1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сум бремена?

Дискусија во 'Бременост' започната од marina.maca, 15 декември 2009.

  1. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Ова беше убаво кажано. Искрено јас сум лесна за забременување. Не знам што е работата ама од два обиди во животот и двата бремена. Секако тоа било по заедничка воља, моја и на сопругот. Кога отидов на преглед пред да останам бремена на второто дете во разговор со докторката таа ми вика „Е што мислиш ти така ќе се фати?“ И ете се фати и тоа заминати ми беа плодните денови. Од прва значи. Докторката ми вика дека тоа може да е до создавањето на јајце клетките. Сум имала премногу плодни јајце клетки. Јас 6 години сум во брак и ни една не сакана бременост и тоа секс без кондом и во плодни и неплодни денови. Едноставно свршува надвор. Ако јас која сум премногу лесна за забременување на сум имала ни една несакана бременост тогаш нема да имате ни вие (нормално ако партнерот има контрола врз себе си и). Не ви се потребни никакви апчиња, се е до пратнерот. А од предсемена течност, свршување на стомак, грб или слично нема шанси да забремените. ;)
     
    На Fatalnata, Black-Beauty, Viktorijaaa5 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Преубаво кажано и од двете, со мерак ви стиснав „ми се допаѓа“. Анина, работата е во тоа што не се сите исто плодни, некоја забременува многу лесно некоја потешко, многу логично дека не сме сите исти, убаво ти рекол гинекологот. И мене мојата ми вика да пазам бидејќи имам многу фоликули, вика ти можеш да забремениш кога сакаш. Пред менопауза и мајка ми беше иста, таа имала несакани бремености неколку. Ние со дечко ми без да апстинираме во плодни денови, секогаш баш секогаш си имаме незаштитени односи со свршување надвор и еве не се случило ништо. Наравоучение, колку и да сме плодни од воздух не се забременува, па ни од предсемена течност. Еве имате потврда од две многу плодни членки. :lol:

    А за постот на Цветина, комплетно е во право. Мене ми е толку мило кога ќе ми каже гинекологот дека имам многу јајце клетки што не би си го нарушувала репродуктивниот систем со Норлево и слични глупости. Сега веќе на овие години попрво би сакала да забременам несакајќи, отколку во иднина не дај Боже да се изнамачам околу тоа. А порано кога дефинитивно не смеев да забременам (поради годините секако), си користевме кондоми. Апчиња не сум сакала дури ни контрацепција, а тек па Норлево... :x Хормонска бомба.
     
    На anina и richgirl им се допаѓа ова.
  3. chocolatesighs

    chocolatesighs Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1

    Не беше трихомонијаза туку бактериска вагиноза. Така ми рече гинекологот тогаш. Читав сега по нет имаат сличности. Не знам за повторената миризба само, не ми е јасно, ама можи само испаничив, беше неколку дена и се повлече, од тогаш е се во ред.

    http://doktori.mk/element/view/4ed12149 ... a-vaginoza
     
  4. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    ^ А таа на кој начин се пренесува го праша докторот?
     
  5. chocolatesighs

    chocolatesighs Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Некој бактерии ми рече шо ја имат нарушено флората во вагината од незаштитени односи и недоволна хигиена ваљда..

    Леле, не ми се верва ама по коментарите на двете почнав филмој да си прам, и сомнежи да имам, се отепав од читање статии за двете инфекции, па не можи толку слични да се :@
     
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Е уште нешто, докторот на памет зборуваше?
    Или не беше сигурен, па затоа ви даде Флажил на двајцата или пак ти зема брис, па ја изолира таа бактерија.
     
  7. chocolatesighs

    chocolatesighs Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    1
    Не ми зеде брис, само преку секретот и вагинално ехо го заклучи то. А уствари не знам ни зошто толку на срце си зедов то шо ми рековте, кога сигурно докторката знаеше многу подобро од вас, и сигурно како стручно лице ги разликва инфекциите и немаше така да реагира ако беше толку сериозна инфекција како трихомонијоза. Башка, не сум од вчера со дечко ми за да не му вервам.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Ако сте долго со дечко ти и ако му веруваш, батали не нас срцка. Нема ништо полошо од тоа некој од страна да пробува да ти наметне сомнеж за саканиот, па кои сме ние тоа да го направиме.... Ако е сигурна докторката дека таа инфекција не се пренесува исклучиво преку сексуални односи, немај гајле. А ако си имаш и други причини за сомнеж, е тоа е друго. Ако не, батали не нас. :D
     
    На chocolatesighs му/ѝ се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.745
    Допаѓања:
    324.082
    Пол:
    Женски
    Ти направи си брис и ке знаеш на што си и готово ;)
    Без разлика на сомнеж или не нормално е два пати годишно брис да провериш особено кога си сексуално активна
     
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Ние на памет зборуваме, не ти земавме брис. Штом му веруваш сигурно е друга инфекција, бркај си работа и уживкај, не земај здраво за готово.
     
    На chocolatesighs и Lovely93 им се допаѓа ова.
  11. huehue

    huehue Нов член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Posledata menstruacija mi bese na 3ti juli a imav odnosi na 11ti no neznam dali mi bil ploden den. decko mi ne svrsi vo meme a ne koristevme kondom malku mi se gadi I jajnicite me bolat drugi simptomi nemam bremena li sum?? :/
     
  12. lobenickaa97

    lobenickaa97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    38

    мислам дека е рано за симтоми ти си замислуваш дека те болат од страв..
     
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Неколку дена се плодни во завиност од созревање на јајце клетките.
    Зависи на колку дена добиваш. Ако не свршил во тебе нема место за паника.
    Во секој случај за 3-4 дена ако не добиеш направи тест.
    Гледам имаш само 14 години, а веќе го поставуваш тоа прашање. Ако веќе си сексуално активна, не избегнувајте секс без кондом, за да не се потресуваш и од многу други причини. Сигурно си информирана и за причините и последицте штом си се одлучила на сексуална активност.
    Се може да биде па и бременост, а знаеш ли што значи тоа на 14 години.
     
  14. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Да, рано ти е за симптоми, а чим те болат јајниците, најверојатно ќе добиеш.. Ако не, тестче :)
    И:
    1. Информирајте се и ти и дечко ти повеќе околу сексот
    2. Чим и на двајцата ви е почеток, користете кондоми
    3. И лично ти информирај се повеќе околу овулација, плодни денови, целиот менструален циклус. Го правиш тоа за твое добро. Без навреда, ама срамота е да не знаеш најосновни работи како плодни денови.
    Затоа, памет во глава следен пат. Еве ти неколку линкови да си ги прочиташ. Со среќа :)

    http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80 ... 1%82%D0%B0

    http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80 ... 0%B2%D0%B8

    http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80 ... 1%98%D0%B0
     
  15. k-sweety

    k-sweety Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    мојот пр е во тоа што го изневерив дечко ми и сега со тој што бев имасе заштита.Требаше да ми дојде на 28ми јули но гледам дека уште нема ништо а дечкото кажа дека нема ништо ке дојде :) јас денеска зедов тест да си видам и нз што да правам а имам болки во стомакот како да ке ми дојде но пред некое време имав хормонално пореметување и пиев едни апчиња ми давасе гиникологот и сеа нз што да правам помош :) :$
     
    На Tamatam му/ѝ се допаѓа ова.
  16. marc

    marc Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    пак да си го изневериш дечко ти... ццц
     
    На lloovveellyy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. noname35

    noname35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    7
    Здраво девојки. Овој месец ми доцнеше 9 дена. Сега добив но само 2 дена (обично ми трае околу 6-7 дена). Главата ме болеше премногу, а пред 5 дена правев тест за бременост и излезе дека е негативен.
    Дали е можно да сум бремена ??
    Ви благодарам однапред.
     
  18. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    K-swwwty за тоа што си го изневерила дечко ти нема воопшто да го коментирам. И мислам дека менструацијата неможе секој месец да ти доаѓа на иста дата. Ако не ти дошло може да е од стрес или некои други проблеми ако си имаш и си вознемирена. Кога го изневери дечко ти? Да не е премногу рано за тест. Јас колку што имам прочитано, слишнато симптомите за бременост се појавуваат после 2 недела или 15 дена. А тоа што имаш болки во стомакот може да е од храната или пак затоа што треба да ти дојде. Како и да е да не должам чим сте користеле заштите и ако си сигурна дека не свршил во тебе не гледам проблем.
    Noname35 Мислам дека не си бремена. Ама ако се сомневаш по 1 недела направи си пак тест. Се зависи од тоа кога си имала секс. Симптомите ако си бремена неможе да се појават веднаш. Сепак јас не сум доктор ти кажав тоа што те болело главата е нормално може од промената на времето да е или било што ама ако не си сигурна појди си на доктор или по некое време направи си друг тест.
     
  19. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234

    Паа ако си имала незаштитен секс, или ако типот свршил во тебе, а си била била во/околу плодни денови (што не секогаш и кај секој играат голема улога при зачнување, ама ете одиме според теоријата), има шанси. Имам читано дека нормално е да дојде до слабо крварење во периодот кога треба да дојде менструацијата, и тоа значело дека оплодената јајце клетка си дошла на место (ова се случува обично 2 недели по односот). А, тестот за бременост нема да ти покаже толку рано, затоа што АКО си бремена, количеството на хормонот hCG (што се произведува откако јајце клетката ќе се оплоди, односно за време на бременоста) уште е на многу ниско ниво за да биде детектиран, односно го нема уште доволно за тебе тестот да ти се покаже како позитивен.
    Искрено, немаш пишано каква била ситуацијата за да важи колку толку ова горе што ти го пишав, ама ако си имала незаштитен секс или свршување во тебе, да сум на твое место, би отишла одма на гинеколог. Со среќа :)
     
  20. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234

    Па штом имало заштита, немало пукнат кондом и слични непријатни ситуации, најверојатно ти е од апчињата што ти ги дал гинекологот, ама во секој случај треба да се информираш повеќе за нив, за еве во ваков случај да не се нервираш за џабе. Поздрав :)