1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сум бремена?

Дискусија во 'Бременост' започната од marina.maca, 15 декември 2009.

  1. bokace

    bokace Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
    Hehe mila jas prviot pat na nepolni 19 zatrudniv znaci 18 godini imav ... Ne bi trebalo da razmisluvash na abortus ,zatoasto sekogash postoi rizik od toj abortus ... Bidejki baras sovet , moj sovet ti e ( iako ste vo tie ludi i neodgovorni godini e ) da si uzivash vo bremenosta :*
     
    На Sfera му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Значи НЕ МИ Е НАМЕРАТА да осудувам, ама како можеш да размислуваш на абортус кога уште не е ни потврдено дека си бремена :!: Значи уште во старт си решена дека ќе го абортираш, друга опција не доаѓа во предвид? Па, Боже Мој како што велиш имате по 24 години (во ред годините не се мерило за тоа дали некој е спремен/не спремен за да стане родител), ама јас на 19 год. останав бремена, сопругот имаше 25 и не размислувавме уште во старт на абортус. Мислиш дека мене доаѓањето на моето дете не ми ги поремети сите планови кои тогаш ги имав, не да ми ги поремети, цел свет ми се сврте наопаку, ама седнавме со трезна глава, размислувавме, планиравме, и донесовме одлука дека треба да го задржиме детето. И ете уште сме живи, полека одиме кон остварување на плановите кои сме ги имале, јас завршив факултет за 4 години, запишав постдипломски, уште еден испит ми останува и ќе почнам со подготовката на магистерската теза, сопругот работеше година дена работа што не му се баш допаѓаше, ама после се вработи на струка и зема солидна плата. Нашите родители помагале и помагаат колку можат. И така тераме некако. Се' се може само ако се има волја. Кога ќе го видам лицето на моето најмило, ништо не ми е важно и за ништо не се каам, уште илјада пати да се најдам пред одлуката дали да го задржам или не, би се одлучила за првата опција :!:


    И НЕ МИ НАМЕРАТА да наведувам некој/а кон одлуката по секоја цена да не се абортира, туку да се размисли добро, пред било што да се одлучи! Затоа што одлуката се донесува само еднаш, потоа нема назад!
     
    На jacqueline.s, glosipgirl, SV1911 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.150
    Допаѓања:
    76.032
    Пол:
    Женски
    Eve ti poddrska od mene, jas imam 21 i bremena sum 4ti mesec i sum presrekjna :) 4ta fax ucam vonredno i si odam na fax koga mozam. Samo sto nie si planiravme bebe... Sega neznam kakva e tvojata situacija, no nikogas ne stavaj abortus prva opcija. Sepak toa e dusa malecka koja saka da dojde na ovoj svet. Tolku luge se macat da imaat deca, a nekoi ubivaat :/ Razmisli ubavo, razgovaraj so bliski, roditeli tvoi negovi...
     
    На bokace, Lovely93 и zalosna им се допаѓа ова.
  4. nina19

    nina19 Нов член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Девојки мене некаде осми ден ми касни претходниот месец имав заштитен однос и ми дојде редовно менструација но овој месец немам уште. Дали е можно нешто? ммн се плашам. Бев на гинеколог но докторката рече и да иимало нешто не би можело да се види.
     
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    ^ И јас не би да осудувам, но не можам да не искоментирам. Проблемот е што имаме 24 години? Што треба ова да ни каже? Уау, колку сте малечки, луѓе второ дете чекаат на тие години. Повеќе ќе сфатев да дадеше за пример било каква друга пречка, па и финансиска да е. ;) Иако што и јас стојам на ставот дека ако се сака се е возможно и 7 години врска не се малку и годините ви се таман а вие размислувате на абортус. На 24 години по 7-годишна врска да забременам а да не се израдувам може само ако не планирам иднина со партнерот. А во тој случај и не знам зошто сте заедно 7 години. Нејсе, не ти држи вода тоа дека сте зрели, затоа што вие токму со ова покажувате незрелост. Знаеш што ќе се случи? Сега ќе го абортираш бебето и за година-две ќе решите навистина да стапите во брак и да станете семејство. И што? Си убила мала душичка, плод на љубовта за да создадеш нова намерно за само по една година? Има и вакви случаи, што ич не можам да сфатам. Луѓе години што немале за да размислуваат за брак па ако се случило поместиле планови и се зеле, а вие за година-две разлика. Освен ако не планирате на 30+ извини, може моја грешка е. И немој веднаш да мислиш дека те осудувам, бидејќи не те осудувам туку сакав само да допрам до тебе, затоа што реално мене што не те ни знам ми е криво за тоа бебе, не знам како тебе ни малку не ти е.

    А за Sad-Girl, исто така не сфаќам... да пиеш Норлево за секој случај (само поради предсемената течност) а пред тоа си пиела Примолут за да одложиш менструација, па уште сепак се прашува дали е бремена... да бе бремена си, ќе родиш Примолут Нор. |( Си немала никаква причина да го пиеш апчево, а не па и покрај тоа да се сомневаш на бременост. Шансите се 0.0000000. Камо така да се забременуваше, никој немаше да има проблем со плодноста. Разбирам дека си почетник и исплашена, меѓутоа биди малце поодговорна. Тие јајници ќе ти требаат утре а ти ги клукаш со Примолут и со Норлево за краток временски период. Нормално е да не ти дојде менструацијата во предвиденото време, Норлевото остава хормонски последици, не може да си е се исто како да си се напила витамин Ц, не се секирај, бременост нема па и 15 капки да капнеш на тестот.

    Нина, не е можно штом си имала заштитен однос. Не се оптеретувај, сигурно ќе ти дојде. Нормално е да се поремети малце од времево. Не е страшно 8 дена доцнење.
     
    На jacqueline.s, Sky-butterfly, zalosna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    Ne moze porano da detektira bremenost, bidejki jas koga ostanav bremena ispituvav krv za da se vide dali ima bremenEnos i izleze deka hcg hormonot mi e i ponizok ododsto treba i rezultatite kazuvaa deka ne sum bila bremena, a usvari jas bev nekade na pocetokot. Potoa koga mi.zadocni so test proveriv. Znaci treba da pomine vreme i da se zgolemi hormonot. Nekade posle vtorata nedela.
     
    На Sfera му/ѝ се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Зошто абортус, имаш убава врска од 7 години. Ваљда можете да се земете и да формирате семејство.
    За абортус е многу скапо, зависи од гинеколог до гинеколог.
     
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Потрудете се да не абортираш, сепак имате по 24 години. Не се знае кои ќе бидат последиците од абортусот, може да се случи потоа никогаш да не можеш да останеш бремена.
     
  9. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.345
    Хммм, кога ве читам, понекогаш се прашувам зошто се извинуваме на некоја феминка дали ја осудуваме или не. Штом си го напишала мислењето значи сака да биде пофалена, критикувана, осудена. Некој да и каже во право си или не си во право. Во секој случај ќе добие или поддршка или осуда. Поубаво ние кои сме објективни отколку некој кој ќе биде субјективен и емоционално поврзан (ова може и да биде и позитивно или негативно).
    Сега за „проблемот“ што го има феминката. Не ми е јасно од која причина се маткате 7 години? Ваљда за да еден ден се земете и оформите семејство. Што има врска ако е сега или за две години. Поважно е прашањето дали ќе можете да се гледате во очи свесни дека сте убиле дел од себе. Иако сте согласни сега за некоја година ќе се каете, во вас постојано ќе има едно гласче што ќе ве прашува зошто го направивте тоа? Недоволна љубов, неразбирање помеѓу вас двајцата. На пр. зошто не сака сега да ме ожени, зар му смета што ќе му родам дете или пак, зошто не сака мое дете, зар овие 7 години не и се доволни да сфати дека ја сакам итн. Овој случај ми е ист како и тој идеме 10 години ја побарав за жена и ми рече не. Само со многу потешки последици.
    Размислете убаво, седнете, напрајте муабет видете ги за и против мислењата па после одлучете, а да, и разговарајте со вашите, никогаш не знаете кој најмногу ќе ве поддржи.
     
    На WORRIED.BT, zalosna, Lovely93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LadyVamp

    LadyVamp Активен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    79
    Јас мислам дека после дури седум години со некого е нормално да се размислува за бебе и за брак. И плус по 24 години имате не е тоа малку баш е доволно,мене мајка ми на 18 ме има родено тоа е веќе рано ама ете сепак ме родила. Тоа е мало сушстетство кое што живее во тебе,душа е,плод на вашата љубов и долга врска,јас на твое место би скокала од радост. :| И сега не знам ова како ќе го прифатиш али јас директно си кажувам се,значи после абортус можеби нема да можеш повеќе да остануваш трудна. А тоа е многу многу болна работа. Нашите кумови се во брак 18 години веќе и не може да имаат бебенце,милион пати се обидоа но секогаш имаше спонтани абортуси и жената сосема се уништи се повлече во себе :( Размисли со ладна глава,поразговарај со него,мајчинството е најубавото нешто кое што може да и се случи на една жена.
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Секоја бременост е индивидуална работа. Намерно го споменав ова затоа што знам за случај кадешто се откри бременост во единаесеттиот ден. Не велам дека секогаш е така.
     
  12. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    На 24 години, 7 годишна врска и сакаш да абортираш, извини ама воопшто не те оправдувам.
    Некои плачат за деца а не можат да ги имаат, а некои па се благословени а ја одбиваат шансата.
    Јас се би дала да можам да имам деца, ама јебига секогаш го немаме тоа што го сакаме :|
    Биди среќна што си бремена, уживај во бременоста, немој да правиш грешка и да го убиеш тоа во тебе :)
     
    На jacqueline.s, Barbie20, zalosna и 3 други им се допаѓа ова.
  13. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.190
    Допаѓања:
    145.559
    Пол:
    Женски
    24 години имаш а не 14...па размислувај следствено на годините.
    7 години врска за што ја тегнете ако немате сериозни намери....велиш не користите заштита 6 години,па биди срекна што првпат си забременила дури сега оти можело да се случи тоа и на 18....сакаш да уживаш е па треба и со последиците да се носиш....а бе маче да треба да фрлиш ке подразмислиш а не пак за бебе...
    не носи одлуки брзоплето...размислете со трезна глава и разговарајте со домашните.
     
    На jacqueline.s, crazylady, Lovely93 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.150
    Допаѓања:
    76.032
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Денес направив тест за бременост и покажа позитивен. Ми доцни неколку дена...
    Сакам да прашам колку се релевантни тестовите, иако на нив пишува 99%...
    Ги пребарав сите клиники за да најдам гинеколог и да се информирам за опциите, ама денес не работат.
    И пошто резултатот е позитивен сакам да се информирам кои се можностите за абортус....
    Методи и клиники. Ако има некој искуство го молам да сподели.

    Ova e napisano od ZDR vo temata za Abortus... Devojceto kako sto gledam navistina samo abortusot go gleda kako opcija, mnogu mi e zal :/
     
  15. bokace

    bokace Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
    Mnogu zalno ! Ke dojde vreme koga ke place za bebe :x :x
     
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Никој од нас не змаеме од кои причини првата помисла е абортус и всушност ништо не знаеме, така да можеме само да си коментираме со нашите мислења. Би ни било мило ако ZDR се јави и напише нешто за својата или нивната одлука, без разлика каков и да е резултатот.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    ^ Искрено и мене ми е многу жал... и мислам дека колку и да не ја знаеме ситуацијата, за мене нема доволно добар изговор за да убиеш малечко суштество кое се создало во тебе. Самата помисла дека е тука во мене а јас свесно го убивам не би ми дозволила да абортирам ма какви причини и имала. Тоа е мое дете. А не па од 7-годишна врска... да се работело за врска за една ноќ можеби и ќе сфатев, да родиш дете сама од потполн странец... но вака не сфаќам, ни двајцата не ги сфаќам. Да се најдеше тој попаметен малце па да ја разубедува. Ама не, исти се... нормално, затоа и издржале 7 години заедно непланирајќи иднина. Им чинело и си терале. Ѓон треба да си навистина. :tmi:
     
    На SelinaKyle му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    ^ мој совет е да не носите избрзани заклучоци кога е во прашање абортус и зошто некој одлучил да абортира.
     
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Абортусот е веројатно најтешката одлука која една жена може да ја донесе во својот живот. Навистина ми е жал за ZDR.

    Пс- Лавли, може дечкото е тој кој не го сака бебето? За жал, знам за неколку такви случаи кога на девојките им било кажано дека ако го задржат бебето, сами ќе си го растат бидејќи на нив (дечковците) ни на крај на памет не им било да се женат и да чуваат деца.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    А покрај тоа ете реши да го задржи! Каде се тука родителите, стамбено прашање, вработување, верувајте не е лесно да донесеш одлука за абортус, ама постојат многу околности, не дај боже никому да му е случи најлесно е да судиме.
     
    На gingerchild му/ѝ се допаѓа ова.