Па затоа те прашав тебе за да ми објасниш, затоа што можеш да ми дадеш конкретен одговор. Гугл само ме збуни, ништо не разбрав и затоа се обратив тука. ....
Дете, ако сите туку така остануваа бремени кај ќе ни беше крајот. Не е тоа плукни залепи. Ако е толку малер што не верувам тогаш е бремена. За да се забремени постојат многу фактори како надворешни така и внатрешни. Зависи од јачина на спермата од топлина на телото, од надворешни влијанија како топло, ладно и цела временска прогноза.Тајмингот на прскање на фолекулите и исфрлање на јајце клетката од нив, можноста за да допре сперматозоидот до неа за да ја оплоди и ај доста од реферати мислам дека барем малку разбра за твоите години. Од сега не бутајте прсти и раце со сперма внатре и не се бањајте во базен, када, море, езеро, не седнувајте на столчиња во автобус, може некој претходно дркал и оп вие трудни.
^Имав другарка во 7 одд.која прашуваше дали може од возење велосипед да остане бремена. Имала чувство дека седлото и влегува внатре
Ха, јас си знаев и затоа не возев точак Значи на кеј нема невина што вози точак. Шо им е лесно на машкиве. Ако неможеш да ја скинеш, купи и точак.
Девојки имав однос во неплодни денови.Неколку пати влезе во мене без кондом но тоа беше помалку од една минута а потоа продолживме со кондом.Бев минатиот викенд во Грција 3 дена а исто така пред две недели бев болна пиев апчиња.Ми доцни веќе 6 дена.Знам дека не е можно да сум бремена но што мислите вие ?
Знаете живо ме интересира дали некоја што поставила прашање овде -дали сум бремена,навистина е бремена . Искрено мене ми е страв да одговорам на некој со сигурност не си,зашто секогаш го прифаќам со скепса опишаното да речам искуство. Еве за @pinklife ако е така како што напишала тогаш со СИГУРНОСТ не е бремена.
Тоа е неточна информација. Ако беше тоа точно, мајка ти и мајка ми ќе имаа по 40 деца, јас сега ќе го носев шестото дете. И сите средношколки што биле допрени од машки прст, кој или имал сперма или немал, независно, ќе беа бремени. Исто на улица, секоја која некогаш нешто имала со машко ќе беше бремена, т.е. просто кажано сите ќе бевме бремени во секој момент. Така, после, Македонија немаше да има само 2 милиони жители, туку сигурно ќе имаше 100 милиони, а во светот ќе немаше место каде да се застане оти ќе беше преполно со луѓе и деца зачнати кај невини, виновни и со прст допрени и недопрени. Ајде размисли убаво, и кажи дали има логика ова??? Не читај се и сешто по нет и по форуми, а ако не се осеќаш спремна, немај ни односи, ниту дозволувај да се допирате.
Ајде ве молам да ги пријавувате таквите глупави и бесмислени прашања, наместо да испишувате страници, да трошите време на ништо, а јас потоа исто да трошам време на ништо и да ве бришам.
Па секој ден ќе треба да пријавуваме. Ај сега ќе почнат со испрашувања, тестови, па ќе се редуцираат и смешките. А и ти па расипувач на забави. Бриши таму еднаш месечно
Уживај таму ајде.Толку лесно не се останува бремена...Тоа ти е од промената на климата и апчињата...Опушти се не си задавај сама симптоми со психата....
Добро ајде, компромис тогаш, штом има луѓе што сакаат да си тролаат, а вие сакате да се позафркавате, ете може и ќе научи сепак некој нешто од зафрканциите, следниот таков пост ќе го префрлам во Насмевка како нова тема, Дали сум бремена? Смешно издание, или така нешто, (добредојдени се предлози по лп), па место да ве бришам таквите постови ќе одат таму (со тоа што ќе ве замолам сепак да ги пријавите доколку не ги видам), а оваа тема да остане за оние сериозно загрижените, што ете, можеби се скинал кондомот, или го ставил три пати, ама малку само и така тоа... Па, може ќе се случи чудо и ќе се намалат тролачките постови кога ќе видат каква цел исполнуваат.
Се слагам со реинбоу апла е дека Saisnalla xD трола невидено а па вие уште и одговарате, не е можно ова она xD
Имав незаштитени односи на 10ти август ми беа плодни денови ама не сврши во мене сигурно дека само два три пати го стави не беше блиску до свршување..добив два дена пред што требаше на 24ти август.Страв ми е дека има девојки што добиваат и трудни.. Вчера ме болеше стомак и ми се гадеше и денес ми се гади незнам дали е до тоа..има ли простор за паника?
се извинувам што мислењето го цитирам и тука но не знаев каде е посоодветно и доколку може сакам да добијам договор поскоро и да заминам на лекар доколку е потребно пред да биде многу доцна
Штом си добила, а не ни свршил во тебе, не си бремена. @honey.heart мислам дека крварењето ти е последица на апчето. На повеќемина им се има случено.