Фала ви многу на сите за се вистина вредеше секој збор.. од секаде земав надеж сега бев на гинеколог.... и кажав дека ми доцни и дека имав само малце кафено и денеска исто.... ме гледаше на ехо.. сум се молела да не е ништо... таа ми рече, не сакам да те плашам, но многу ти е воспален јајникот... не е ептееен лошо но сепак многу ти е воспален... ми препиша некои апчиња да пијам, и ми рече, ако добијам како што треба овие денови, тогаш одкако ќе ми заврши, да одам на контрола... а ако не ми дојде убаво, тогаш пак да одам на контрола за тоа.. и ми рече да не се секирам, дека е можно и да не добијам заради тоа... прв пат ми е вакво искуство вистина.. обично си имам редовна менструација... и навистина беше ужасно стресно за мене... никогаш не сум се чувствувала толку напната и насекирана.. се надевам се ќе биде во ред и со ова.. но, барем еден товар ми падна зошто мислев дека ќе полудам.. фала би уште еднаш многу! никогаш не сум мислела дека можеш да добиеш поддршка и совет од "другарки" што никогаш не си ги сретнала... и тоа многу поголема поддршка одколку тие што ги нарекуваме другарки и се покрај нас.. а денес се помалце ги има такви искрени и на кои што може човек да се потпре! ви благодарам
Е супер, баш ми е мило за тебе. Сега си спокојна, не си бремена. За друг пат памет во глава. Секс без заштита па колку и да внимавате не е сигурен секс! Претпоставував дека друго е во прашање и добро е што собра храброст да одиш и да си го решиш проблемот. Мора да внимаваме на себе! Особено кога се работи за нашето здравје и за нешто што ја вклучува нашата иднина. По терапијата ти посакувам да си добиеш и да оздравиш. Секоја промена на организмот не смееме да ја игнорираме! Сите симптоми се знак дека нешто не е во ред. Изостанување, исцедок, јадеж, болка.. што и да е! Ајде сега насмевка на лицето и опуштено Имај убав ден!
Супеееееер!!! Баш ми е мило, што не е ништо сериозно! Јас се откажав од другарки, ми се смачи од замарање кој како рекол, се налутил, не итн итн. Си ја имам фемина, ке си седнам, ке си ја олеснам душата и многу повеке разбирање имам од феминките, отколку од моите другарки. Да знаеш што и да се случи само полека, без паника и нервоза - најподмолната работа на светов!!! Поздрав и имај најубав, безгрижен ден!
@bitter-girl.... знам дека си во право.. фала ти за советите многу.. во право си, секоја промена може да биде опасна... фала богу не се работи за некоја неизлечива инфекција, зошто минатиот месец си бев на гинеколог за брис заради тоа, да видам дали е се ок со моето здравје таму.. и денес ги видов и тие резултати, со тоа беше одлично, се во ред.. но, јајниците... ахх.. морам да се облекувам потопло,а нозете постојано ми се студени..тоа е најголемиот причинител за овие болни јајници.. Сепак, фала ти многу, и ви посакувам се се најубаво... многу ви благодарам за посветеното време.. @baby.90 , да, така е... јас воопшто и веќе не се потпирам на пријателките, пошто имам лошо искуство со тоа...и thnx god што го открив овој форум.. пошто сум релативно нов член... и поради што овој проблем не го споделив со никого,... а толку имав потреба од помош и поддршка, единствено тука се обратив, и добив! ви благодарам уште еднаш...се надевам ќе можам и јас да помогнам кога ќе има потреба... се најубаво девојки! <3
na 10.02 mi dojde sasvim malku nenormalno nekoi grcevi vo stomah sakajki da kazam nesto ako se napnam odma povrakanje na seto toa kolenata me uzasno bolat ( nikogas porano ne mi se desilo takvo nesto ) polovinite odvreme navreme me bolat a i mokracam na sekoj pola sat....i vcera za prv pat vo zivotot jadev ziv kromid onaka ko jabulka bidejki mi se jadese kromid a inaku ni vo rucek ne go koristam posto ne go podnesuvav....dali bi mozelo da e nekoj simptom za bremeniost? I rano li ke bide da napravam test.... nikako nemozam da napravam Mk pismo izvinite
сигурно не ке да си трудна поише ко да нема некој витамини али за секоја случајност земиси од аптека еден тест па да си знаеш дал си или неси А да немаш ГРИП случајно ?
nemam nemam nikakov grip a cudno mi e toa sto mene sekogas menis mi e po 6-8 dena ovoj pat samo eden den
имаам редовна менструација последно ми дојде овај месец на 17 ама откако ми заврше некако ме бола градиве исто како пред да ми иди имам слушано дека можи и да ти иди редовно и да си трудна се плашам да не ме бола градите од тоа што мислите
душичке ако си трудна а ти дојде тоа сигурно нема да биде како редовната менструација . ќе ти трае само малку 1-2 денови и нема да ти тече многу крв . сепак направи си тест .
не мислам дека сум трудна оти секогаш со заштита имавне ама еднаш минатиот месец ни се скина кондомо ама несврше ама сепак се плашам дека се скина да не има нешто плус ме бола градите
искрено ми е страв да направам тест оффф незнам дали да цекам 10.03 да видам што ке биде или да соберам сили да направам тест
направив тес и негативен излезе но не го направив со утринска мокрача неможев да дочекам купив 2 па планирам др да го направам сабајле што мислите од што би ме болеле грдаите на допир а и да напоменам малку сум настината да не е од тоа
Или си преладена или ќе добиеш, трето нема, а за трудна не си 100%, тестот немаше да е негативен ако си.