Здраво девојки Денес е 9 ден откако ми доцни, но не направив тест отидов кај мојот матичен лекар и по се испадна дека сум имала циста на левиот јајник и некоја поголема инфекција па затоа ми доцнело. Ми даде апчиња што се пијат 10 дена за да прсне цистата и да добијам, Канестен маст и ми зема брис. Дали некој има слично искуство ?
Незнам се плашам да абортирам како би изгледало тоа тоа е страшно,дечко ми пред 4 дена си замина на работа во Германија сеуште му немам кажано во ептен лоша ситуација сум а не смееам на никој друг да кажам освен на него....и затоа пишав тука немам на кој да се обратам...
Учиш, студираш што правиш? Имаш ли услови да го задржиш бебето, има ли кој да ти помага? За се се наоѓа решение, само разумност и смирение. Каква ти е ситуацијата со родителите, како би реагирале?
Леле дa извинете грешкa сум нaпрaвилa не е 9 месец туку 9 неделa ... Извинете нa грешкaтa @andrea321 нoрмaлнo е дa се плaшиш , a и дoвoлнo си зрелa зa рaзумнo дa рaзмислиш , не е леснo верувaј , и дa aбoртирaш и дa гo зaдржиш секaкo ќе прoјдеш низ тежoк периoд нo , првoтo aкo гo oдбереш ќе имaш дoживoтнo кaмен нa грaди и груткa вo грлo кoјa ни плaчејќи ни викaјќи ќе јa исфрлиш , a aкo гo избереш втoрoтo ќе имaш нa пoчетoк мoже прoблеми aмa кaкo ќе рaстеш тaкa ќе те сфaтaт и прифaтaт , a нaјвaжнo е тoa штo е вo тебе дa гo сaкaш ТИ нaј првo ,a истo и тaткoтo , сaмo oвa втoрoвo дo живoтнo ќе те сaкa и викa МАМO... Искрен сoвет oд срце : - Рaзгoвaрaј сo дечкoтo не се плaши , сегa си иднa мaјкa кoјa требa oфицијaлнo дa реши дaли ќе се реaлизирa тoa ИДНА или НЕ , ипaк ти си тaa кoјa требa дa прoјде преку бoлниoт пaт aкo се решиш зa aбoртус , aмa и ти ќе си гoрдaтa мaјкa кoјa ќе се избoри сo сите зa чедoтo , не се плaши и рaзгoвaрaј , дечкoтo мoже ќе се изрaдувa и ќе се сoглaси зaеднo дa си бидете и чувaте дечињa , aкo се сaкaте зaштo дa се плaшиш , тoa невинo душиче кoе рaсте oд ден нa ден не е сaмo твoе , збoрувaј oтвoренo сo негo
За да не си ја чукате главата од ѕид треба многу да внимавате. Ама вејќе биднало назад нема. Те чека тешка одлука. Абортусот ти изгледа како најдобра опција сега во моментов ама самиот по себе си носи свои последици кои можат да те чинат многу. Разговарај со дечкото или родителите се надевам дека ке донесете исправна одлука која ви одговара на сите. Вакви грешки не треба да се случуваат.Кога не посакувате бебе треба да внимавате многу. Ова не е играчка.
Јас бев малку помала од тебе кога нешто силно ми ја тресна главата во ѕид и ме освести . Ми доцнеше веќе 2 месеци . Ми се случувало и предходно , се тешев дека е од топлотниот бран кој не " фати " таа година . Знаев дека тој направи беља , и затоа ми купи Норлево . Го испив , па не се посомневав во бременост . Денот , бев со другарка на гинеколог за неа , по пат и раскажав за мојата ситуација и таа ми предложи и јас да се прегледам на ехо . Така бидна . Тогаш доживеав такво освестување , што цел живот ќе го паметам . Наеднаш слушнав : " Честитки , бремена си полни 8 недели , имаме и срцева акција .. Молам ? - Сакаш да слушнеш ? Пушта тон ( туп туп туп .. срценцето на малото човече ) .. Се шокирав .. Од толкав стрес , не можев ниту телефонот да го отклучам и да го барам дечкото .. другарката го зеде и му се јави .. Веснаш дојде на местото и ме зеде од таму . Следно , седиме кај неговиот дедо во двор и му велам : " Ќе абортирам ! Млади сме за бебе .. па и ние сме се уште деца ! Како ќе купиме пелени ? Не сме завршиле ни средно .. кој ќе не прими на работа нас ? - Ќе најдам јас решение за тоа .. ти смири се .. не се нервирај му штетиш на малото .. ( вадам цигара , ќе ја запалев , но тој ми ја смачка а притоа и цела кутија ми ја фрли во ѓубре ) и да , цигарите ти се забранети до породување . Од сега натаму водиш здрав живот ! Не знаев на мојте како да им кажам .. вечерта дојдоа да им кажат и да дадеме збор по адетот .. Мојте беа во шок . Не знам како на мајка ми не и рипна притисокот и како татко ми не се онесвести .. сестра ми се уби од плачење .. што е тука е .. после препукувањата дали да абортирам и тој да ме чека да завршам факултет или да се земеме па паралелно да си земам вонредно факултет и да се вработам ... не оставија на само да одлучиме ние двајца . Тоа беше клучен момент за мојата решителност да го родам детето . Тој ми рече : " Јас го сакам , а ти ? " .. Тогаш сфатив дека тој живее за денот кога ќе го земе в раце бебенцето .. знаев дека и покрај се низ што поминавме додека бевме во врска , тој ме сака вистински ... И одлучив . Реков : " Ќе го родам ! Не сакам да станам убиец на невино човече " . Така и бидна . Коцките се наместија на своето место . После 4 години од тој ден , дечкото ми стана сопруг и е татко на 2 деца , син кој има 3 години и ќерка која има 1 година . Имавме многу тешки моменти , но имавме и голема поддршка од нашите .. Затоа , прво разговарај со дечкото , и одлучете што понатаму , потоа кажи на твојте .. не знам каков карактер се , ти ги познаваш најубаво .. мојте се малку повлечени луѓе , татко ми цела нервоза ја држи во себе , мајка ми плачејќи ја исфрла ... ама на крајот сепак испаднаа разумни луѓе и ми дадоа за право јас да одлучам што понатаму . Ова те советувам прво да разговараш со дечкото за да знаеш на што си . Дали ќе го прифати или не . Ти посакувам среќа и се надевам дека ќе донесеш правилна одлука . Стискам палци за тебе .
@CrazyGirl15, остај кај е емотивна и прекрасна приказната, и плус со среќен крај... па и како писател да пишувал. Ептен убаво напишано, и се надевам ќе продре и до девојката, и ќе и помогне при одлуката
И јас се надевам дека ќе и помогнам при одлуката , затоа и се решив да го напишам моето долгометражно патешествие и исходот од целиот стрес кој го претрпев . Сега кога се сеќавам на тие денови смешно ми е но тогаш не ми беше воопшто .. Верувам и на неа и е исто , сепак не е лесно да соопштиш дека си бремена на твојте а имаш едвај 18 ..
Здраво, имав незаштитен секс пред околу 2 месеци со дечко ми, потоа ми дојде менструацијата но ми траеше 2-3 дена така пообилно потоа прекина, но некако имаше темно црвена, па дури кафеава боја и беше чудно бидејќи до сега не ми се случило тоа. Пред неколку месеци ми открија циста на левиот јајник, мислев дека е поради тоа. Сега пред недела време повторно ми дојде и исто така ми траеше 1 ден и тоа многу минимално повторно со кафеава боја. Сега и после една недела по таа т.н. менструација градите ми се драстично зголемени како пред менструација, но се многу меки, не се болни како што имам читано дека тоа е симптом на бременост. Чувствувам и некоја тежина во стомакот во пределот под папокот додека лежам и кога станам истата тежина како да се префрлува повторно во зависност од мојата положба, не знам како да опишам. Сеуште немам купено тест за бременост, не сакам да паничам пред време. Со дечко ми немам разговарано, бидејќи сме скарани, во врска сме 9 месеци, но не знам како ќе прифати ако испадне позитивен тестот...
Многу ти благодарам за оваа подршка целата сум изгубена како да не сум јас како некоја друга личност изгубена сум изгубена неможам да опишам колку....
Душо, сега се наоѓаш пред најтешката одлука. Разговарај со дечкото и родителите, дали сакате и дали сте спремни за вакво нешто само ти и тој знаете. Но, верувај дека не сте единствени кои се соочувате со ова. Ти посакувам среќа што и да одлучите.
Здраво, вака имав пред месец и 10-тина дена незаштитен однос, ми доцнеше 2 дена и добив. Но сеа имам болки во градите, правев тест точно после месец од ризичниот однос ми покажа негативен, можно е да е неточен?
Бев на твое место и многу добро те разбирам . Единствена разлика е што ти си полнолетна , јас и мм бевме сеуште малолетни тогаш , но сепак не е лесно , сеуште си млада и имаш планови во животот .. Но верувај ако се сака се се може .. И факултет ќе запишеш и работа ќе најдеш , можеби не веднаш , но малку да се средиш и ( ако се одлучиш да родиш ) да пркне малото за градинка , ќе можеш и да си се вработиш . Во моментов е најважно да го сакате тоа мало човече кое од ден на ден расте во тебе .. Ти посакувам среќа од срце и се надевам дека ќе имате среќен крај Дали партнерот сврши во тебе ? Бидејќи си добила еднаш , не верувам дека си , ама не се знае никогаш .. Ако да , направи тест преку крв бидејќи не се знае со домашните тестови . Мене до месец ипол се негативни ми беа , ама си родив две ангелчиња
Не сврши во мене но бев во плодни денови. Тестот го направив после месец дена, од овие што се за во било кое време и што покажуваат после 10 ден од ризичен однос. Преку крв за колку време се готови резултатите?
Не би требало да си бремена бидејќи не свршил во тебе . Инаку во мојов град резултатите од крв се готови уште истиот ден . Сега , не знам како е по другите градови , еве нека каже членка која е поупатена .. Ти само смири се , бидејќи колку повеќе мислиш толку повеќе ти доцни .
Пред три дена ја изгубив невиноста, користевме кондом а и тој не сврши во мене. За 10 дена би требало да ми дојде. Дали е можно да сум бремена?