Абе порано имала камен во бубрегот уште пред да ја запознаам, и често и се случувало да има нередовна менструација али ова е најмногу сега, најголем период... Битното ми е мене дека ама баш нема шанси тестот да покажал грешно? Минимум 10тина ден пред тестот немавме однос што значи сигурно од последниот пат имаше доволно време за да се покаже дали има или нема нешто..
Ништо страшно, мене ми се случило и два месеци да не ми дојде, па да дојде третиот месец,а може да си направи уште еден тест за секој случај. Камен на бубрег мислам дека нема врска со менструацијата. Тоа е честа појава кај луѓето, болна е многу ама се лекува, кај женските полесно излегуваат каменчињата. Доста се плашиш, како да е можно ти да си труден а не таа.
Значи цел месец и' касни? Според ова што јас пресметав. Не е во ред. Штом сте направиле тест и излегол негативен, значи не е бремена ама има многу други причини за доцнење на менструација. Се случува некогаш на некои девојки да им доцни цел месец, а следниот да имаат менструација, ама сепак тоа не е во ред, тоа значи дека има некој проблем, не е нормално и не треба така. Можете да направите уште еден тест за да бидете вие сигурни, ама штом првиот излегол негативен сигурно и овој ќе излезе. Не е бременост во прашање, затоа мораш да ја натераш да оди на гинеколог, тоа е единственото решение.
здраво девојки ве молам за совет. последен пат добив на 25 октомври и досега сум имала редовни менстурации. На 12 ноември имав обид за незаститен секс ( невина до тогаш) пенетрираше неколку пати но не се случи ништо, значи немаше кинење на хименот или пак крварење (едвај влезе малку) Како и да е тој сврши се разбира надвор од мене, но потоа пак имавме некој обид за секс но ништо( инаку по моја пресметка бев во плодни денови). На 19 ноември повторно имавме незаштитен однос но овој пат пенетрираше целосно, прокрварев ( со тоа ја изгубив и невиноста). Меѓутоа вчера и денес се појави некаков кафеав исцеток. Прашањето ми е дали овој исцедок се појавува како резултат на тоа со ја изгубив невиноста и крварев па е резултат на застарена крв или пак претставува сигнал за имплантација. можно ли е да сум останала бремена првиот пат ( иако не верувам) па да сум забременила од предсемената течност. инаку треба да добијам на 25 ноември. ве молам за совет да правам тест или да почекам уште малку
@Animary тест се прави ако не ти дојде на 25ноември според твоите пресметки, а не пред менструација. Џабе ќе фрлаш пари нема да покаже ништо тестот. Почекај уште малку.
Оваа тема станува премногу напорна. Сто пати се врти истото па истото. Патем ќе кажам по стоти пат дека тест се прави и после 5 дена од сексуален однос и ако има бременост ќе се појави контролната линија ама многу бледа. Тоа во секој случај покажува бременост.
ве молам за совет менструација имав на 17 одосно 18 ризичен секс имав на 26 напомнувам ризичен и пиев норвело на 27 односно по 17 часа потоа по една недела имав онака малку крв тоа бешенај веројатно од апчето требаше да добијам на 17 а сеуште немам веке 5 дена ми касни тестови имам направено 4 и сите се негативни
Нова сум тука па сакав да прашам нешто.. Со мојот дечко имаме неколку пати незаштитен однос, но тој никогаш не свршува во мене дури и се случило да имаме однос 2 пати едно по друго.Дали имам некакви шанси за бременост и покрај тоа што пијам Диане? Фала многу однапред
Читате ли упатство кога пиете лекови? Баш убаво си пишува дека менструалното крварење може да се јави порано или покасно и со различен интензитет, а и може да направи дисбаланс во наредните неколку менструации. Не би да делам памет, ама луѓе читањето на упатсвото е од ваша корист. Не, апчињата се контрацептивни и те штитат.
Jas koga go imav prviot seksualen odnos, pa krvarev edno 3,4 pati vo odnosite. A potoa imav neredovna menstruacija poradi toa moze nekoi 4,5 meseci. Potoa duri mi se stabilizira. Imam pisuvano i jas i uste eden kup vo temava deka sansite za zabremenuvanje so predsemena se minimalni, decko ti treba da ima "konjska" sperma pa da zabremenis taka parovi si imaat odnosi bez kondomi... Pa nikogas ne sum slusnala deka nekoj zabremenil taka. Osven so sum citala nekoi prikazni, nekade Ako ti kasni, pravi si test.
А бре деца ако се забременуваше така, јас ќе имав секое летенце детенце. 8години, секоја втора вечер, незаштитиен однос и ни една несакана бременост
I jas toa sakam da kazam... Jas skoro 2 god nezastiten odnos imav, nikogas kondomi ne sme koristele pa ne ostanav bremena, tek koga resivme da pravime bebe... Dva meseci vo mene... Pa ne sekoj den ama skoro sekoj den svrsuvase, pa tek tretiot mesec mi se fati
А што ако таа сака да е бремена (или може е и знае за тоа) но го одложува одењето на гинеколог за да е касно за абортус, пошто дечко и очигледно не сака бебе? Има и вакви луѓе, верувале или не... некој ќе мисли претерувам ама можно е и тоа. Плус ако добро разбрав таа правела тест пред датата за добивање, некои си десетина дена и нешто плус од последниот однос. Да е лажно негативен шансите се огромни, па дури и да не било сеуште настанато оплодување. Не ги знам деталите, но ако навистина и односите биле ризични мислам дека не е во ред со еден предвремен домашен тест и без повторување на истиот, без посета на гинеколог, да си седите и да се надевате дека туку така може да си прескокне месец. И да е така, тоа треба да го утврди гинеколог, а не вие со нагаѓање. Инаку не знам друго што би криела девојка му за тоа зошто не добива, мене само ова ми паѓа на памет затоа што ние женските за тие работи сме поинакви, ако веќе сме се впуштиле во целосно незаштитени односи знаеме дека секогаш има одреден ризик и со тек на време без да забележиме се тренираме и да го прифатиме тоа доколку навистина се случи. А доколку знае дека партнерот воопшто не би се израдувал на такво нешто, се плаши да не ја тера на абортус. Апсурдно, но за жал има такви машки.