На почетокот на постот си пишала дека носиш добри вести. Значи тие вести се добри за тебе, автоматски и за мене ако јас, Рајко, Петко сакаме да си бремена, а ти не сакаш-тогаш ова е најдобрата вест за тебе Да не тупам многу,мило ми е што е се во ред и од сега почесто ќе те карам, додека не си ги средиш јајниците
важи,штом вака некој друг се залага за мене,срамота е јас да сум индиферентна на проблемот.... блонд ќе дочекаш и други убави вести од мене кога ќе ти кажам дека сум ги средила јајниците!
Само што повеќето од вас кои напишавте ве прошитав. И јас имам една недоумица за бременост. Секогаш имам мензис на 28 дена, многууу ретко ке ми дојде истиот термин со добиеното од предходниот месец. Но еве денес ми изминува точно еден месец, минатиот 07 имав добиено но еве денеска немам, немам ни болки во градите како што редовно имав, немам ни такви болки доле како што имав, навистина многу чудно. Ни пак мм пенетрилал во мене, невероватно! Ајде ке видам како ке бидам денес, ако не пак ке купам тест и ке видам на што сум иако секогаш и тестовите не се меродавни за да утврдиш дали си во блажена состојба. Малку изгледа и сугестивно си делувам утринава нешто ми се гадеше од мириси... Лелее никако не сакам сега да сум останала бремена,воопшто не сум подготвена за второ. Само молам господ да ми дојде до вечер! Немам ни користено антибиотици, само што бев накај 23 на гинеколог, белким од тоа нема сигурно да доцни! Навистина чудно!
"Ако при петинг ти сврши меѓу нозе ќе останеш трудна ова го имам прочитано, а можат и да се пренесат сите видови на полови болести преку петинг така што дефинитивно петингот е секс" ова го прочитав на еден форум.. ств не ми е јасно како може ?? ве молам за објаснување.. фала однапред!
девојки можеби ке се смеете ама сепак да прасам ми е страв вака последниот месец значи после 11 дена кога ми помина менструацијата си имавме орален секс и испробавме малку без кондом ама не влезе во мене само малку и сега 3 дена ми доцни направив тест негативен испадна а цела недела бев под стрес и под апчиња а ми се гади и ме боли стомакот дали мислите дека има шанси да сум бремена или ми доцни поради стрес,,знам дека е глупо ова што го прашуам ама сепак загрижена сум фала многу
ја мислам дека од стресот ти е..чим тестот испаднал негативен.. опушти се малку кај и дае ке ти дојде.. )
Девојче ако не свршил во тебе не си бремена. Бидејќи гледам дека не си доволно информирана околу сексот и бременоста тогаш сигурно не си информирана ни за полово преносливи болести па затоа топло би ти препорачала во иднина ништо без презерватив. Па ни по малку како што велиш ти!
здраво,јас сум нова на форумов па читајки ги сите ваши искуства сакав и јас да споделам со вас некои мои искуства кои можеби на некои ке им бидат од корист.така значи јас веке 7 години не можам да останам бремена .Три пати одам во словенија на ин-витро и тоа кај најдобриот лекар Влаиславлевиќ ама без успех.првиот пат останав бремена ама не ми се развиваше плодот па мораа да го отстранат,потоа бев пак и пак ништо и пак по трет пат бев пак ништо.И сега пред две недели ми беше и четвртиот пат се надевам и последен овде кај нас.Така утре треба да наптравам Б-ХЦГ па ке видам шо ке биди.
^Маленко, ти имаш јако срце и многу голема волја!!! Се надевам овој пат ќе е успешен целосно! Браво за тебе, што и покрај толку претрпени маки, не се откажуваш!
фала на убавите зборови ,но овој пат кој го поминал само тој знае каков е трнлив ,но и покрај многуте падови не се откажувам знам дека еден ден ке биди бидејќки голема е милоста Господова само верба и ке успее .утре ке видам што ке биде се надевам на убави вести
Мои чичко и стрина 10 години се обидуваа.Секакви методи пробаа, ин-витро дури неколку пати...И после десет години си добија мало слатко синче Не се откажувај! Има надеж сеуште. Продолжете да си бидете упорни и здржливи
Девојки.. имам некоја мала,можеби и непотребна грижа.. но сепак.. менструацијата ми доцни веќе 5 дена. (не дека секогаш ми е редовна).. сексуален однос сум немала.. освен петинг (што мислам дека сепак не спаѓа во секс и од тоа неможе да се забремени)... незнам која е причината што сеуште немам добиено менструација.. и да.. на еден форум прочитав дека може да се забремени од петинг (не ми е јасно како).. ако може некој да ми помогне.. фала однапред..
Не можеш да забремениш од петинг, нема никакви шенси...100 % А циклусот може да ти касни од различни причини, стрес, нервоза, промена на клима....
еллелел аман бе женски, навистина некогаш мн се срамам и плашам кога ќе прочитам некои работи за забременување јас мислам да отвориме една тема во која до детал ке се објасни на кој начин може да се остане бремена,за да се информират сите кои не знаат за тоа а, што велите????
навистина понекогаш многу се нервирам кога ке прочитам да речам некоја глупост, аман бе луѓе толку многу е неинформирана денешнава младина или што е работата?????барем денес има толку многу начини да дознаеш се во врска со забременување
Во почетокот кога ќе прочитав прашање како претходното или се смеев или се нервирав и си викав девојкиве појма немаат, ептен се неинформирани...потоа се сетив дека треба да видам колку години имаат и ми стана малку појасно-имено кога имав 16 год. имав ептен добар петинг со еден дечко и мислев дека можам да останам бремена, и тоа не бев единствена, дури другарка ми ме натера да направам тест за бременост, а јас бев невина Сега кога и да ми текне се газам од смеење али тоа ти е - деца, детски памет и се ќе си помисли, па дури и ваква глупост...затоа кој и да праша ако треба и по стопати ќе повторам дека при петинг не се останува бремена. Поздравче до сите збунети