1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали сум бремена?

Дискусија во 'Бременост' започната од marina.maca, 15 декември 2009.

  1. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    И јас понекогаш пред да добијам ми тече како кафеав исцедок до утре би требало да си добиеш најнормално така да почекај не се секирај одма :) Ако не едно тестче ништо страшно.
     
  2. Macufkata

    Macufkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    83
    абе би требало да добиам пошо бев на лекар ништо немаше а и тест напраив исто негативен беше ама пусти страв
     
  3. Macufkata

    Macufkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    83
    уфф ке цркнам постојано се нервирам
    што ли значи овој кафеав исцедок а стомакот т.е јајниците ме болат кичмата ненормално неможам да се мрднам од кревет чувство исто ко ке имам добиено само што не е црвено чудово туку кафеаво :(
     
  4. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    465
    Јас сеуште не добив... не знам што се случува! дечко ми вика дека е сто посто сигурен дека не напраил ништо, а и јас сум сигурна.. видов дека сврши надвор... но не знам што е проблемот.. градите уште ме болат.. дури и вчера навечер ме болеа и јајниците и стомакот доле,исто како што ме боли кога добивам, но утрово кога станав, пак ништо!!!! ич не сакам тестот да го земам.. се плашам од резултатот....но ќе морам денеска да видам...
    не знам од што може друго вака да ми доцни... ќе полудам
    никогаш не сум пропуштила да добијам, ни еден месец... ауф ....
     
  5. majazzz

    majazzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Девојки можно е да сум бремена?
    Завчера имавме секс ама онака набрзина во градинка.. Користеше кондом и пред да сврши го извади и ме праша кај сакам.. не се сеќавам најискрено што му реков но ми сврши на вагината но не внатре :О минимални ми беа шансите за бременост.. а утре веќе треба да добијам и не чувствувам никакви симптоми ко и обично.. Мислам дека не е можно да сум бремена? што мислите вие?
     
  6. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Девојче па ти имаш само 16 год. Како можеш да си толку неодговорна за своите постапки. Мислам дека не си, но тоа никогаш не се знае. Си размислила ли пред да легнеш со дечко ти на последиците, па уште и го извадил кондомот па свршил. И замисли ако си, а имаш само 16. Како бе деца вака не размислувате :x .
    Ај не должам веќе.
     
    На ivaa и Macufkata им се допаѓа ова.
  7. majazzz

    majazzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    немам 16 години :) сесра ми има, јас имам 19 :)
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Колку и да имаш, одговорност си е одговорност. Ќе ти дојде сигурно ;)
     
  9. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    465
    оК, Девојки, јас уште сум во параноја :D но, денеска и вчера почнаа да ме болат јајниците, и стомакот доле, исто како кога ми доаѓа менструација.. еве и сега по малце ме боли...од време на време.,.. прееска имав малце како кафеавкасто, на секојдневната влошка.... некогаш, пред да добијам, коа добивам во нормални термини, денот пред да добијам, ми се случило вака прво кафено малце, па следниот ден да почне да ми доаѓа многу крв...
    Но, пошто месецов ми касни еве веќе 6ти ден, цело време сум била со стрес и секирации,, можда и тоа придонесе многу.. но.. не знам сеа дали ова значи дека има шанси утре , или вечер веќе да си добијам ? :sweat:
     
  10. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Сигурно, до утре најкасно ќе добиеш, ако не и вечерва, опушти се ;)
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531

    Не знам дали убаво разбрав, но мислам дека спомна дека последен пат имаш добиено на 18-ти?
    Ако е така тогаш следува следново:
    Последна менструација: 18-ти Јануари
    Бидејќи се смета и првиот ден од менструацијата значи 18-ти + 28 дена = 14-ти Февруари
    Нормално е доцнење од 1 недела што би требало крајниот датум да биде 21-ви Февруари
    Денеска сме 24-ти (Тебе ти доцни 10 дена) ова важи за оние девојки со редовен циклус. Знам дека се плашиш да направиш тест ама што е тоа е. Или си или не си, друго нема. Од реалноста нема да избегаш, не ја пролонгирај работава.
    Ако имаш редовен циклус, тогаш не сакам да ти влевам лажна надеж. Можеби е некое друго пореметување во прашање: Промена на клима, болест и сл. ама за секој случај тест е најдобро да направиш, или посети гинеколог. Колку повеќе пролонгираш, толку полошо за тебе.
    Купи си тест и барем ќе знаеш на што си. Вака од една страна се надеваш, а од друга страна се потресуваш. За симптомите пак, немој да лежиш на тоа уво дека тие се пред менструални симптоми. Истите се и симптоми за бременост. Превземи нешто. Мораш! Без разлика дали си или не си, посети гинеколог заради самото доцнење. Можеби се работи за некое друго пореметување.
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    465
    зедов тест еве утре ќе го направам сабајле..не знам што да речам веќе... полудев се скаав од плачење главава ќе ми пукне многу лошо сум...... :worried:
     
  13. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Епа стресот не ти оди во прилог. Обиди се (колку и да е тешко) да се опуштиш. Можеби е некакво пореметување во прашање. Тестот направи го рано наутро со првата мокрача. Ако е негативен, биди спокојна. Посети гинеколог во секој случај, без разлика дали си или не си. Секое изостанување на месечниот циклус е некакво пореметување. Направи преглед.
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    465
    и исто сега разговарав со дечко ми.. јас заборавив еден многу важен дел да кажам.... минатата недела имавме односи со дечко ми, но не можев да издржам ме болеше.. јајниците и долниот дел од стомакот ме болеа.. не знам од што.. и коа прекинавме, продолжија да ме болат силно тие два дена, и после полека се намали болката..и по некое време , дојдоа деновите коа почна да ми касни менструација.. и јајнициве си ме болат од време на време.. вака ме имаат болено некоас, ама ретко, само коа ги имам прехладено... .. можно е да е некоја прехлада или циста недај боже , па од тоа да ми касни?
    ѓ
     
  15. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Колку повеќе се нервираш, толку повеќе лошо си правиш сама на себе. Пробај, прави нешто за да не мислиш на тоа, едноставно кажи си- што треба да биде нека биде па ке видиме, вдиши длабоко и паметот веке да ти биде во Америка :D
    Не се секирај и со среќа утре ;)
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Ти бараш утеха зошто си во лоша ситуација, но ние само ќе те вознемириме или ќе ти дадеме лажна надеж. Се е можно, постојат многу фактори поради кои менструацијата може да изостане. Јас искрено (бидејќи кажа дека сте внимавале) мислам дека не си бремена. Иако односи без презерватив не се сигурни односи. Така да, што е тука е. Можеш да промениш или да избегнеш нешто? Не!
    Можеш да дознаеш со тест и со гинеколошки преглед. Ти се одлучи за првата алтернатива. Ти посакувам среќа, утре да прочитаме добри вести од тебе. Нешто длабоко во мене вели дека не си, но исто така и дека имаш некаков проблем. Психички можеш да се ослободиш само ако отидеш на гинеколог. Не смееме да си играме со здравјето, особено не со иднината наша. Сите сакаме семејство и посакувана бременост. Никој не сака вакви грижи. Мисли на себе и своето здравје, доволно чекаше. Направи го тестот и размисли кога си слободна и кога ќе бидеш во можност да посетиш гинеколог. Собери храброст и појди. Секое добро!
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  17. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Мене искрено не ми личи по муабетов дека се работи за бременост :?:
    Може да те болат јајниците од нервоза и грижа што се случува и што ќе биде. Како што ни е добро познато на сите, психата е страшна работа. Ми се случи еднаш додека спремав испит да добијам страшни болки во долниот дел на стомакот, бев гинеколог ми правеше ехо и ми кажа дека имам напад на цревата од нервоза и стрес (грчење на цревата). Значи не е се до болката во стомакот, некогаш е и до главчето. Затоа не се замарај 8) опушти се, легни си и здравје утре, нов ден нова среќа :) чекаме добри вести да ни кажеш. Поздравче
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Macufkata

    Macufkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    83

    значи и мене ми се деси истово да ме болат јајниците толку силно што неможев да изджам и престанавме
    отидов на лекар и ништо не ми рекоа другиот ден отидов на гинеколог пак ништо не ми рекоа ми каснеше една недела и добив конечно така да не се нервирај и ке ти дојде ;)
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    465
    фала ви на сите за посветеното внимание... :worried: го направив тестот сабајле. сум се разбудила од сон во 6 од што не бев раат.. и одма го напраив...негативен беше ///се надевам сигурен е/// пошто го напраив и од сабајле со најчиста мокрача..
    еве и уште сега ќе појдам на гинеколог да видам што е.. зошто не се издржува ова под олкав стрес и страв не сум била никогаш целата се тресам цело време стомакот само ми се превртува...

    ќе видам што ке ми речат таму... не знам веќе ни јас што да речам....
    фала ви на сите... ќе пишам одма штом ќе дознаам што е... ;(
     
    На Macufkata и lolyta777 им се допаѓа ова.
  20. Macufkata

    Macufkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    83
    ке биде се океј ке видиш и јас истиот проблем го имав па ете завчера добив само не се нервирај и прај нешто што нема на мислиш на тоа дека не си добила уште ;)
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.