Мали се шансите, ама кај некои жени не е овулацијата по книга. Пример јас забременив на 22-23 ден од циклус. @babygirl15 ништо не ти преостанува освен да чекаш да добиеш циклус, и еден посериозен разговор со дечкото.
Но нели е 6ти ден од менструација и шансите се минимални. Минатиот пат добив менструација на 2ри ноември, овај месец на 4ти...
Знам дека има шанси, финтата е што имам менструација и ми треба утеха а не да ми потврдуваш дека има шанси, зошто и јас не знаев дека он сакал да сврши во мене, кажав и сама да знаев немаше да се случи тоа.
Ти не бараш утеха, ти бараш да те излажеме. Мислам дека и со дечко ти треба да разговараш околу ова што го направил. Позз
Девојче види вака сега. Не може кој што сака да прави со твоето тело, без разлика добиено или не. Ти си таа што треба да го подбере што те ставил во ваква ситуација. Да те тешам нема. Факт е дека типот те напунил ко да не кажам што ама каква утеха сакаш? тоа е. пиј апче.
Финтата е дека најпаметно е да се напиеш Норлево. Што те спречува? Финансии, здраствени проблеми? Друга причина не гледам..
Се извинувам, приватно е и не можам да кажам.Да можев да се напијам немаше да барам совети и мислења, ќе потрчав веднаш до аптека.
@babygirl15, колку што јас се разбирам онака најлаички, спермата може да опстане во телото на жената и по неколку дена после односот а овулацијата настанува на средината на циклусот, што значи ако се случи порана овулација, јајце клетка може да има активна и околу 10тиот ден од добивањето на менструацијата. Ти викаш секс си имала на шестиот ден, додади на тоа уште неколку дена „жива“ сперма и ако ја имаш таа лоша среќа баш овој месец да ти се погоди рана овулација... Што да ти кажам? Норлево не смееш/ можеш да пиеш, се што ти останува е да се надеваш дека за месец дена ќе добиеш.
Доколку се здравствени мислам дека и дечко ти сигурно знае за тоа и не требал да сврши во тебе. Но ако се финансиски, тој требало веќе да ти купи и да го испиеш.
Можам утре да се напијам норлево нели? Бидејќи може да се испие до 72 часа по односот, во понеделник вечерта после 00 часот се бројат 72 часа.
Не, многу ти е касно веќе. Најефикасни се ако се испиат само во првите 24 часа. Сега чекај следен месец да добиеш.