Правеше ли тест? Ако е негативен немај гајле, ќе ти пристигне тетката. И на мене ми доцнеше овој месец, на 35 ден ми дојде и многу ми олесни
Не правев Луѓе мене никогаш не ми се случило да ми доцни! Ми се случило да ми подрани некој ден а да ми доцни не. Секогаш така кога ми подранува потоа ми се изместува менструацијата и ми доаѓа на време (на 28 дена), само сега ми доцни, незнам зошто ова Никогаш не ми доцнело
За се постои прв пат. Ако си сигурна во дечко ти - немаш простор за паника. За секој случај утре кога ќе станеш направи си тест. Постојат повеќе фактори кои може да влијаат на редовноста на менструацијата меѓу кои се стресот, промена на климата, промена на биоритамот итн.
Оффи а немаш симптоми за добивање? Иначе купи си тест и можеш кога сакаш да го направиш, ако си бремена покажува во секое време. Направи и мирна ќе си после, иако шансите се премали. Ти касни ама не мора да значи дека си бремена, постојат многу причини за тоа. Ајде и пиши што си направила.
Немам симптоми Обично пред да ми дојде имам тапа главоболка и ме фаќа страшна мрза, а сега ништо од тоа Арно викате, утре тргам по тест
Мене требаше на 25 ти Многу сум исплашена и јас, ама па последниов месец нема од што да ми касни . Раздразнета сум, се ми смета, а не добивам. Може ли да ми касни од антибиотици? (знам глупо прашање ама стварно незнам што ми е)
Офи дее, не се секирај, не мора да значи ако ти идела на време секогаш ќе ти иде така Женскиот организам е една чудна направа, од него се се очекува Купи си тест, ќе се осигураш.
дали е можно да сум бремена поради тоа што ми касне 11 дена а до дечкотот последниот пат кога имавме не пукна кондомот но не осетивме кога свршил....... но стомакот ми е малку подуен и многу акни ми излегоа на лицето а и сто така и сум многу нервозна расположението ми се мењава нонстоп
најдобро е да си направиш тест, ти касни 11 дена, не мора да значи дека си бремена ако стомакот ти е подуен можеби и ќе добиеш, вака тест и мирна глава.
женски ај и ја да си кажам мака своја...во ноември не ми дојде..требаше на 28 ама ништо. Бев на гинеколог, се беше во ред ама ми даде примолут и добив на 29 декември, ми траеше 6 дена..последниот ден скоро ич немав. Но колку да не е чисто. На 9 јануари, имавме секс, прво со кондом, ама мораше да го извади...па продолживме без, се тргна 3-5 мин пред да сврши... Сега ми касни, и незнам дали е од тоа, што пиев апчињата, а и бев 2 недели болна со температура и свашта....Немав ништо такво розевко ко што викаат, градите ми беа остливи, но не многу како порано кога требаше да добијам, сега се намали и тоа....не сакам сеа да праам тест зш е рано уште, уште сум малце поднастината.....а не сум ни подуена ни ништо
Промената на расположението може да е и од исчекување да добиеш. Искрено не го разбирам ова со кондомот односно дали имаше или немаше? Ако кондомот не пукнал ,а дечкото свршил тоа ќе биде видливо .Стомакот потекува и пред добивање .Купи тест и провери.
не паничи многу напрај си тест и гајле немај мене ми каснеше 9 дена и само што отидов на гинеколог ми дојде а и може да ти касни од апчињата и тоа има мислам улога ама за секој случај напрај тест
Можеби ова ќе биде малку офф топик ,но навистина морам да прашам. Зошто кога очигледно не сте спремни да забремените имате односи без кондоми? Зошто се доведувате во ситуација да си ја трескате главата секој 28 ми ? Од кого очекувате да ве заштити ако не се заштитите самите? Па ова е 21 век и има милион работи за контрацепција !!! Ако сакате односи без кондоми имате разно разни контрацептивни апчиња ,купете и пијте ги !!!! Чувајте се и бидете одговорни,ако ништо друго кон самите себе,така ќе се поштедите од сите овие стресови!!!
да но не ми е редовна секогаш ми касни па затоа и неможам многу да паничам а до сега 2 пати сум правела тест и утре дента одма ми доаѓаше
Епа вака имав секс со дечко ми и при тоа имавме секс со кондом и првите две негови свршувања беа во кондомот а после тоа од прилика 20мин имавме повторно и при тоа не користевме кондом а и пенисот не беше измиен од предходно од спермата колакви се чансите да забременам?!