Здрaвoсaкaм дa ве прaшaм синoќе имaвме oднoси сo дечкo ми и сврши вo мене, aмa пoследниите двa месеци сум пoд гoлем стрес и нервoзa a пред двa денa ми зaврши менструaлниoт циклус дaли е мoжнo дa биде нештo.
Se napiv norlevo tableta po 24h no veruvaj se pokajav za toa dali postoe nekoe cudo i pokraj tabletata pak da sum bremena zatoa sto go sakavme.toa a podocna bevme prinudeni da se napijam tableta. :'( :'(
Јас сфатив дека се напила Норлево, ама сега се кае оти сакала да остане бремена... а зошто биле принудени да се напијат таблета, тоа не ми е ни мене јасно. Инаку @alijana , ако испи норлево, треба да се случи некое чудо па да останеш бремена... а и немој да се каеш, не значи дека ако не си се напиела дека ќе беше 100% бремена. Само дај прво договорете се дали сакате бебе или не сакате.. вака ова не ми изгледа во ред.. прво пробувате, па ти пиеш таблета, па после се каете... до каде и до кога вака? Или сакате и сте спремни, или не сакате и не сте спремни. Како тоа ако сте сакале бебе си била принудена за таблета?
Здраво девојќи. Ве моолам да ми дадете некаков совет, затоа и се зачленив овде. Имав секс со партнерот но кондомот ни пукна, но ми рече да не паничам бидејки не свршил никако. После една недела добив менструација. После менструацијата, значи една недела подоцна направив тест за бременост и беше негативен, секако поминаа 15 дена од односот. Епа сега веќе една недела ме болат градите и малку ми се отечени, и да напоменам оваа недела веќе сум настината, и малку качив температура. Пред неколку дена стомакот ми беше подуван и имав мали болки во пределот на јајниците. Можеби тогаш сум била во овулација или од погрубиот секс, секако треба да имам циклус наредната недела околу 18-20 декември. Инаку сум сексуално активна веке 2 месеци, скоро секој викенд имаме секс со партнерот, секако заштитен однос и никогаш се нема случено кондомот да биде оштетен или тој да сврши во мене, секогаш надвор. Па сега барам совет од вас, од што може да е тоа така, дали од стрес, бидејки оваа недела полагам колоквиуми и малку повеќе сум расеана. Благодарам однапред.
Зошто направи тест после менструацијата??? Знаеш што е менструација? Еве просто ќе ти кажам, со народски речник - менструација е чистење на матката... затоа бремените НЕМААТ менструација, оти ако им се исчисти матката, сосе бебе ќе се исчисти, сфаќаш??? Гледам голема си, на факултет, треба вакви работи да знаеш. Па кај ти дошло, плус сосема НЕПОТРЕБНО и безвеза си направила тест по една недела, па уште се плашиш да не си бремена. Ваква ако си на 2 месеци сексуална активност, ти до година кога ќе стигнеш, ќе се мрднеш, сериозно!
@alijana пишуваш и бараш помош, а притоа на помошта и советите не одговараш и ги игнорираш на секаде?! Зошто? @DVAANGELA и @jacqueline.s девојката има пишано проблем во темата за љубовни проблеми и се има искажано дека поради разделеченоста со партнерот сакале да направат бебе и да се земат но меѓутоа родителите најверојатно ова не го одобриле и таа се напила норлево, јас и прокоментирав и и дадов совет но таа го игнорираше. Е сега пак ќе ти кажам штом се пишманите и сметате дека бебето ќе ви ги реши вашите проблеми а најважно штом ем ви иска ем ви стиска е работава ќе те молам во иднина да не си играте вака со здравјето бидејки оваа работа не е играчка и е далеку сериозна. Единствено што можеш да си направиш е здраствен проблем играјки си на овој начин. Бидете малку посериозни бре деца.
@vitamina , точно, не знаев за ова, и се сложувам, таквото размислување е крајно несериозно и неодговорно.
Работава излага дека 2 деца решиле со правење и чување на деца да си го решат проблемот околу колометрите, абе ова сериозно? Јас секаква игра ќе разберев ама игра и решение со правење деца е тоа не можам
Да се тоа океј, доволно сум запознаена, но психата работи. Прочитав се и сешто и за некој работи испаничив. Највеќе се исплашив бидејки пред неколку дена стомакот ми беше подуван и ме болеше таму долу, а сега пак овие денови градите ме болат и малку ми се отечени. Инаку благодарам.
Па ако немаш попаметна работа и обврска најнормално дека ќе дремеш на интернет ќе читаш и лека полека симптоми ќе си наоѓаш. Од ништо нешто си правете.