме по гинеколози.
    Страшно еј!!!!!! СТРАШНО! :fubar:
    Бутај си така ти апчиња, може и ќе ти се нормализира и стабилизира циклусот некогаш во иднина |(
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.