Ако збркал внатер работа....можи и си, ако извадил надвор макар и да биде на вагината НЕ СИ... Опушти се...ТАКА СЕ ОСТАНУВА БРЕМЕНА...КОРИСТИ КОНДОМ НАРЕДЕН ПАТ
Вака последна менструација имав на 6ти месецов а со партнерот се обидуваме за бебенце. Не беше нешто обилна два дена од кои вториот скоро и немав крв. Редовно требаше да ми дојде на 5ти значи со еден ден каснење. Заврши што заврши ама сега се чувствувам многу чудно премногу ми се спие, се преморувам од ништо, страшни главоболки имам и малку бодежи во јајниците, си се надевам уште незнам што да мислам
Девојки здраво, ми треба мислење од вас. Минатиот месец ми дојде на 16 а сега ми касни 5 дена, имам осетливи гради, и привремени болки во јајниците.Со партнерот користиме секогаш заштита,и се нема скинато кондомот,пред две недели имавме односи што тој свриши во кондомот во мене,потоа набрзина го изваде.... $$ во дилема сум дали да купам тест за бременост или да почекам уште некоја ден? а и деновите сум под стрес Fala odnapred
Не си не се секирај чим користите заштита и се пазите нема место за паника вака полошо си правиш и затоа ти касни,стресот многу влијае врз менструацијата.Еве ќе ти кажам мене пред некој месец 9 дена ми каснеше бев сигурна дека не сум бремена ама за секој случај си направив тест и беше негативен,сето тоа ми беше од мн стрес,нервози и замор.По девет дена си дојде се си беше најнормално.Исто и ја имав болки и знаев дека ќе добијам.Поздрав
Здрaвo девoјки Пред некoе време имaв oднoсo сo мoјoт пaртнер и си кoристевме зaштитa нaјнoрмaлнo..aрнo aмa нa негo му се увртелo и глaвa гo фaтилo пaникa декa свршил у мене декa ќе зaбременaм блa блa..си кoристевме зaштитa и изглеa нaјверoјaтнo при вaдењеетo дел свршил у мене a дел oткaкo гo изaвди и сетo си беше у кoндoмoт т.е не ни беше пукнaт истиoт a и јaс кoa се пипкaв дoле кoa прoверив немaше ..aмa негo гo цaтилo филмoт..пa би ве oрaшaлa имa ли некaкви шaнси дa oстaнaм бременa или дечкoтo џaбе се глупирa.. Плссс oдгoвoрете
Најдобро испитај си преку крв . Јас кога бев бремена со првото , спиев по 14 часа дневно дури немав апетит имав тапи главоболки и тапи болки во јајници .. и ми доцнеше менструацијата @jessicamakedonka Џабе се нервира дечко ти . Штом кондомот не бил оштетен и пукнат тогаш не би можела да бидеш бремена . Дури и ако ти доцни , не си бремена ( мене ми доцнеше цели 14 дена последниов месец , а имав заштитени односи со мм ) . Ти гледај да не те фати паника бидејќи само повеќе ќе ти доцни
Со првото немав никакви знаци , меѓутоа со второто ме убија киселини . Имав мачнини до 5-ти месец од секаква храна . Јадев само леб по една кришка на оброк . Некогаш и толку не можев . До породување не можев да погледнам маргарини , мајонези , пржено јајце , и се што е со зејтин или мрсно .. Инаку првото беше момче па лесно поминав , второво што ме измачи толку многу е девојче ( ден денес ме мачи , недај боже да ја оставам на минутка сама )
Живи и здрави само, тие ти се слатки маки. Фала ти многу јас се од ова што го кажа имам а со киселиниве прв пат овај месец па затоа имам малку надеж покрај тоа што ми дојде демек менструација. А вака мрсна храна уште кога ќе ја погледнам ми се гади, мислев е некој вирус ама којзнае, можеби и е. Ќе видиме
Дај боже да си се израдуваш во најскоро време со принова . Јас немав воопшто менструација со ниту едно дете , но другарка на сестра ми имаше до петти месец ( секако со намален интензитет и скратено времетраење ) . Се надевам дека намаленото времетраење и интензитет е првиот знак дека приновата е на пат во најскоро време провери си крвна слика , би требало да покаже
Здраво феминки, имам нередовна менструација, секој месец ми доцни од 4 до 12 дена, претходниот месец добив на 14 Април. Последниве 3 дена имам розово-црвен исцедок и болки во јајниците но никако да добијам, со партнерот имавме незаштитен однос 2 пати сврши во мене. Дали има шанси да сум бремена?
Здраво. Првиот незаштитен однос ни беше пред 10тина дена. Многу ми се гади на поручек и навечер, ме болат дојките и еве вчера и денес ме болат двата јајника и тоа јака болка ,никогаш така не мр болело само на 1виот ден од мензисот и целиот стомак ми е поддуен, најмногу во долниот дел и имам бел исцедок. Што мислите дали има шанси да сум бремена. Сакаме бебче.
Еве розевото цветче означува плодни денови, розевото кругче овулација, апликацијата вели така. Првиот незаштитен однос ни беше на 12.05.и така секој ден до денес имаме незаштитени односи . Има шанси?
Да ОГРОМНИ шанси! Но за тест ти е многу рано, најрано што можеш да направиш е после први јуни. Со среќа