Девојки дали е можна бременост доколку односот бил со кондом кој не пукнаал,партнерот да не сврши во тебе и односот да бил во неплодни деново одосно 6 ден од циклисот а претходниот ден да има завршено менструација? Пред една недела се вратив од патување значи бев надвор од државата и сега ми доцни една ден т.е треваше да добијам вчера ама не добив направив два теста вчера и еден денеска беа негативми.Дали ми доцни поради патувањето или има место да ме фаќа паника?Од симптоми градите ме болат многу малку и на моменти имам болка во долниот дел од стомакот.
Како бре може да има бременост, а ни кондом пукнал, ни свршил во тебе?! Навистина не сте ми јасни, зошто не читате околу сексот и како може да останеш бремена, пред да си сексуална активна?! Ти касни поради промена на клима, еден ден ти касни, не се стресувај толку, ќе ти дојде.
Дали и големата поспаност ,омалаксаност и чувството на внатрешна температура во телото спаѓа во раните знаци на бременост?
http://www.femina.mk/семејство/бременост/15-рани-симптоми-на-бременост Покачена базална температура. Базалната температура е температурата на телото во мирување. Во периодот од овулацијата до појавата на менструалното крварење таа се покачува, а потоа опаѓа. Но, доколку сте бремени, базалната температура останува покачена. За да го забележите овој симптом, потребно е редовно да си ја мерите базалната температура.
Да ,но и голема поспаност и омалаксаност? Пошто никогаш вака не ми се спиело преку ден а спиев нормално 7-8 часа и пак ми се спие...
Еднаш месечно имате со партнерот однос? Пошо така убаво опишуваш, со кондом, не сврши, ова/она, па си викам сигурно тој еден бил, други немало... #ПрашањаКоиМеМачат
Дефинитивно не си го отворила линкот кој го оставив,отвори малце едуцирај се и прочитај на интернет. Замор и поспаност. Се чувствувате изморени и не можете да си објасните зошто сте толку поспани? Можно е тоа да се должи на зголеменото ниво на хормони во вашето тело. Кај многу жени заморот продолжува во текот на целото прво тримесечје од бременоста. Ако се сомневате дека сте бремени, не го „лечете“ заморот со кафе, туку послушајте го телото и одмарајте.
Да поспаност е меѓу првите симптоми кој се јавува и пред тест. Се друго како гадење дури околу 6та недела.
Не!! Нема од што да останеш бремена Џабе само стресови и нервози, па и пари за тестови. Вака ако се потресуваш после секој однос што правиме? Користeте заштита секогаш и нема да имаш проблем.
Уште 11 дена. Според календарот (не треба) да ми дојде на 03.06. Некни и вчера имав многу јаки болки во јајниците особено на десната страна. Денес не се толку назначени.