Значи кратко и јасно да кажам за да престанат сите девојки да поставуваат глупави прашања. Ако сте користеле кондом, не си трудна. Ако не свршил во тебе, не си трудна. Ако си добила менструација, со било која боја и густина, не си трудна. Разни исцедоци, болки во градите, чуствување мачнини и не знам што, не се сигурни симптоми на бременост, не си праите филмови. Тестови се прават најмалку 10 дена по ризичен однос, или ако доцни менструацијата, а не одма после односот. Норлево се пие ако сигурно имало свршување во вагината, а не ако сврши на страна/во вода/на стомак или ако има предсемена течност на главата на пенисот (течност има секогаш при секој однос, ако од тоа се плашите не треба никогаш да имате односи без кондом). Спојлер Ако ми текне уште нешто ќе допишам пак, зошто веќе не ми е смешно да се поставуваат безвезни прашања. А во меѓувреме еден пријателски совет: не се ебете ако нејкете да ви влезе...
Едно не ми е јасно.....до толку ли немате време да отидете и купите еден тест од 65ден. (немора од поскапите,ако немате пари) За кондоми не ви е срам да купувате, а за тест сите се срамите.....бурни.времиња ова не е конкретно само за тебе-општо зборам
А да појдеш на лекар? Или да си купиш тест? Ние овде сигурно не знаеме дали си бремена само може да претпоставуваме. И едно да кажам СЕКАКО ДЕКА МОЖЕ ДА СЕ БИДЕ БРЕМЕНА И АКО ДОБИВАШ МЕНСТРУАЦИЈА ,И МОЈАТА МАЈКА ТАКА МЕ ИЗНОСИЛА СО МЕНСТРУАЦИЈА 9 МЕСЕЦИ
Да јасно тоа со менструацијата, но временски како што опишува од времето кога имала однос, па за брзо и дојде шансите се големи да го има исврлено со менструацијата, а помали во однос на тоа дали би забременила. Сепак има шанси да има забременето. Е сега не пиша кога обично и иди, дали се поклопува датумот. Како и да е не е решение овде на форумов сега да прашува бидејќи е доцна, па тест треба да направи.
Девојки јас имам проблем, може тој ми е само во главата, ама ете незнам. Последен сексуален однос имав на 13.05,знам сврши на стомак. сега еве ми закасни 1 ден,али си дојде, ама имам темна боја на крвта и многу малку, секогаш ми е обилна иначе и се зачудив, има место за паника или ?
Ќе зему едно конопче и ќе се обесу на прву криву врбу!!! -Жика НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ; НЕЕЕЕ, НЕЕЕЕ !!!! ТРУДНА СИ КОГА ЌЕ ТИ СВРШИ ВНАТРЕ ВО ВАГИНАТА А НЕ НА СТОМАК, ГЛАВА, ОЧИ, ГЗ, ЅИД ИЛИ ВО УВО!! дајте бе малцеее алооо, битно се сексате а глупости прашувате. Повик до модераторите и администраторите да имаат преглед малце во профилите зашто се креираат само за вакви прашања (општо зборам). Дали се тролови или стварно владее неедуцираност во врска со темава во 21 век, мене стварно не ми е јасно.
Епа јас мислам да прочиташе 2-3 поста погоре (она болдираното со огромни букви), веројатно немаше ни да го напишеш овој пост. Мислам, се надевам.
Едно нешто:Не значи ако сте добиле менструација,дека нема шанси да сте бремена. Имав една пријателка која имаше добиено се до шестиот месец од бременоста.Не знаеше дека е бремена,бидејки имаше менструација.Стомакот и порасна,ама таа мислеше дека само се здебелила,ништо повеќе.Ова се ретки случаеви,но сепак постои можност. И да бремена се останува само ако тој сврши внатре во вагината,друг начин јас не познавам.
Приметив сите експерти сте за темава јас многу добро знам што правам, за трудна знам не сум, прашањето беше од што би можело да биде сето тоа... да не имал некој слична ситуација
Прашањето ти беше А бидејќи темата се вика Дали сум бремена?, извини што сите ние подразбираме дека прашуваш дали е можно да си бремена и дали треба да паничиш во врска со тоа. И како што си напишав претходно: Еве малку да си го корегирам мислењето, најверојатно не си трудна. Како што кажа една феминка погоре, ако има менструација не значи дека 100% не си трудна. Ама од милион трудници, една има менструации за време на бременоста, така да мислам дека сосема е коректно да речам да не си правите филмови дека баш вас тоа ви се случува зошто крвта ви е потемна/посветла/погуста или не знам каква.
Па ти прашањето си го поставила во темата "Дали сум бремена?" па по логика одговараме на тоа, а ако мислиш на менструацијата што ти е чудна има тема "Интимни прашања и проблеми "
Еј ќути и мене вака вчера добив и да знаеш исто бе еден ден и мене ми ''закасни''.Гледам многу обилно,а и некако не е иста бојата.Што ли ќе да е,сигурно сум бремена.Ќе станам мамичка наскоро.Еее останав бремена,а на чело ми свршил.
Аууууу аман бе девојчина читам и не можам да се изначудам,дали сте оделе вие на часовите по биологија кога се учи како се прават деца.Ако сте бегале од тие часови,и ако имате време да се впуштате во односи,и да поставувате од глупи по глупи пашања.Ми сврши на стомак,чело,во уши,во уста.....Дали сум бремена????Одвоете 15-ина мин во денот и прогуглајте малку барем тоа е лесно а и ќе научите нешто корисно.А иначе за добивањето во бременост да можно е сестра ми добиваше ама тоа не е така како класичното добивање,помалку е количински и трае 2-3 дена.И не е свежа ,сирова крв.