И мене почна да ми се прави муабет, па сакам да ја прашам Марк што запнала да прави тест баш понеделник? Да не има нешто што не ни кажуваш па да мора тогаш?
Абре не ја лажете , не била трудна .... Трудна си Марк !!! 5 -орка носиш во тебе !!! Сеа само што ти пробајав на гравот и грашокот и тоа ми го кажаа !!!! Со среќа нека ти е !!! ( морав !)
Луѓее,ми касне минатиот месец на 20 ми дојде,сега уште ми ја нема,направив тест за бременост,негативен е,а и издуен ми е стомакот и така ме наболува чат пат,ама којзнае шо е,страв ме фааќа :/
Кога го направи тестот? Ако си го направила кога веќе ти каснела менструацијата тогаш е валиден и не си бремена, имаше ли незаштитени односи? Можеш да направиш уште еден тест за секој случај.
Од секогаш сум имала редовен циклус , освен пред 5 месеци ми каснеше половина месец ... Бев на гинеколог поради тоа што мислев дека сум бремена, но немаше ништо такво , а исто и немав некои проблеми поради тоа што ми доцнеше ... Месецов со дечко ми имаме односи без кондоми ... Сега ми доцни 5 дена.. Може да се покаже бременост толку рано , или сепак да причекам уште ден два ? Молам за одговор Поздрав ...
Не е рано, и повеќе од доволно ти доцни. Можеш слободно да направиш тест. Среќно, да си ги видиш посакуваните резултати.
Благодарам на одговорот Се надевам и јас дека овај пат ќе ме израдува нешто Уште утре го правам тестот
epa negrizi se toa se slucuva koga treba da dobies menstruacija .Mene sekogas mi istekuva 1 2 dena porano kafeav iscedok pa dobivam menstruacija.
за тест рано ти е,невалиден е...има само една недела од кога ти се случи дешавката..на жал така тестови не се прават,ако ништо друго има упатсво на секој тест,па си можела да го прочиташ.Kога отприлика очекуваш месечен циклус???
треба на 7ми да добијам, но ќе ми касни 100% бидејќи мајот испив норлево, па добив и после тоа таа случка ми се случи не се напив и се веќе се, ќе полудам... денешниот тест невалиден е? за секој случај си зедов уште други два теста, едниот да го направам 10 дена подоцна од настанот, т.е. за три дена отсега и едниот на 7ми кога најверојатно нема да ми дојде за да бидам најсигурна дали сум или не сум трудна немам воопшто лошење насабајле, градите најнормални, а умор и тоа нормално е посебно во овој период кај што имам испити
следниот тест направи го околу седми или после седми,ако сакаш да си ја разрешиш дилемата...а не те сфатив најдобро имаш сега во моментот кафен исцедок??? кога ќе ти помине тој исцедок,посети си гинеколог.
Марк,еве ти писувам најдобронамерна порака, ако не приметувас сите на форумов ти се смеат! а зосто? дали се запраса? размисли малку сто писувас и во каква состојба сама себе си се довела! мозеби не си играс мајтап тука, мозеби навистина имас проблем, затоа почни да размислувас,а не да правис се и сесто! за секс имас време цел зивот, мегутоа ако си го покварис здравјето после се ќе ти биде дјабе! Те читав и во други теми, истото се повторува, ти си сосема незапознаена со сексуалниот зивот! Кази си стоп за секс, се до оној момент додека не се едуцирас како треба! Колку години имас? Зосто не поразговарас со твоите дома, или со сестра, тетка, другарка....Твоето тело НЕ Е крпа за да го давас на дечко ти да прави сто сака со него!!! чувај си се, засто вака само ќе си го прават ќефот со тебе и дали си помислила како на крај ќе се чувствувас најдобронамерно ти писувам! Твојот дечко знае за Норлево, не е глуп он, сигурно се информирал и сигурно узива и со други девојки на истиот начин ко и со тебе! РАЗБУДИ СЕ! ...и каков анален секс со твојава НЕедуцираност! Земи читај по интернет, научи некои работи а до тогас воздрзи се од односи, зивотот е пред тебе девојче, ќе дојде време кога ќе се чудис сама на себе за ова сто си го правела! Ти посакувам да се доведес сама во ред, и да сватис сто правис, да се разбудис!Поздрав
хејјј имав односи пред една недела , требаше да добијам денес на 2 јуни.. мене ми дојде еден ден порано , обично ме боли стомачето пред и кога ке ми дојде . овој пат ништо не почуствував.. Вчера ми беше нормално црвена но не ми течеше многу , денес ми е темно црвена но пак немам многу.. се плашам да не сум бремена?
Девојки сакам да ве прашам нешто.Пред 2 недели имав однос со дечко ми но ни се скина кондомот и тој сврши во мене , пред 3 дена ми дојде менструација но некако е поинаква крвтаа како потемна малку. На сабалје ми се врти а некогаш и ми се гади. Дали има шанси да сум бремена?