Јас мислам дека нема шанси да си бремена чим сте користеле заштита. Доколку имало ризичен однос тогаш се прави тест за бременос. Може да си слабокрвна што ти се врти и времево е доволно за да не убие. Пиј повеќе течности,зимај храна со витамини.
Здраво девојки,би сакала да ве прашам дали е можно да сум бремена ако ми доцни 5 дена (а секогаш ми е точна,на 28 ден ми доаѓа) имам грчеви во стомак,тежина на желудникот и малку осетливи гради за разлика од симптомите на пмс кога градите ми се неподносливо болни... инаку моментално скоро два месеци сум надвор од државата па би сакала да ве прашам дали промената на клима може да влијае врз доцнењето...да напоменам со дечко ми имаме односи без кондом но никогаш не свршил во мене.. ви благодарам однапред.
Може да е и од климата. Ако не свршил во тебе тогаш немаш шанси за бременост,ако не ти дојде направи си тест најсигурна опција.
Здраво девојки на 14 мај имав не заштитен однос и после 16 часа се напив норлево од тогаш ми има дојдено 2 пати точно на време но некако ми беше чудно имав кафеав исцедок при крајот а никогаш сум немала сега треба да добијам но ми касни 3 дена и градите ми се отечени и премногу јадам и имам болки во грбот. Што мислите има ли место за паника? Бидејќи знам дека можна е бременост иако се добиваат редовно менструации
девојки вака на кратко,со дечко ми имавме односи овој месец на 12,15,16,17,18,19,21,24 сите беа незаштитени, мене на 10 ти ми заврши менструацијата...не свршуваше во мене никогаш...првите два три дена после односот имав мало крварење две три капки додека се бришев...што мислите што може да е проблемот,и дали е можно да сум бремена недај боже?
Да не сте имале погруб однос па од таму да е крвта? И не е битно кога ти завршил циклусот, туку кога ти почнал.
па да имавме погруб однос.а циклусот ми почна на 6ти...неколку месеци наназад ми варират некогаш на 28 некогаш на 32 сега подледно на 37 дена ми дојде..
Мислам дека последниве односи ти биле во плодни денови според ова што го кажуваш. Ама штом не свршил во тебе нема место за паника. Симптомите не се толку бргу појавуваат ако си бремена. Мислам дека крвта е од грубиот однос.
па да според апликацијана my calendar последните неколку пати ми се плодни денови...но тој е сигурен дека нема такво нешто и стално ми вика ко ќе ме види испаничена еее ја до сега требаше да имам автобус со деца,ми вика немај гајле така ако се останувало бремена сите ќе имаа деца..па се надевам дека нема такво нешто
За да не си имаш нервози користете заштита, оти некогаш и на него може да му се испуште. И не се базирај на тоа Така ли се останува бремена, оти јас од еден незаштитен однос останав.