Од пред семената течност. Иако шансите се речиси невозможни сепак постојат. Наведов и пример. За останатото се согласувам, тоа е резултат на не едуцираност.
Значи може правев семинарска за ова и се карав на друга тема, зошто знам дека може! Има сперматозоиди во предсемената течност. Може да се најде и некој упорен да стигне таму кај што сака! Па ако си и во овулација + ... Јас знам 3 примери, што не е и баш малце.
Последен пат имав незаштитен однос, не сврши во мене, тоа беше пред една недела. Сега може ќе ми се смеете, ама почнува да ми се гади и лоши, немам апетит, едвај јадам, и имам вртоглавица. Леле готово се узбуџив, ме фати паника... Можно ли е толку брзо да се појават симптоми? Ако се појавуваат да трчам во аптека тест да купувам лелеее
Мислам дека толку брзо не треба да ти се појауваат симптоми. да не треба да добиеш, па да ти се лоши или пак незнам од психата, па паника?
Рано е да добијам, таму кон крајот на месецот треба да добијам. А од психата не верувам да ми е, не се замарам околу ова за да ми е од психата, наеднаш ми се деси. И вчера ми се гадеше и имав главоболка
Не мора да значи дека се симптоми на бременост, мене ми се гади и имам главоболка за време на плодни денови или пмс.
Најрано јас како што знам, може да е после првиот месец од бременоста, значи нема шанси за една недела да ти се појават симптоми. Така да не се замарај, од нешто друго ти е
Проблемот е што јас прв пат вака се чувствувам, затоа се испаничив сега. Наеднаш ми се слоши и ми се гади, јадење нејќам да видам ни глад не осеќам онака јадам колку да внесам нешто. Главоболки сум имала одсекогаш тоа ми е од очен притисок, ама гадење вака наеднаш, вртоглавици и нагон за повраќање не сум имала
Оффи, и јас имам очен притисок и плус ако имаш малку повисок крвен притисок може до тоа да ти е .. или ако ти се блиски високиот и нискиот притисок. Ја знам грдата главоболка од очен притисок ... Сепак јас мислам дека не си бремена ... нема шанси ... Само психа те мава. Уживај и смири се. Ќе добиеш.
Офи тоа што го чувствуваш се првичните симптоми на глупавиов грип Не си бремена, рано е за да чувствуваш таки симптоми... Обрни внимание на витамините и земај колку можеш повеќе, болен грип е ова, верувај
мене дечкото ми сврши на п*****а а јас сум невина така само си игравме малце се спремавме за првиот пат и тој ми сврши, сега ми е страв да не останам трудна ве молам дајте некој совет
Ништо страшно,луѓе прават in vitro за да останат бремени,а тоа,знаеш се вбризгува длааааабоку внатре.А ти ако си невина,од кај очекуваш дека ќе влезе некој сперматозоид.Иначе на сперматозоидите им требаат посебни услови за да опстанат.Не се секирај ич,убаво да си спикаш,а кога ќе ја изгубиш невиноста, исто ова да го правиш,пак нема да си трудна,се додека дечко ти не сврши внатре во тебе,па дури и тогаш веројатноста е мала,зашто треба да ти го погоди плодниот ден
^^^ Геа секој ден може трудна да се остане не само во плоден ден. Ин витро се прави кога се има проблеми со плодноста.
Па тоа и сакав сликовито да и го кажамј,како може да остане трудна,ако спермата не е внатре во неа???
Не ти реков ништо за спермата ... само и кажав да не мисли дека само во плоден ден се забременува ... А кај и свршил како и свршил она си знае. И дали влегла сперма она си знае.
Малечката опиша дека било врз неа,како и да е ај ја де не гњавам Знам дека е offtopic, ама ме уби тешка insomnia
Луѓе ај можда сум трудна така да.... Имав односи пред 8 дена а баш тие дена тука требеше да добијам.... Значи ми касни да речеме отприлика 7 дена. Тест направив вчера испадна негативен, али по една недела е малку раничко мада ако бев ќе покажеше ваљда... Ако памтите ви кажав дека не сврши во мене, туку имавме секс, сврши се изми и после по 2 сати пак имавме. Само што тој по првиот секс не се измоча, али мислам дека 2 сати се доволно време за да не постои опасност... Ах леле требеше да се напијам норлево. И да напоменам градите ме болат и ми се потечени уште пред 4 дена, а имам читано дека нема шанси симптоми да се осетат по само неколку дена од односот. Бев и странство можда има врска промена на клима, и плус се зафркнав со контрацептивните апчиња напиј се заборај па ги прекинав на сред паковање што не се препорачува можда има и тоа врска. Умирачка уште ова ми фали, ах леле само да ми дојде има да частам по сите Што се направив и јас ваков паничар не знам....
Многу читаш овде по форумов, затоа Шегата настрана, не верувам дека си трудна. Рано ти е за симптоми, веројатно ќе добиеш, само што си ја одложуваш менструацијата со тоа што се нервираш. А и ситуацијата со апчињата може тука да замешала прсти. Немој да паничиш, опушти се, за да се смириш направи пак тест, и верувам дека ќе биде негативен.
А бе ние сите тешиме тука, не веруваме дека сте трудни, ама... Шала. Офи, ако не свршил во тебе, мислам нема причина за паника, гадењето може да биде симптом за грип, макар што мене и при плодни денови, и преголем сексуален нагон ми се има случено да ми биде гадно и нервозно Ама, за сигурно, тестче (и нели сакаше да бидеш невеста што се плашиш се зафркавам, да не ме сфатиш погрешно) Лакримоса, промената на климата влијае, и плус ете си направила тест, земи уште еден, ќе видиш. Само смирено девојки, ако се испаничите уште полошо ќе ви биде
Симптоми се појавуваат отприлика 1 месец после зачнување, не паничете одма Сакам да кажам и дека може да имате циклус првиот месец после зачнувањето, ама секако тоа може да трае најдолго до 3-4 дена и со мнооооооооогупослаб интензитет од обичниот циклус.