Не е без мирис..обично имам бело прање пред да добијам но сега ми доцни една ден а повторно имам бело прање
Направив два вчера и еден денеска и сите покажаа негативни,денес ми е 29 ден од циклусот но бев на патување па може поради тоа да ми доцни
@duffi мааа, срцка си, како учителка некоја си овдеshake: Мене бе боли стомак како за добивање,цела недела ме боли. Градите па ептен ми спласнаа. Денес требаше да добијам. Глава ќе ми прсне. Мочкам на пола саат. Ај сеа де, шо ќе кажеш за мене , тичерке убава?!
!! Денес имам СВЕ од ова !! Не ги лажи децава!!! Различно е бе луѓе, секој организам различен е, и една жена три бремености не се исти. Нема,значи нема точен одговор тука да добиете. Бар денес тестови имате на секој ќош!!
Јас не ги лажам,ако малце повеќе обратеше внимание ке видеше дека напишаното е од линкот.А во линкот кој го пишувал тоа,незнам не е моја работа понатака.
Другарка немаше никакви симптоми освен доцнење на циклусот. Целата бременост ја помина без никакво гадење, повраќање, одбивност кон храна итн.
@duffi Здраво учителке наша , а што мислиш за тоа сега. Имав болки во дојките ,денес воопшто немам,имав болки во долниот дел на стомакот како во мензис,сега воопшто немам. Немам веќе никаков симптом, само некаков лигав безбоен исцедок (извини на изразот). Што мислиш? Да не е ПМС ? Кога се појавуваат симптомите на ПМС?
Знаците на пмс и оние на бременост се исти/слични. Нека не ве буни болката во градите и стомакот, зголемен исцедок, зголемен аптетит или желба за одредена храна, гадење и слично. Изостанок на менструацијата може ама и не мора секогаш да значи бременост. Најдобро е да си направете тест ако веќе ви доцни, вака со симптомите што ги пишав ништо не е сигурно.
И јас делам исто мислење,али ме бунеше тоа што имав јаки болки а сега целосно се намалија,само благо пецкање во десен јајник имам, ко во ПМС што ми е...пошто некаде читав дека во ПМС болките во дојки се намалуваат, а кога станува збор за бременост се зголемуваат. Фала ти многу
Можно е овие денови да ти се плодни. Болки во јајници, зголемена базална т се знаци на овулација. Работете на случајот ако сакате бебе.
И кај мене беше се исто како во пмс кога останав бремена , немав ништо поразлично од симптоми. Ама и тоа индивидуално е. Знам оти е тешко ама обиди се да не си бараш знаци. Инаку пмс се јавува 7-10 пред добивање.
Немав ( муда ) вчера да правам бета. Денес собрав сила, ама не работи лабараторијата. Утре пак ќе ме е страв.... До петок моШ и ќе ми стигне гостинката
Тенок, безбоен, лигав исцедок без мирис е обично знак на овулација. Остри болки како боцкање во јајниците и розеникав/светло црвен исцедок илу мало крварење исто можат да се јават во овулација.
Срцка си ти. Ако Фтаса овој пат, следниот месец со време ќе те известам уште од старт да ме вардиш од лоши гости
Какви тестови?! Тие на мокрача?! Не им верувам!! Втората екстраутерина бетата ми беше 98, а три теста негативни тој ден. Ќе си се филмам уште малку. Никогаш до сега ми нема доцнето. Секогаш на 28 дена дибивам. Ама месецов дали доцна овулација што имав па не иде. На 16-ти ден од циклус правев иуи. Има врска ова?