Здраво феминки... Пред 18 дена требаше да добијам но сеуште ми доцни. Направив два теста за бременост кои и двата беа негативни а ризичен секс сум немала. Имав симптоми како за доаѓање ( мрсна кожа, мозолчина, отечени гради...) но сеуште ништо. Дали некоја знае од што би било тоа што ми доцни... Досега сум имала редовна минструација. Поздрав...
Месечниот циклус може да се поремети и од стрес,нервоза,промена на време,користење на лекови ... Посети лекар најдобро ќе знаеш зошто е тоа така Мене често ми се случува да ми доцни од промена на време и од нервоза
Девојки. Требаше да добијам пред 5 дена.Имам исти симтоми како за добивање ама сеуште ништо.Болки во долниот дел од стомакот и половината.Со дечкото сме повеќе години заедно но ништо не се случи додека имавме односи за да ми доцни.Некој совет?
Дали може тестот да покаже негативен по 1 месец и 3 недели од незаштитениот однос ,а девојката да е бремена, и да има 2 менструации после незаштитениот однос добиено , женсками направи тест сур чек и излезе негативен ама не и доцнеше, сега се прашувам бидејки не и доцнеше а направи тест, а во упатството пишува дека ден по задоцнување покажува резултат ?
Имала две менструации, тестот е направен после повеќе од месец дена и мислите дека е трудна? Или јас не можам да те разберам, или вие стварно не разбирате како се останува бремена.
Дечки сакам да прашам.Имав менструација на 23.05 а незаштитен однос имав на 02.06 .Дали сум во плодни денови,? дечко ми при сексот веднаш одкога го извади одма сврши.Пишете ми совети ве молам.И кога е најдобро да направам тест.Благодарам однапред.
Вака сеа...Имав незаштитен секс со девојка ми ....знам дека згрешив и ми треба помош...после осудувајте..е сеа работата е што незнам дали свршив во нејзе...Не осетив дека свршувам , а до сега секад сум осеќал...Башка притоа немаше траги од спермна ни на мојот пенис ни во вагината на мојата девојка...дали е можно да е бремена , т.е има ли шанса да сум свршил во нејзе без да осетам и без да има никакви траги од сперма нигде...
Тест за две недели најрано. Или ден, два откако ќе ти доцни. Според пресметки ако овулација ти е на 14 ден, не си во плодни денови, но кај секоја девојка е различно. Не може никој освен гинеколог да ти каже со сигурност дали си или не во плодни денови. И шансите да си бремена ако не свршил во тебе се 0,2 %.
zdravo jas sum nova pa aj ke vi se pridruzam!ako moze nekoj sovet ili nes nezz.vaka trebase da mi dojde na 25 maj ama do denes mi kasni,a mi se gadi nemam simptomi za da mi dojde,ama be buni toa sto jajnicite me bockaat.pa ako moze nekoj sovet nez sto da pravam nez dali sum bremena,sakam test da napravam ama strav mi e da ne se razocaram ako ima nekoj so sl simptomi ako moz nekoj sovet ke vi bidam blagodarna!pozz
Имам доста нередовна менструација (ми доаѓа отприлика на околу 37 денови но никогаш точно не се знае) Нон стоп идeв боса, без боди и слични такви работи но последниве 2 години пазам и секој месец ми доаѓа а не како порано кога знаело да ми рипне некој месец. Прилично долго време имам дечко и фала богу и на тоа дошло ред па пред три месеци станав сексуално активна и тогаш некако уште повеќе како да ми се поремети, првиот месец добив на 47 дена а вториов месец еве веќе 58 дена поминаа и никако да добијам Бидејќи сум нова во ова можете и самите да замислите кои паники ми се дешаваат во главата но сум немала незаштитен/ризичен секс досега и дури последните неколку пати има свршувано надвор партнерот. (иначе во меѓувреме 22 дена имавме апстиненција од секс бидејќи беше на пат и од тогаш досега неколкуте односи што сме ги имале биле со свршувањето надвор) Направив еден тест пред некој ден и покажа негативно но приметив дека има поминато само 6 дена од последен секс(каде што сврши надвор) и не знам што да правам понатака бидејќи еве го не доаѓа уште.. Освен што сум цела исфрлана со мозолчиња, надуен како да ми е стомакот и еве недела дена по ред ми кркорат цревата абе оркестар ми прават хахаха Периодов имав многу ангажмани околу факултет, полагања, чекање резултати, стресови и чуда..бев на викенд два пати, почнав да пијам апченца за имунитет (но овие и претходно сум ги пиела али сега после поголема пауза продолжив пак), вежбам поактивно. Си купив денес уште еден тест да го направам деновиве да си потврдам пак. Би можело ли да е бременост а да не реагирал првиот тест..совет некој?
Здраво девојки. Можно ли е да добијам менструација и да немам никакви симптоми на бременост плус негативен тест, а да сум бремена?
Да, можно е, другарка ми првите 4 месеци од бременоста си добиваше редовно менструација, без никакви симптоми. Ни тестовите не се некоја гаранција, затоа што јас имав 13 негативни тестови пред да го добијам позитивниот, само што јас знаев да си го разликувам телото иако немав никакви симптоми на бременост, ниту мачнини ништо. Нормално бев во право жена што втор пат останува бремена не и треба симптом за да сфати дека носи бебе