Дај не биди ко слеп за стап, милион пати ти е кажано никој овде не советува како во последната твоја реченица, и не, кога групата овде те смета за неподобен, значи тука и не ти е ни местото и не можеш да коментираш каде сакаш. Не знам од кај правото да се сметаш за спасител, демек ти ако не ги предупредиш ги изгубивме младиве.. се читаш ли ти како звучиш воопшто? Да, форумот е јавен, ама во опис стои најголемиот женски форум, така да, без разлика како ти се чувствуваш тоа е твое право, но како машки член треба да внимаваш каде, како и што коментираш за да се запазат одредени стандарди на форумот. И се ќе беше во ред и во оваа тема, да не го тупеше на мртво со што на сите ни стана језив. Девојките овде сакаат да слушнат релевантни за нив одговори, практично возможни, а не твоите неоправдани теоретски 0.00000001 шанси. А пошо не знаеш да бидеш реалист овде не ти е местото. Не зошто јас или било која друга од нас ти вика, туку поради твојата упорност да се дружиш со деца, која ги помина сите граници.
Девојки, што ви е ама сериозно? Кажал членот нешто лошо или неточно? Се додворувал по лп, канел девојчиња на дејтови? Освен ако имало нешто друго што е избришано, мене неговите одговори ми се сосема океј. Мислењата му се културни и информативни а ако на некого му смета, нека седне сам/а и нека одвои време да им реплицира на оние кои прашуваат тука. И да, верувам дека неговите одговори им се 100 пати покорисни на оние кои прашуваат одколку саркастичните „Да, трудна си!“
Да, со неговите убедувања дека невина девојка може туку така да забремени и да роди. Ако толку лесно се забременувало, немаше да се мачат парови со години.
Зошто тој им кажува како после петинг на облечено без никаква пенетрација постои шанса да се бремени и апсолутно на секое прашање одговара со шанса за бременост. Плус, девојките кои прашуваат овде откако ќе промуабетат со него, секогаш после него бараат девојка да разговара за истото и ако претходно се испаничени, после него се уште толку. Никој не негира дека тој има познавање, само навлага во ствари кои постојат теоретски, а практично се невозможни. И лично сметам дека дрските и саркастични коментари освестуваат повеќе, отколку "финото" објаснување дека невина и без пенетрација ќе остане трудна.
А чекајте другри, овој Колумбо стварно е гинеколог или јас сум во заблуда? Сите мислења му се тука, па ваљда не лаже човекот. Инаку зошто би застанал некој и на сите со ред да им одговара дали се трудни?
Остај тоа, туку јас сум убедена дека текстовите што ги објавува ги вади од гугл. Со која цел - не знам. Затоа намерно го прашав дали знае колку минути преживува спермата вонтелесно, не одговори. Затоа што по нетов нема конкретен одговор, проверив.
Не е гинеколог. Во државава невработени гинеколози нема, а овој очигледно има доволно слободно време за да одговара на секое можно прашање како опседнат.
Postoi, premnogu mala, no postoi i kako sto rekov, niko za nikogo ne moze da garantira, ako ti mozes, togas si edinstvena na planetava.
Predaleku otislo? Togas najdobro e da ne se zanimavate so ona sto ne e vasa rabota, temava e "Dali sum bremena", a ne moite aktivnosti, ako vi e zdodevno, najdete si druga zanimacija.
Не сака да се изјасни по тоа прашање. Ако се изјаснеше, во ред. Има соодветна тема, разговарај со гинеколог. Овде претежно деца прашуваат, а тој се изјасни дека има инбокс полн со нивни прашања па така и стана уште толку језиво. Јас навистина се извинувам за моите претпоставки овде доколку се неточни, ама премногу работи се сомнителни и други девојки го приметија истото.
Od kade znaes deka e 16-17 godisno devojce? Da ne rabotis vo maticno ili mozebi ja presece nejzinata papocna vrvca koga se rodila? Jas vo nitu eden odgovor ne sum napisal - imas kancer, bidejki toa e dijagnoza. Vo odgovorite sekogas se navedeni moznite varijanti, a koja od niv bi bila, se znae deka ke doznae po izvrsen pregled. Stres li e? Togas zaprasaj se koj stres go dozivea edna neinformirana 19 godisna devojka, koja ostana bremena, a otkako objavi, na taa tena veke nikoj nisto ne pisuva, a zosto? Zatoa sto tokmu taa realnost za koja pisuvam, a ti i uste dve tri forumdziki se buntuvate, na site im stana jasna, sogleduvajki ja situacijata na devojceto.
Да, предалеку отиде ДИСКУСИЈАВА. Бидејќи е ОФТОПИК А ние имаме право да бидеме ЗАГРИЖЕНИ. Инаку не се секирај, не ни е здодевно, ние жени сме. Упорни жени. Можеме до другата година да мелеме иста ствар.
Епа ете ако лаже, тогаш зошто би дремел овде, баш на оваа тема? Што корист има? Уф колку прашања ме мачат. Ајде Колумбо сликај ја дипломата и ќе ти поверуваме, инаку ништо вака... за во затвор е ова
Ako se narusuvaat standardite na forumot, togas se naruseni so vasite obrakjanja koi blikaat od nekultura. Ne sum podoben? Toa sto ti i dve drugi forumdziki go mislite toa, ne e merilo dali sum podoben. Zenski forum e, no dali sum jas edinstven clen od sprotivniot pol - ne i se' dodeka so svoeto prisustvo ne zagrozuvam nikogo, sto nikogas nema da se sluci, femina nema da pravi diskriminacija. Pak za sansite, zatoa i tebe ke ti recam - mozes li da garantiras so cista sovest? Ne mozes i nikoj ne moze, zatoa i toa kako sum realen vo mislenjata.
Prvo dobro procitaj sto sum napisal. Vo odnos na parovite, znaes li kolku parovi se razvele poradi toa sto nemale potomstvo, a potoa i dvajcata so novite pargneri imale? Znaes li deka nekoi so godini se obiduvaat da imaat dete, a drugi koi ne sakaat dozivuvaat nesakana bremenost i vo slucaj koga mislele deka e nevozmozno? Znaes li deka decata se ragjaat tocno na devet meseci i ako presmetas nanazad golem brojod niv se zacnati na neploden den? A dali bil neploden i zosto stanal ploden? Mozebi za tebe ova e naucna fantastika, no prasaj gi onie na koi im se slucilo. Jas informiram, komu mu se dopagja neka cita, komu ne mu se dopagja, na forumov ima mnogu drugi temi za citanje.
Де бре, човек како се фаќаш, добро, не е 17-год., 18-годишно девојче е. И доволно ги исплаши девојчињава, кои веќе и се исплашени.
Е многу си бил смешен, да не пукнеш. Јас веќе си ја кажав мојата професија тука, ич да не се секираш ти за тоа. Се гледа кои се 20 и кусур годишни жени, а кои се девојчиња во тинејџерските години, не само по начинот на пишување, туку доволно е да им ги ѕирнеш предходните коментари во други теми, не е толку тешко да се заклучи колку што си мислиш ти. Кој сака да се консултира анонимно со гинеколози, си има посебна секција за тоа со вистински гинеколози, а со ова што анонимен маж (кој може да е човек без работа, или нешто што нема врска со медицината) дреме на ваков форум во ваква тема и се контра непотребно, неприфаќајќи критика, што знам... ајде нема да судам, на некому може ќе му е тоа сосема нормално. Само ти продолжи си на сите прашања да даваш ист одговор, да ги праќаш сите на гинеколог, и да ги заплашуваш со бремености и СПБ и канцери, јас веќе кревам раце, имам попаметни работи во животов.
Koga si procitala deka sum rekol moze da se zabremeni "na obleceno"? Ako me komentiras, komentiraj nesto sto sum rekol jas, a ne drugi. Peting? Devojkata kaza deka imalo penetracija - toa ne e peting.