Симптомите на бременост и на ПМС се слични, меѓутоа во случајов мислам дека ќе добиеш. Еден ден доцнење не е ништо, не е тоа швајцарски саат. Секако јас секогаш викам при незаштитени односи секогаш има шанси... но вие си знаете колку сте внимавале.
Си внимаваме и тоа многу , ама со оглед на тоа дека сум тазе навлезена во овие води , може и оеганизмот поинаку да ми ја прифатил промената , па оп сега ќе си паничам
Здраво девојки, сакам да ве прашам за мислење. На 20ти овој месец имав односи со мојот дечко, но не сврши во мене. После 3-4 дена јас добив менструација и мене ми беше кратка прв ден имав многу, а после другите денови и немав колку што имав. Се загрижив. Но, додека имав менструација јас пиев антибиотици бидејќи бев болна. И решив да одам на гинеколог. Гинекологот ме гледаше на ехо, и ме испрашуваше и ми рече ќе ме прегледа вагинално. И додека ме гледаше на ехо искористив да го прашам зошто при секој однос ме боли доле и тој ме прегледа и пак ме праша за менструацијата и не ме прегледа вагинално само ми рече бремена си. Јас се испаничив, многу сум млада не сум спремна за дете и ми рече купи си тест и утре донеси ми мокрача. Јас купив тест го направив и испадна негативен. Прашањето ми е зошто тој не ме прегледа вагинално за да ми каже веднаш туку ме прати да си купам тест за бременост? Ако може повеќе мислења и без предрасуди. Не сум трол.
Најубаво ќе дознаете од мокрачата ама не ми се верува дека си бремена, зошто тестот е негативен, а рано е да се види на ехо. На 4д можел да види или вагинално. Кога ќе имаш резултати од мокрачата?
Не ми кажа, тој мислам ни самиот не знае. Ме чуди зошто вагинално не ме прегледа. Ми рече утре да му однесам со првата мочка. Но јас немам симптоми на бременост, не повраќам и не сум склона кон јадење, ме разбираш. Првин тест ми рече направи си, после се премисли ми рече имаш нешто на ехото а јас не се разбирам, после рече бремена си, па рече тест направи си и мокрача донеси си. А кога не му кажав дека сум сексуално активна беше спремен вагинално да ме прегледа. Ме исплаши многу.
Леона зошто не го гледам твојот одговор? Леона, јас го купив тестот be safe што се прави било кој дел од денот. Само да не сум трудна. А се друго се лечи мислам.
^^ Отиди уште утре кај друг гинеколог, ова што го пиша толку ми е несериозно и непрофесионално, тој како да се мајтапи со тебе!
Ти благодарам, но според вас дали мислите дека сум бремена? Според описот, блиските ми велат не сум бремена.
^^Апсолутно не си! Дечко ти не свршил во тебе, немаш од каде да забремениш, на страна што си добила и што тестот покажал негативно. Кој му е проблемот на докторот не ми е јасно...
Ти благодарам уште еднаш на одговорот. Јас мислам утре да не му носам мокрача, бидејќи и општиот матичен лекар може да види дали има нешто од мокрача. Башка, докторот не ми отвори ни картон. А два дена по ред му говорам за картонот. Има гужва тамо, но сепак да беше барем коректен со мене. Ти благодарам уште еднаш. Секој одговор ме смирува и ми значи.
^ Си бараш утеха ама на погрешно место си дојдена. Нека те прегледа доктор и само тој може да те смири. Дечкото дали свршил во тебе или не, само тој си знае, менструација може и во бременост да добиеш а тестотовите не се секогаш точни. Лошо е ако се ова се поклопи ама не е неверојатно, затоа прегледај се. За симптоми рано е, а блиските немаат супер моќи да погодуваат рана бременост од око.
Тој сврши на мене надвор на стомак. Не може преку папок да бидам трудна, не зезај. Ја видов спермата со свои очи и затоа гарантирам дека не е свршен во мене. Епа тој можеше да ми каже ако ме прегледаше вагинално и ми речеше да бремена си, кога више и на ехо видел. Што ме праќа да правам тест за бременост?
Прво да кажам дека сум активен член на фемина скоро две години. Со причина не пишувам од мојот профил. Имам проблем па сакам ваше мислење Последен пат имав секс со дечко ми на 17 Септемвири, за време на сексот дечко ми ми кажа дека кондомот паднал, се испаничив, го прашав дали сврши ми рече не, сигурен беше во тоа. Јас обично добивам циклус на 27-28, ама месецов не добив, еве трет ден немам добиено, утрово правев тест знам рано е, ама не ме траеше кожа, и тестот излезе негативен. Постојано трчам во веце, имам тапи болки во долниот дел на стомакот и половината, градите ми се подуени и постојано ми се јаде нешто, и имам обилен вагинален исцедок. Ме интересира дали има место за загриженост или Заборавив да кажам дека скоро цела недела сум настината, па си се тешам дека трчењето во веце е поради тоа.
^^ Не знам зошто така ти рекол, може рана бременост не се гледа добро дури и вагинално да те прегледа па не е сигурен, не се разбирам. Секако ќе одиш на преглед, што фајде да се убедуваш тука?
Jas koga ostanav bremena tapi bolki imav vo 4ta nedela od bremenosta, a pocnav da odam pocesto do vece duri po 6ta nedela. Simptomite iskreno za menstruacija i bremenost se slicni... Pocekaj da ti kasni, barem nedela dena za da bide testot tocen, ako ispadne negativen ti docni od sto mislis na toa :/ Ima dosta pricini za docnenje, mene ednas 25 dena mi docnese, a redovno dobivav... Stres, hormonsko poremetuvanje. Testovite obicno se 99% tocni, jas od 30 denari preku den go pravev i ispadna pozitiven
Не си бремена, повеќе личи на ПМС. Инаку зачестено мокрење во бременост е резултат од притискањето на фетусот врз мочниот меур. Градите отекуваат или се зголемуваат после некојси 2 месеци од бременост што значи млечните жлезди се подготвуваат за создавање на млеко. Така да изгледа дека е само стрес, штом се врамнотежат хормоите веднаш ќе ти дојде.
Девојки, јас ја послушав Наушица и закажав преглед кај друг доктор. Е сега сите што ги познавам и што биле бремени ги прашав и ми го дадоа истиот одговор дека не може. Од друга страна, имам роднина која е медицинско лице и ми ги објасни некои работи. Но ми кажа дека и тоа што покажало на ехото можело да биде циста. Фамилијарно сите женски во фамилија имаат циста, вклучувајќи ја и мајка ми која ден денес ја има но не и смета. Сакам да ве прашам дали би можело тоа да биде? Мислам топчето што се гледало на ехото?