Со дечко ми имав редовно односи, на почеток само е без кондом потоа тој става кондом и секогаш кога свршува свршува во кондомот и надвор од мене. Еднаш се случи кондомот да пукне но тој веднаш го извади од мене и стави нов и продолживме. Сега ми доцни 4 дена, а ги имам симптоми на меснтруација и имам бело прање.Некој совет од што би можело да ми доцни
Секој ден истото ќе го пишеш, и само бројот на денови ќе го менуваш? Еве феминката погоре сподели линк каде убаво е објаснато зошто може да ти доцни.
Колку и да е глупаво прашањето сепак ке си прашам. Овој месец 2 пати ми доаѓа менструација, првиот пат кога ми заврши имав секс и тоа незаштитен дечкото сврши надвор од мене, но сепак има некој страв во мене. Вчера повторно ми дојде менструација и ова прв пат ми се случува 2 да ми дојде во еден месец. Дури пред малку како да почна да ми се врти или сега од страв...имам ли место за паника? И зошто би ми дојдело 2 пати во ист месец? Ви благодарам.
Не сврши во мене Имавме два пати секс тој ден, не беше одма едно по друго, но ниеден пат не сврши во мене Ме интересираше дали ако во каналите му останало сперма и после неколку саати има шанси за бременост
Искрено неможам да ве разберам,како бе може да идете на чекор за односи а да не сте информирани за општи работи во врска со тоа?Па да му се невиди имате интерент,каде што ви е од А до Ш објаснето за све во врска со бремености,инфекции и што уште не.Ајде да сте глупави утепани некој човек да ве разбере,ама со сила изгледа се правите неписмени и глупави.Земете малце и така дреме по цел ден на интернет прогуглајте и научете нешто барем за вашето здравје и за она што ве интересира.
На колку дена е тоа 2 пати? Ако си имала на почетокот на месецот и сега ако имаш тоа ти се веќе од 25 дена повеќе, нормално е.
Првиот пат ми дојде на 5 ми траеше до 10 и вчера повторно ми дојде, а и да напоменам дека последните 2,3 менструации ми доаѓаат дури по 10 дена порано. Дали е можно што последниот период бев под поголем стрес? Ти благодарам
Мензисот е менлив, кај некого доаѓа на секои 20 дена, некогаш на 25 па дури и на 15-18 дена. Мене цел живот ми идеше од 20-26 дена па сега ич не ми иде, може сум бремена. Без грижа се додека добиваш редовно.
Благодарам Daleron за одговорот, малку се збунив бидејќи прв пат ми доаѓа двапати во месецот и бидејќи имав незаштитен секс. Овој период ми беше под голем стрес,се надевам дека нема ништо. Благодарам уште еднаш.
Го пишувам истото затоа што сум загрижена и да видам дали има причина да се грижам толку затоа што е прв пат да ми доцни повеќе од два дена односно дали е можна бременост, нема зошто да се понашаш толку дрско, побарав мислење ништо друго.
Јас дрска? Игнорираш нешто што девојка споделила со тебе за да ти помогне, и пак прашуваш како никому ништо, и јас дрска? Не си ти дрска што игнорираш одговор од девојка која пробала да ти помогне? (во случајот @macence994 ) Значи побара мислење, споделија мислење, игнорираш, и пак прашуваш исто со copy-paste. Ние можеме да споделиме линк, искуство и слично.... ехо немаме да ти видиме во стомакот. Ако сакаш ти прашувај уште три пати, ако не си направиш тест, или не си посетиш доктор, ние не можеме да знаеме. Ако не свршил во тебе не би требало да си бремена, тоа е тоа што знаеме ние, не можеме да знаеме што се случило точно... а затоа прочитај си погоре на линкот што го игнорира што друго може да биде.
значи во секоја тема те има и ти се се плашиш да не си трудна , или некој нема работа па трола тука значи .. и во др теми те има, значи никој неможе да си го троши времето за секој ден тебе едно исто да ти го повторува , а наместо гинеколог оди посети психијатар
Извини девојко ама како што јас читам погоре има доста луѓе што си го потрошиле времето за да одговорат на твоето безмислено прашање дали директно или индиректно, небитно, ама изгледа залудно било, бидејки ти не сакаш да читаш очигледно и упорно напнуваш со едно та исто, мислам не знам очигледно што сакаш? Некој да те тапша по рамо за глупости? Ова било проблем? Пази немој. Во иднина или наместо да седиш и да читаш тоа што ти одговара само на тебе земи тоа време потроши го за ЕДУКАЦИЈА или не се еби ако не си способна за едуцирање. Мислам навистина некои од вас толку напнувате што просто човек не знае што да одговори! И после се лутите за арогантноста и џа сеирите на темава кога и самите вие пробуватр тоа да го направите.