Не е од предсемената опасноста туку од сперматозоидите останати во каналот, а и не мора да значи. Имала односи едно по друго што значи дека сепак има сперматозоиди во каналот кои што се и тоа како живи.
Здраво девојки ми треба помош Пиев апчиња јасмин поради цисти и сега ги прекинав по две години. добив на 31јануари и сега овие два три дена ме тера да мокрам почесто,имам гасови во цревата и зголемено бело прање некогаш така бојата не е секогаш чисто бела. Последно имав односи на 15јануари ама добив нели на 31.(немам често односи од различни градови сме со дечкото) од тогаш немам имано. треба да одам на контрола на почетокот на март. ај ве молам за совет,што мислите дека е ? јас мислам дека не е бременост.
Здраво ..имав однос со дечкоми во кој не бев уопште сигурна.Беше при крајот на јануари некаде 20ти а мене ми доага на почетокот на месецот околу 5ти.Си добив на време ми траеше нормално се убо.Сега еве поминаа неколку дена од крајот на меструацијата почнувам да осекам некој главоболки болки во полвините гргорење на цревата..дали е можно или претерувам?
Здраво девојки.... Минатиот месец имавме незаштитен однос со дечко ми направив тест за бременост испадна позитивен но вчера добив ве молам за совет. Фала однапред
Cim e pozitiven testot bremena si, ima zeni koi si dobivaat prvite meseci. Ako testot e pozitiven toa znaci deka nivoto na hcg e zgolemeno i nema nikakvi sansi da e gresen pozitivniot test. Ima odredeni slucai da e gresen dokolku si piela lekarstva koi sodrzat hcg (no kako sto znam obicno toa se lekarstva za pomos za ostanuvanje bremena)....
Феминки, не знам зошто од другиот профил не можев да коментирам, затоа направив нов. Значи, може ќе прашувам глупости ама навистина сум во паника и сум збунета. Во петокот, со дечко ми имавме односи, со кондом, и кога почна да свршува го извади од мене и одеднаш ме прсна по стомахот. Го пуштивме светлото и кондомот беше помеѓу неговите нозе на креветот. Испаничивме. Во кондомот имаше малку сперма, па претпоставуваме дека е паднал кога се извлекол од мене. И останатиот дел заврши на мојот стомах. Инаку овулацијата ми беше претходната сабота, во неплодни денови сум. Бевме премногу преплашени да не случајно има нешто во мене, тој рече дека ако е бил без кондом 100% ќе почувствувал, и од избезуменост и двајцата, поради тоа што прв пат ни се случува вакво нешто, сакавме да купиме таблети за ден потоа. Бидејќи се информирав дека тоа не се пие како бонбони. Не зедовме. И сега ме фаќа паника. Треба да ми дојде за 6 дена. Имам низок притисок, засилено бело прање, многу голем апетит, болки во долниот дел од стомахот, ми се повраќа. Можно ли е тоа да се симптоми на бременост , или сепак ме тепа тешка психа ??? Помош.
Пред два дена сте имале односи, и за два дена ти доби низок притисок, бело прање, апетит и болки? Значи симптомите што се осеќаат девет месеци кај жените и тоа постепено, време после сексуалниот чин, ти успеа да ги добиеш за два дена. Честито бремена си. Очекувај следната среда да се породиш.
Па, напишав треба да ми дојде за 6 дена. Значи прв пат ми се случува вакво нешто. И сум како избезумена. Искрено благодарам на сарказмот. Барем ми залепи една шлаканица, да си дојдам при себе.
Ете да речеме дека се згрешило, не е ни медицински, ни физички ни никако возможно да се трудна сеуште, затоа што тој процес трае многу подолго од два дена. Треба спермата и јајце клетката да се сретнат, па да се спојат, па да се дотркалаат до матката, па таму оплодената клетка да се закачи на ѕидот од матката, па по одредено време да почне да се лачи хормон кој ги дава симптомите на бременост. Сетоа тоа одзема во најмала рака 2 недели. Така да се ти е од главата
Bogami samo takov komentar kje te sredi. Kakvi simptomi za dva dena ziti se, jas mesec ipol bremena nemav tolku simptomi hahaha baska spermatozoidite ne pretrcuvaat sami do matka, imaat kanal za da stignat do tamu i veruvaj deka nema preku stomak da ti vlezat dete ne se pravi taka lesno, zeni so svrsuvanje vnatre ne ostanuvaat vednas bremeni :/ i da zaboraiv, simptomite ti se tipicni za dobivanje, ete vikas treba za brzo da dobies
Се уште не сум пошла на гинеколог, нити сум направила теест, ама зборев со пријатекла општ доктор е, прашував дали може да се види дали постои бременост преку земање крв, венски во обична лабораторија и ми рече дека немало никакви шанси да покаже, имало други специјални тестови кои покажувале преку крвта и биле скапи 1500 ден. Мене искрено не ми се верува, ама па што знам, живееме во лудо време а и држава богами.
што све не изначитав еејј, не знам дал да плачaм или да се смеам Дефинитвно треба да се воведе сексуална едукација во училиштата, вака туѓ срам ме јаде..Знам дека попродуктивна ќе бев некој совет да кажев, но навистина сеуште не знам дали се сериозни, или тролови..се надевам дека досадно им е, i hopeee.
Kako be nemoze... Ne sum proveruvala i neznam, ama pobaraj po temive imas da proveris nekade za 500 den, dali avicena ili adrialab neznam..
Можно ли е тестот да покаже лажни резултати Јас вчера правев тест и излезе негативен. Ама ноќеска а и денес цел ден ме боли половината и долниот дел од стомакот и не како за добивање туку некоја тапа болка. Во Петок сум на гинеколог ама не можам да чекам до тогаш. Денес 9ти ден како ми доцни циклусот.
Можно е да даде лажни резултати. Меѓутоа не е само бременоста причина за доцнење на циклусот, може да и нешто друго, цисти, хормонални нарушувања итн.
znaci vaka sega treba mi pomos prviot odnos go imav na 8 februari, no sepak samo me skina bez kondom i potoa posle nekoe vreme prodolzivme uste mnogu malku pak bez kondom no toj ne svrsi nitu vo mene nitu nadvor od mene znaci vooposto ne svrsi.. posto sum 17 godini me maa psiha deka sum bremena i sum pod golem stres od simptopi skoro nemam nisto ama te kaj nekoj ne se pojavuvat tolku simptomi, a za 10 dena treba da mi dojde ... kazite mi mozno li e da sum bremena nekako neznam kako panika sum veke celo vreme nitu spiam mirno, ni mozam da ucam ni nisto ...
Spored informaciite sto gi dade, nema sansi da si bremena. Opusti se. Za da ostanes bremena treba da imas odnosi vo plodni denovi I se razbira deckoto da ejakulira vnatre. Ako imas normalen ciklus od 28 dena, togas od prviot den na menstruacija broj 14 dena I togas ti se plodni denovi + - den dva a Kako sto opisuvas ne ste imale odnos vo tvoi plodni denovi.