нема да пијам, сега засега што беше немам ниеден знак што би можел да укажува на бременост, се надевам така и е, а понеделник кога и навршува една недела од несаканиот настан, ќе напрам тест... па ако е како што не треба, не знам веќе ќе барам некое чаре
Ни кондомот не бил скинат marc си се напи апче, сега и нема дојдено што е нормално да се поремети малку циклусот од норлево па понатаму ќе се стабилизира, можи да биди и со прекини крварењето многу кратко да трае. Сега сака пак апче да се напие Marc го читаш ти упатството за апчето? Значи не мора се да знаеш и се да ти биди познато, но затоа има упатство за употреба, кај и не поштуваш овде сите што те советуваат и само прашања редиш на темава, кога и можеш да свртиш некоја страна ќе си го најдиш одговорот, оти овие прашања многу често се пишуваат овде од други форумџики. Еве ти упатство за норлевото: http://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsreg ... /817972752 оди на pdf да си отвориш
не се скина, ама работата што ме плаши е тоа што од мене истече бела течност, тој вика не е од мене... но? не се напив од апчето
Ти девојче не дај Боже да појдиш на гиниколог...Трауми ќе доживее од тебе,а и ќе леташ соси партали од ординација... Напорна си разбери
Ти одговорив и за тоа што мислам, во претходните коментари. Многу често не се пијат овие апчиња, кога си се напила пред три недели, така? Се советува најмногу 2 пати годишно, за да не ти направи некои промени. Пазење треба. Сега немаш потреба да пиеш апче, кога нема свршено во тебе, па ни тест не ти треба. Ајде уживај ќе ти дојди..
Marc sorry ama takvi kako tebe ne treba dA imaat seks ednostavno ne si spremna ni dovolno educirana za toa
свршил во кондомот, сигурен сум ми рече... ми рече единствено ако случајно има протечено од врвот за тоа да се напиеш//// сега што и да е нека е, поминаа веќе 4дена. нека дојде понеделник, барем тест да можам да направам тогаш една недела ќе има поминато
marc у реду. Не мора да не обавестуваш по сто пати и да се повторуваш и објаснуваш. Не можеш да се оправдаш, а и не ни треба. Ние ти кажавме, па ти сеа ако сакаш пиј си апчиња како витамини и прави тестови по 3пати на ден. Остави нека пише и некоја друга. Праша што те интересираше не мора сеа да се влечка твојата секс сцена 10страници. Те сфативме. Свршил кај што свршил. Немало опасност за бременост, сепак си пиела апче, сеа обезбедена си, ама пак ќе си правела тест.....Ок е. Прави си тест кога сакаш и со среќа. Се надевам дека ќе ги добиеш посакуваните резултати.
не се напив апче, затоа и прашувам сега помина веќе времето за да можам да се напијам, туку кажете ми ве молам кога би можела најбрзо да направам тест за бременост? понеделник 1 недела ќе помине, тогаш ќе може?
Доброооооо девојко, ајде доста те сфативме веќе Убаво ти објасна мојата Мадам, ти посакуваме среќа и толку од нас. Ние тука неможиме друго да сториме за тебе, за жал.
Бре бре, па роди бре едно бебе на крај , помалце ќе се тресеш врз него отколку што се тресеш после секој рандеву , барем 9 месеци раат ќе бидеш. А Норлево на три недели, а памперс еднаш месечно, тука некаде ти се трошоците. Значи интернетов само за Ким Кардашијан и за нокти се користи, Божеееееееее!
Да знаеш, ми го зема зборот. И јас го помислив истово, дека полесно ѝ доаѓа едно бебе да роди отколку вака да тупи, само не ми текнуваше како да формулирам и немав ни желба веќе. Арно ѝ кажа. Спојлер П.С. Се поубедена сум дека не дрибла девојкава, ако е воопшто девојка, а не љубопитно напалено девојче или пак машко без било каков социјален или сексуален живот.
Добро бе девојче ти касни тебе или не? Ако не ти касни што ќе ти е тест сега? Доколку почне да ти касни неколку дена,тогаш направи тест ако си се запнала толку.
Џабе ќе правиш тест кога нема да ти ги каже точно резултатите. Што си запнала толку да правиш, првин информирај се. Едукацијата и информираноста е многу важна пред било што да направите. Ако ти касни менструација се прави тест.
Ма не да ѝ касни, нека биде среќна ако воопшто ѝ дојде после 3-4 апчиња во неколку месеци. :geek: Мислам дека треба да ѝ се забрани пристап до темава, ако воопшто има таква опција. Ама успева во тоа што го прави, темава не памтам да била волку активна.
Па ти си закаснила, требало на 27-ми, во вторникот да направиш. А да му раскинеш на тој твој смотан дечко, најдобро ќе ти биде. Ти го испрал мозокот со тоа норлево. Престани со тоа норлево, треба некогаш деца да имаш (се надевам не со овој дечко што те клука со норлево), чувај си го организмот здрав, не го уништувај.
Вие уште и одговарате на девојкава? ви се чудам зар не гледате бара само нешто да и се прави муабет ццц
Сега ја читам темава и не мозам да престанам да се смеам! апче па апче, тестови, бременост, помос... ..абе цела тема само Марк и нејзини будалстини!Вие и казувате она пак си прасува,се едно исто! јас мислам дека се е тоа некоја зезанција, затоа не се мачите да одговарате!!!!! Луда работа