Здраво женски. Моето прашање е малку глупо, но морам да прашам. Пред една недела со дечко ми имавме односи и сврши на мојот стомак, но имаше сперма на прстот и ми го стави во вагината. Дали со толку малку сперма може да се забремени. Ви благодарам
Девојки имав заштитен секс и требаше да добијам пред 4 дена ама ништо и тест правев завчера негативен е не знам што да нисалм збудалрв а инаку и немам редовен циклиу ама послефниве 2 месеци ми се стабилизира и сега пак исто
Zdravo devojki povtorno jas Napraviv test i izleze negativen a do denes trebase da mi dojde no seuste mi ja nema. Sto mislite vie?
Здраво женски, имам проблем, мал или голем незнам ни јас више. Требаше да добијам на 11 јули, а еве веќе сме 21 ви. 10 дена ми касни,а не сум во Македонија моментално и неможам да направам ништо од овде, освен што направив тест на 16 ти и ми покажа негативен., а овие 2-3 дена повраќам, ми се гади, а јадам ненормално многу, што у живот волку немам јадено како сега. Дали е можно од промена на клима,или недајбоже на овие години трудна да сум, никогаш ми нема каснето волку многу, секој месец точно добивам на 27 ден и чудно ми е што секој месец пред да добијам ми се дујат градите една недела пред да добијами ме болат, овој месец ништо, 23 години имам и многу паничам незнам што да правам. Некој со вакво искуство како моево да имал, што да правам?? Heeelllpppppp
Секако дека и поради промена на клима може да доцни, но ти веќе си правела тест кога ти доцнело тогаш веќе 5 дена што значи не си бремена, се работи за друг проблем. Кога ќе имаш прва можност посети гинеколог.
И уште нешто не мачи со климава, дај боже до тоа да е ама ја од мај месец сум овде на медитранска клима,по мое логично размислување овие 2 месеци ми се навикна организмот на климава, незнам што да мислам, за гинеколог дури во септември, али ако вака ми касни уште некој ден планирам да се вратам у македонија, немам друго решение, редовно ми доаѓаше овде во мај ми дојде на 19и во јуни на 14, кога ќе размислам по логично ќе беше да ми каснеше во мај месец. мислев некој со ваков прооблем, што бил исходот на крај, тоа ме интересираше дали може нешто сериозо да биде некоја болест или не. Паничар сум голем.
Па со дечко ми сум овде, не користиме кондом Да под голем стрес сум, само што ќе станам од спиење одма на тоа помислувам и во wc одма трчам да видам дали сум добила, првите денови не ни размислував али после 5 -6 ден чудно ми дојде дека никогаш вака ми нема каснето и овие 5 дена деноноќно мислам само на тоа...
Епа голема девојка си, не знам зошто сега паничиш? Треба да знаеш дека секс без кондом е ризик - секогаш може да останеш бремена. Друга опција е промена на климата, ама ние тоа не можеме да го знаеме. Рано е, но можеш да направиш тест. Реално гледано, шанси да останеш бремена без да сврши во тебе се минимални, но секогаш ги има. Си имала секс без кондом, ти се уарнило а очекуваше дека нема да останеш бремена? Епа сериозни одлуки, како бременост, да речеме, не се оставаат на случајност.
Па јас реално само со него спијам а верувам во него дека и он само со мене спие, знам дека нема никакви болети и јас исто на гинеколог одам еднаш во годината и правам рутински тестови од микробиолошки испитувања до вагинално ехо итн.. За останување бремена и не ми е толку многу страв и да е тоа, како и да е е дали сега или на 26 27 години ќе се омажам и ќе родам, паничам највише да не сум добила некоја болест незнам на јајници некој рак на матка такви работи, од тоа се плашам, не дека и ако сум трудна не се плашам али бар е тоа нешто најубаво во животот да ти се случи да родиш дете, макар и да ми се скрати младоста на 23 години и да сум трудна, несакам од болест да ми се скрати.. Јас бар по мојов живот гледам најубавите работи vo животов ми се случиле случајно, секогаш кога планирам нешто никогаш по планот не ми излага Забегав малце од темава али нвм
не не зезај. Е штом редовно одиш на доктор, веројатно знаеш и дека доцнење, без притоа ниту една индикација, како неуреден ПАП, неподносливи болки итн. не е симптом на некоја болест, особено не рак?
Незнам таа докторката ништо не ми кажува, последен пат бев во јануари и у нешто се посомнева али нити ми кажа нити ништо ми рече само дојди за 6 месеци да видам дали е тоа во што се сомневам , а во што се сомневаше не ми кажа,нешто на јајникот како бела флека има, иначе имам неподносливи болки во првите 3 дена јас и кажав али она незнам да не ме паничи на тоа листот напиша нешто али врска немам што значи тоа нешто на ендриоза нешто врска немам што покажа на вагиналното ехо, само ми рече се е супер немаш никакви бактерии и тоа беше, дојди за 6 месеци , и еве јули месец јас треба да одам на контрола али неможам дури во септември Значи немам болести ракови јееееееееее Шала на страна прв пат овие денови читам зошто може да касни менструација, никогаш предходно сум немала потреба да читам,основни информации како ако ти касни може си трудна, климатски промени може да влијаат знам, али никогаш не сум навлагала подетално во тие работи затоа и прашувам, незнам какви последици има од тоа да ти касни подолго, имам прочитано дека може и од пореметени хормони да е, па си помислив дека може ако ти касни да има симптоми и на некоја болест ко рак и такви ствари затоа ...
Можеш да одеш во приватна болница на преглед кај гинеколог за да не мислиш на тоа. А за бремена не си, и мене ми има се има случено да ми касни 9 дена покрај тоа шо имаше шанси да сум бремена и испадна дека не сум, од стресот уште повеќе ќе си направиш да ти касни.
Имав односи со кондом пред месец ипол и после тоа добив ама сега цело време ми се врти и како да губам свест немам сила..дали е можно да се работи за бременост иако сум добила?инаку од кога добив немав односи