Лана ана , ако вака се забременува, јас до сега ќе имав 10деца, не се секирај, и јас некогаш така крварам по 2-3 капки обично за време на овулација.
Еве едно кратко,но кориснопредавање кое ќе треба да ги разбие твоите сомнежи Овулацијата обично е на средината на циклусот помеѓу 9 и 16 ден од почетокот на мензисот,а главно е на 14 ден,кај оние девојки чијшто мензис доаѓа на 28 дена.Вотој перид,јајце клетката од јајчниците се исфрла во јајцеводот и полека патува кон матката,каде што би требало да се вгнезди во ѕидот од матката,ако дојде до оплодување.Тоа се деновите кога можеш да останеш бремена ако имаш интимни односи без заштита.Овулацијата понекогаш можеш да ја почувствуваш како краткотрајна остра болка во пределот на јајчниците кон средината на циклусот,приближно 14 дена по тоа ќе добиеш менструација.Некогаш ќе ти се пристори дека си добила менструација,а по ден до два нема никакава трага на влошката,обично по такви денови се се јавува нормална менструација,со два-три тешки денови. За време на ПМС најнормално е да те болат градите,да имаш мачнини и да повраќаш да те боли половината и да имаш болки во долниот дел на стомакот-ТОА НЕ Е ЗНАК ЗА НИКАКВО НАРУШУВАЊЕ,ТУКУ ПРИРОДЕН ДЕЛ ОД МЕНСТРУАЛНИОТ ЦИКЛУС!Гинеколозите толерираат најмногу до 10 дена доцнење на циклусот! Среќно
фалаааа женскиии....инаку ми дојде официјално....за џабе паниките али тоа е сепак фала ви многу Gea танкс за предавањето ми беше многу корисно
Ах бре, така ако се правело деца како што мислите вие, немаше да постават мамка за зголемување на наталитетот Немаше да даваат паричен надомест за 3, 4 дете Туку децата така ќе се раѓаа, т.е штркот ќе ги носеше
Ми доцни еден месец порано имав нередовен циклус ама одкако се скинав почна да ми доаѓа редовно 30, 31 или 33ти ден сега прв пат се случува вака долго да ми доцни. Со дечко ми мислам дека не сме направиле грешка секогаш користиме заштита, сега сигурно не сум толку баксуз да пукнал кондомот. Пред една недела правев тест за бременост и излезе негативен, отечени ми се градите, ама пред 3-4 дена почна да ме болат јајниците а мене секогаш ме болат првиот ден од менструација.... Во понеделник планирам да одам на гинеколог ама до понеделник ќе полудам Сега ме интересира дали кога си бремена болат јајниците или тоа е од циклусот....
^ Да не те вадам од памет, ама и кога си бремена ги имаш истите симптоми како пред добиванје менструација. Јас незнам зошто толку долго чекаш, земи од аптека тест и провери.
имав односи со дечкото без заштита , ми бесше плоден ден баш ама он не сврши во мене.....дали има некој теоретски шанси да сум бремена ..... а деновиве нешто ме болат јајнициве и бело-золт секрет имам....дали е настинка или има некаков знак....ве молам за помош...поззз**
Сакам да ве прашам нешто... Имав два пати односи со мојот дечко,имавме незаштитен сексуален однос...Но тој не сврши во мене,ниту првиот,ниту вториот пат..Сврши на мојот стомак.. После сексуалните осноси се истуширав... Дали е можно да забременам?
Ти Благодарам многу... Значи сигурно не сум бремена? Зашто имам слушнато дека и од предсемената течност можеш да забремениш..
нема шански ништо да ти е, погоре се сите мислења поставени ово тој стил, прочитај и види, не се забременува така лесно,ај да ти касни подолго време да бидеш исплашена ама овде нема место за паника, значи нема шанси да си бремена
Да,деновиве треба да добијам.. али многу ми е страв ако не добијам.. знам дека немам некоја јака причина за да мислам дека сум бремена ама едноставно паничам :/
Добро бе женски. Ја читам темава и не можам да се изначудам. Толку да се имало сексуално не образовани девојки!!!! Не ми е јасно зашто не користите заштита?? Ај знам дека не е 100 отсто сигурна, ама посигурен начин од тоа амин. Дајте малку пазете се бре девојчиња. Не само од бременост, има и зарази и се по светот. Не се лутете вака што пишувам ама во денешно време не е за играње !
денес ми се деси многу чудна работа.. Деновиве треба да добијам.. пред неколку недели имав незаштитен сексуален однос меѓутоа не сврши во мене дечкото... туку на мојот стомак..денес имав црвена капка на гаќичките меѓутоа не добив... стомакот го осеќам надуен кога ќе го стиснам ме боли и многу ме боли главата неделава имам и болку во долниот дел на стомакот,тоа е највероватно од тоа што треба да добијам.. но сепак ме мачи нешто.. Дали сум трудна?
Не си, не му се секирај... Ако не свршил во тебе, нема место за паника. Мене баш истово ми се случи минатата недела, и после два дена ми дојде, така да уживај и не мисли на тоа...