Луѓе , ај да си прашам јас најубаво . Вака сега , со мм имавме заштитен однос ( со кондом ) после цели 4 години . Сврши додека беше во мене , но кондомот не беше скинат . Требаше да добијам на 20 , но сеуште ни м од менструација . За бременост знам дека не сум , прашањето ми е , дали може да доцни поради ненавикнатост на организмот на кондоми ? Знам , ќе ме направите луда , ама друго објаснување , немам . Имав малку стресен период ( позитивно стресен , родендени на бебиња , празник ) , ама не до толку да ми доцни .. Симптоми имав пред некој ден за добивање , силни болки во лев јајник , вртоглавица , имав и сеуште имам обилно бело прање , изгубен апетит ( ова не важи за благо ) , мм ми се чини ќе го заколам на спиење ако ми стапне на нерв , се убив јадење благо стомакот кај да е ќе ми пукне од подуваност .. Немам можност да одам на доктор до следната недела ( пренатрупана сум со обврски ) , би ве замолила , ако некој има памет да ми каже што се случува ( одприлика или од искуство ) , ќе ви бидам благодарна , бидејќи веќе почна психа да ме јаде ( за цисти , ракови и што уште не .. )
Не бе, не се оптеретувај со такви црни мисли. Се што кажа погоре се симптоми за добивање. Без гајле, опушти се и уживај си. Ќе дојде, каде ќе оди.
Според симптомите, ми личе дека си била во период на овулација. Не грижи се штом не си бремена ќе ти дојде. Сигурно касне поради стрес или некои хормонски пореметувања. Какви ракови, какви цисти, не си прај филмови, не си стварај стрес, уште повеќе нема да ти дојде. @CrazyGirl15
@forumce @boo3 фала ви на брзите одговори девојки , ама кога сум во овулација немам никакви симптоми никогаш не сум имала болката во јајник ми се јави еднаш пред 8-9 месеци , ама тогаш го препишав тоа на нерегулирани органи по породување ( ќерка ми имаше 2 месеци ) . Утрото добив . Од тогаш наваму , имав болки пред добивање , ама ептен слаби . Оваа пред некој ден ме легна в кревет и мм дури и вода и кафе ми носеше во кревет . До толку бев за никаде . До тоалет станував само и тоа во полу свиткана состојба одев и се враќав . Ставив и топло и џабе . Пиев кафетин менструал и тоа џабе . А еве уште ништо
И мене ми се случува да имам страшни болки во јајници и гинекологот на секој преглед ми вели дека е божем нормално. Не покажува никогаш ништо на ехо, ниту циста, ниту некоја друга неправилност..Мислам дека сето ти е поврзано со психата, затоа ти велам, опушти се и не ја мисли. Ќе дојде секако.
@CrazyGirl15 Јас кога сум во овулација имам болки во јајник, некогаш толку ме штрекне што не можам да одам. Да не си била проладена? Можеби и од породувањето е. Некое сериозно заболување не е со сигурност,тие не даваат вакви симптоми.
Последниве 2 месеци не . За породувањето не верувам дека е од тоа , малата наполни веќе една година , репродуктивните органи ми се веќе вратени во нормала ( барем така ми кажа докторот на последниот преглед пред 2 месеци ) . Од тогаш бев уште еднаш , но за жал ја реновираа ординацијата па не работеше , потоа се фатив со родендени и празници и не успеав да одам , сега еве се спремам за свадба на блиски и цел распоред ми е кнап , нема шанси до наредна недела да се ослободам .. Нејсе , ќе почекам уште некој ден , ќе пробам да се опуштам и да не мислам на тоа , ако во случај не дојде , уште веднаш ќе откачам некоја обврска и закажувам на доктор . Фала ви за одвоеното време , многу ми значи поддршка и совет од некој
Здраво Ете и јас да прашам за ваше мислење Менструацијата ми е до сега редовна, секогаш на 28-30 дена доаѓа но сега ми доцни веќе 5 дена Последната беше 31.03, Да напоменам дека во периодот од 15 март до 2 април бев во Германија, а после тоа кога бев тука имавме односи со дечко ми но не свршуваше во мене Немам никакви симптоми освен што градите ми се поттечени Дали е можно да сум бремена или ми доцни од некоја друга причина ?
Ако не свршувал во тебе тогаш не си бремена.Менструацијата ти доцни поради промената на климата бидејќи си била во друга држава кадешто е поинаква климата,поради стресови и ако си пиела некои антибиотици или лекови против болка.А,градите ти се потечени поради влијанието на хормоните во предменструалниот синдром.Инаку,менструацијата може некогаш да доцни и по цели 10 дена поради причините коишто ти ги опишав погоре или,пак,од истите тие причини дури и да дојде цели 10 дена порано.Значи,опушти се,немаш место за паника,може да ти доцни и поради тоа што многу се оптеретуваш дали и кога ќе ти дојде.
за време на менструален циклус имавме незаштитени односи со партнерот, меѓутоа не сврши во мене. Мислење, дали постои можност за бременост?
Немој да се грижиш, сепак тој не ни свршил во тебе. Теоретски постои можност да се забремени од предсемена течност ама јас искрено немам слушнато реално за таков случај. Тоа ти е исто како и можноста да добиеш на лото, ако уплатиш си постои, но колкави се шансите? И во најплоден ден да сврши во тебе шансите за бременост од прва се само дваесетина проценти.
Хахаха може и тоа да е, една другарка тврдеше дека така останала бремена за по некое време откако се омажи со дечкото тој да и признае дека не се тргнал на време и дека успеало нешто да влезе.