Истите симптоми ги имав кога останав, како пмс само некоја "продолжена" верзија. Штом се обидувате се надевам дека е тоа тоа Направи тестче, мислам дека е право време да покаже.
Здраво девојки, ми треба ваше мислење. Колку пати и да ги препрочитам работите за забременувањето, секој пат кога се работи за мене имам најразлични мисли во глава, затоа ми треба некој да ми потврди дека залудно се плашам и си правам филмови. Последен пат добив на 12ти ноември и имам многу нередовна менструација, па каснењето не е нешто ново. Почнав да добивам грчеви и болка во долниот дел од стомакот како во пмс окулу 20ти декември и мислев ќе ми дојде. На 22ри месецов имав незаштитен однос при кој што партнерот сврши надвор од мене, само што не сум сигурна колку на време изреагирал и сега тоа ме мачи. Се напив апче за ден потоа 7-8 часа по односот, но сепак ќе бев посигурна доколку апчето го испиев порано, сега си викам, што ако се случило нешто пред да го испијам... И до денес (25ти декември) сеуште немам добиено, сеуште имам грчеви од време на време и не знам што да мислам. Знам дека многу е мала веројатноста да се случила бременост. Прво, од минатата менструација поминал 41 ден, што не верувам сеуште да се плодни денови и да може да се забремени. Второ, иако односот беше без кондом, сепак сврши надвор од мене, и да прснало малку во мене, секако помали се шансите нешто да се случи, и трето, се напив апче... За тест да направам е рано. Но сеуште ме мачи. Само ве молам некој нека ми каже дека многу се глупирам во моментов, дека нема шанси да сум бремена и дека ми касни поради апчето и да одам да си бркам работа Извинете за долгиот текст
Епа никој од нас неможе со точност да ти каже дали си бремена и дали грчевите ти се од апчето за ден потоа . Најарно е да си почекаш уше малку па направи тест.
Си се напила апче плус свршил надвор од тебе. Зашто би се грижела? Апчето за ден потоа не за џабе се вика така - затоа што треба да се испие ден потоа, односно најефикасно е до 24 часа по незаштитениот однос. Ти си се напила 7-8 часа по односот, така што пак не разбирам зашто има потреба од паника. Бидејќо велиш дека требало да ти дојде на 20ти - веројатно не ти доцни поради апчето кое си го испила на 22-23 ноември. Најсигурно ти е да направиш тест и/или да отидеш на гинеколог. Како што ти кажа членката погоре - ние сепак не можеме да ти тврдиме дека не си бремена, иако можеме да ти тврдиме дека шансите се скоро никакви.
Ne ti e rano za test voopsto. Napravi Mislam deka ne bi trebalo da si bremena, mozno e da e od apceto
Здраво девојки нова сум на форумот па незнам дали има ваква тема ако веќе има се извинувам но во голема паника сум има едно прашање до вас Пред неколку дена со дечко ми имавме односи знам неубаво е да го кажам така но нема како друго (не беше цел внатре,само малку) и тој сврши но веднаш го извади повеќето беше на креветот јас имав малку надвор од мене и веднаш отидов уринирав се измив и сменив долен веш, ваше мислење можно ли е да суѓ бремена или пак немам место за паника,заборавив да наведам до тогаш имаше 2 или 3 дена од како ми беше завршен менструалниот циклус.Знам може глупо прашање но во паника сум ми треба ваше мислење.Ви благодарам премногу одднапред
Ако свршил и малку внатре, постои шанса за бременост. Само тоа што викаш не бил цел внатре, е тогаш не знам. И тоа што си се измила, била во веце и сменила веш не значи дека нема да се затрудни штом ти свршил внатре. И друг пат користете заштита. А дека после два три дена од циклус си имала однос, исто не може да се гарантира. Јас затруднив одма откако ми заврши мензисот.
Само не ми е јасно зошто немам никакви симптоми а вејќе 5 недела сум и три тестови беа позитивни и пак ко да осејќам дека ке ми дојди
Ако прашуваш за симптомите на бременоста,тогаш мачнините би требало да почнат во шестата недела од бременоста.Сепак,тоа си е индивидуално,некои имаат помалку или повеќе симптоми на бременоста бидејќи секоја има различен организам,па не е кај сите исто.Ти препорачувам да си направиш и тест преку крв кај лекар за да имаш сигурен доказ дека си бремена.
Јас останац бремена 1 ден по завршувањето на менструалниот циклус. После тоа немавме секс цел месец и затоа знам дека од тогаш ми беше
Devojki dega gledam krv taka malku bleda na gakite, a do ciklusot imam skoro uste 20 dena, i taka na hartijata imam krv, sto bi mozelo da e toa, i stomakot mi krkori malku ne e za glad nego bas stomakot e
Девојче, ние од каде да знаеме од што ти е крвта. Викаш до менструација имаш 20 дена. Може да е имплантациско, не сакам да те плашам, но само на тоа ми тера некако, а може и да не е. Појди си на лекар ако не и решена работа.
Јас сум 16 недели бремена и немам никакви симптоми освен тапи болки во стомак - баш како за пред добивање.
Ако имаш уште 20 дена значи тебе сега скоро ти завршила менструацијата. Или пак не ти завршила... помисли на тоа дека може да ти трае уште?
mi zavrsi minatiot cetvrtok u do sabajlevo nemav nisto, i sabajle vidov bleda krv na gakite i koga se izbrisav
Може од милион причини да е тоа благо крварење. Отиди си на преглед и ќе знаеш. Искрено јас не верувам дека е имплантациско, тоа се јавува 6-10 дена од зачнувањето, освен ако не си зачнала баш откако ти завршило што е малце поневеројатно... сепак ти си знаеш најдобро какви ти биле активностите оваа недела со среќа