Е ајде де, 99% со 1%???? Само да се рециплира. Сите тестови по 2 дена каснење даваат точни резултати.
Е па бубаче ептен не се разбравме. Јас реков дека генерално по 2 дена каснење ќе даде точен резултат, а тоа не значи дека ќе биде позитивен.
Мислам дека тука не си напоменала дека можеби нема да е позитивен. Ти потврдно и одговори да. Што значи дека беше сигурна. Овдека сите можеме да си играме гинеколози. Така да во случај 99% да е трудна, тестот може да излаже. Така да 1% играат голема улога.
Ke bide negativen ako ne e bremena, ke bide negativen ako e rano napraven. moze da bide negativen ako ne e napraven so prvata mokraca, vo toj slucaj koga ima rana bremenost.
Ама и девојката прашува дали тестот ќе даде точен резултат а не дали е поз.или негативен. И напишав да, значи резултатот би бил точен.
Тестот не беше направен со првата мокрача и покажа негативен, инаку веќе од пред 5-6 часа се јавува некаков кафеаво-розев исцедок можеби ми доаѓа, но овој месец се е толку чудно никогаш вака не е било
Јас имам металик сребрен одма ти го носам не чекај црвен, абе ај уживкај си во животот. Абе ти не си малоумна како мене, и мене не ме бива ама Хич, туку нешто во последно време се разработува малиот мозок од Климе ќе да е. Ти пишав прочитај, ако сте сигурни дека свршил надвор нема шанса од бременост.
^ Нe се расправајте за џабе бе. Факт е дека 1% не е ништо спрема 99, не вреди да се спомнува. Но ете мора да се има во предвид и тој 1% доколку и покрај негативниот тест сомнежот е тука. А за тоа дека е невозможно да се забремени без свршување внатре, и јас не се согласувам. Ова тврдење претежно го имаат девојки/жени кои забремениле намерно а при тоа претходно имале незаштитени односи и не дошло до несакана бременост. Но тоа не е никаков доказ, не има и такви и такви. Сетете се само колкав е бројот на случајно забременети. Доволно е да се избројат трудните невести де, и го имаме одговорот. Така да... не мора да се сфаќа буквално. Не значи дека ако не свршил внатре дека таа од некое си чудо забременила... јас тоа го сфаќам дека тој мислел дека не свршил внатре. А уствари и една капка е доволно за да се фати нешто, да не го повторуваме муабетот од пред две страни. Така да, незаштитениот однос ти е игра на среќа. Кој се изгорел (да напоменеме јас не сум), знае.
^ Pa spored tebe toj 1% e somnez taka?? Znaci i toj 1% igra vazna uloga vo DNK testovite koisto se pravat za da se potvrdat bioloskite roditeli. Potocno, nekoj si tatko nema da bude siguren dali deteto e negovo zatoa sto testot pokazal 99,9% . Toj 0,1% mu ja mati vodata sega. Znaci testot sepak ne e 100%
Ризик е ама затоа ќе се трга на време. Не мора секунда пред да сврши, а повеќето го прават ова. Тоа дечкото си го осеќа и може да се тргне пола минута порано (пример) па со други методи да помогнеш да заврши до крај. Не, сериозно, ние не користиме кондом и ова го практикуваме. Се трга дечко ми малку порано од потребното, чисто да бидеме целосно сигурни и убаво да видиме дека апсолутно се' излегува надвор. Што си е сигурно, сигурно си е. Не сакам да играм руски рулет. Па да се мислиме после дали било на време или не било, па дали имаше една капка или немаше, па може да имало, па да се убедуваме цела една недела дека нема шанси да се случило нешто... Такви стресови - не благодарам. Ако имаме втора партија, обавезно, ама обавезно имаме секогаш со кондом. Два пати едно по друго секогаш постојат реални шанси за бременост. Ако ова го практикувате, шансите за бременост се еднакви на нула. Од воздух не се забременува. Нешто ситно да се најде во предсемената течност може, ама само ако имате втор пат, инаку од нигде-никаде да се најде сперматозоид во предсемена течност при прв однос не може, тоа е факт. Зашто спермата при прв однос не стои во каналите, туку се создава при самото свршување. Затоа ризикот е во вториот пат, тогаш може нешто да останало доколку не излегло до крај првиот пат. Иако, поискусните отприлика знаат дали им излегла цела сперма или не. Ама сепак не можеш да бидеш 100% сигурен. Сите тазе мајки што ги знам околу мене, а имале непланирана бременост ми кажале дека забремениле заради скинат кондом. Си свршува фраерот внатре, зашто му е поубаво. Е ова е вистинско играње руски рулет. Ризикот ти е 50-50. Или е скинат, или не е. А дека некоја забременила ако се трга дечкото на време, тешко, многу тешко, всушност невозможно е. Од што да забременам кога спермата ја гледам пред мене? Логика. Затоа велам, на време. И тоа една секунда пред свршување не е 100% сигурно, подобро е порано. Не ризикувајте. За маливе не е постов. Тие што сега сте почнале со односи, обавезно кондом да си користите и плус тргање пред свршување.
Е за ова не си во право. Па сите ДНК тестови покажуваат 99 кома нешто, тој 1 посто значи дека тие 99 се онака од ништо и значи не му е татко? Не е за се баш така...
pa ti go rece toa :up: :up: :up: znaci i vo dvata slucai 1% ne e nekoj zagrizuvacki procent. I ne se zema u obzir.
Sakav da kazam voopsto ako ne svrsil vnatre deka nema sansi (ako spermata e na noga, raka, stomak, usta, krevet itn) sepak sekoj si ima svoi razmisluvanja, jas sepam mislam deka mal procent ako vleta i na pocetokot na vaginata moze da se ostane bremena(ima nekoi sansi) a ako e skroz nadvor, nikakvi
Taka jas mislam zatoa sto 2 godini so deckoto imavme bez kondomi (vo tie godini sme imale sekako i na den po povekje) i ne ostanav bremena. A koga resivme bebe da pravime, vo obid od dva meseci ni se fati Moze i zatoa takvo mislenje si imam.