Плодни денови ми се од 14.12 до 19.12.2017 ОВУЛАЦИЈАТА на 17.12 Нема што не проверив по интернет, шансите за забременување на шести ден од менструалниот циклус се МИНИМАЛНИ..во дилема сум дали да правам тест овие што покажуваат рана бременост, или утре да пијам норлево...
@babygirl15 Женска гледам испаничена си - ОК, гледам сите ти даваат совети - ОК, а ти ниеден совет не прифати. Зошто го пиша мислењето за да те тешат, да те лажат или да ти помогнат? Прво, очигледно слабо (читај: воопшто не) сте едуцирани со дечкото во врска со тема бременост. Бременоста настанува како резултат на пенетрација во женската јајце клетка од страна на машкиот сперматозон преку сексуален однос. Шанси за забременување имаш секогаш кога мажот ејакулира во тебе. Нели го знаете ова? Второ, кога веќе сте решиле да имате незаштитени односи треба да сте свесни во што се впуштате. Да не набројувам тука и сексуално преносливи болести, не ти беше тоа прашањето. Презервативите се измислени за да ве заштитат од несакана бременост. Во иднина имајте си заштитен секс, па не ќе ти треба ни Норлево ни тешење тука. Трето, не пиј Норлево зашто прилично си закасната. Само за ништо ќе си го пореметиш организмот. Ако си бремена, а не го сакаш детето единствено решение ти е абортус. Извини, ама тоа е вистината. Од срце ти пожелувам да не си бремена, сигурно си млада и затоа си загрижена. Опамети го дечко ти и од сега имајте односи само со презерватив (и покрај тоа, нека ејакулира надвор, а не во тебе). No hard feelings за мислењево.
Ја би ти кажала да го оставиш манијакот кој те полни онака "из чиста мира". Ми звучи ко подарок да ти купил без да те праша а не да те наполнил со сперма, без претходен план и договор а притоа има шанси за бременост, која очигледно, не е во план. За Норлево е многу касно, доколку дојде со свршување пред овулација или баш за време на овулација, тогаш Норлево треба да се испие најбрзо што можеш, значи неколку часа а не три дена. Бременост не можеш да испланираш, некои жени остануваат бремени после првиот обид, некои после месеци или години, трети не можат да останат бремени по природен пат. Некогаш овулацијата знае да се измести т.е. да се случи порано или подоцна. Редовно пишувај ги датумите на добивање, израчунај просек, следи ги промените на телото, па можеби и ќе можеш да ја воочиш овулацијата. Пример јас, после години и години редовен циклус, запишување и забележување на промените, можам да претпоставам дека сум во овулација. Ама, едно огромно ама, ова може само да ми помогне при обиди за бременост, никако не и за контрацепција. "Вадење на време" методот пали кај мене, ама не мора да значи дека ќе пали кај некоја друга. Јас знам што може да се случи (иако шансите се мноогу мали) и спремна сум на таа промена, спремен е и дечко ми. Друг ми беше муабетот. Не дозволувај друга личност да владее со твоето тело. Пред се, ти си таа која ќе одлучи дали и кога сака да остане бремена.
Фала ти многу на мислењето, и да знаеш многу добро сум едуцирана и јас, а воедно и дечко ми за темата бременост. Сексуално сме активни повеќе од една година. Не можам да се пожалам, ем што многу внимавам на хигиена и се преостанато во врска со секс, а исто и тој. Никогаш не се случило да сврши во мене, иако знам дека имаше желба, но знаеше дека имам менструација и ете не знам што се деси сврши во мене.(НЕ ГО ОПРАВДУВАМ) Загрижена сум затоа што после сите мислења што ги добив треба да сметам дека сум бремена, што шансите се мали бидејќи ми беше 6ти ден од менструација а овулацијата ми почнува неколку дена подоцна. Знам дека спермата опстанува околу 2-3 дена можеби и 5 но сепак не се останува бремена толку лесно нели? И покрај тоа, имам редовна менструација само некогаш се случува максимум 2 дена да ми касни или да ми дојди порано. Како што кажав, лодни денови ми се од 14.12 до 19.12.2017 а овулацијата на 17.12.2017. Го направил тоа затоа што знаеше дека за време на менструација шансите за забременување се мали, јас и без да му речев он сам знаеше дека не смее да сврши во мене. Не дека ми е дечко, ама добар е и фин, паметен и многу добро воспитан што не би дозволил да ме доведе до ситуација како „ќе ја наполнам па што сака нека биде“.
Проверив на сите можни календари за овулација, за менструација и плодни денови по интернет...секаде се истите резултати.
Теоретски да, ама праксата покажала дека се случуваат нелогични работи. Нашето тело не е машина која може да се програмира, па ти ако сакаш сите можни келендари за следење на циклус провери ги. На гатачка бил па знае? Како тоа без твоја дозвола може да сврши во тебе? Тој те наполнил по секоја цена, а што ќе биде - ќе видиме.
... во сите теми на бременост сите се утепуваат како да останат бремени, како да ја дочуваат бременоста, а ти се избезумуваш ако останеш бремена.... е па мери секое сабајле Базална температура ( во анус со термометар) ако ја имаш над 37 степени температурата повеќе од 5 дена и не ти спаѓа тогаш си бремена и со здравје да си го носиш и да си го родиш, оти тоа е најубаво нешто на светот -да имаш дете, а све друго околу тебе ќе се намести штом се сакате со дечкото една година нема проблем да бидете и родители
@babygirl15 ако е можно опушти се и не ти останува ништо друго освен да чекаш. Ако не сте спремни за бебе (и ако имаш редовен циклус) веднаш штом приметиш дека доцни макар ден-два направи тест и веднаш реагирај. Како што веќе и повеќето ти кажале, касно е за апче. Шансите се мали но не и невозможни, онлајн календарите не се веродостојни, овулацијата кај тебе најдобро ќе ја процени гинеколог со редовни прегледи (а ретко која жена дознала на овој начин). Ти пишав бидејќи и јас сум од тие жени што имаат редовна менструација, со должина на циклус од 25-26 дена, по таа логика овулација би требала да биде на 12-13 ден НО се испостави дека е меѓу 7-9 ден со тоа што останав бремена со однос на петтиот ден. А баш бевме со истата мисла како и вие: "сврши, немај гајле, рано е за овулација" Само ти посакувам да не дознаеш на овој начин и ти, а во иднина би рекла да не ризикувате...во ниту еден ден
Не можеш да водиш според општа статисика што ја пишува секаде. Кај секоја жена е различно, јас со редовен циклус пред 2 месеци кога бев на гинеколог ми кажа дека ми е овулација а бев на 8 ден од циклус, 3 дена само што ми завршило. Тоа не може да ти биде мерило дека секогаш од 12-14 ден е најплодниот. Ќе чекаш да добиеш месецов или да си направиш тест кога ќе помине доволно време за да ти биде валиден.
Фала ви на сите. Ги ценам вашите мислења, со дечко ми одлучивме да чекаме да видиме што ќе се случи бидејќи за Норлево е касно. Од синоќа околу 12 часот по полноќ имам благи болки во стомакот(не знам точно каде ме боли, не можам да одредам) час ме боли-час не ме боли. Можно е заради тоа што можеби влегувам во овулација? Со дечко ми имавме однос(со кондом нормално, од сега па натаму) и откако се избришав имав многу малку крв, кога мокрам немам ништо а и исто кога ќе се избришам, само тогаш во тој момент имав. Извинете што сум напорна, но не знам што да мислам веќе. Може да ми пише некоја порака доколку сака да разговараме.
Крвта можеби била од тоа што не си била доволно навлажнета или па сте биле малку погруби. Ништо страшно.
Феминки, имавме секс без кондом и сигурно не сврши во мене е сега ми каснеше 7 дена и кога ми дојде не ми дојде како редовно крвишта туку малку кафен исцедок и ми траеше како циклус што ми трае. Да нагласам дека периодов бев под стрес голем дали да се грижам?
Феминки,со дечко ми имаме не редовен секс ( на 3-4 месеци еднаш) а кога имаме ни е секогаш со заштита и никогаш не свршува во мене. Месеците кога немаме секс ми доага редовно а кога имаме секс ми касни дури по две недели и после ке немаме секс неколку месеци и ке ми дојде на време и се така.. Месецов имав однос заштитен како што напоменав,имав кандида,настината бев и имам колоквиумска и ми касни 4 дена..имам болки во стомакот па час немам.Дали треба да кревам паника ?
пак јас.. вака да ве прашам нешто значи вчера вечер имав однос не сврши во мене ,денес сабајле имавме сврши во мене ама после 3 4 партија..ме интересира ако направам денес тест дали ке покажи точно нејкам да чекам посто нема да можам да се напијам апче како најлесно да проверам има шанси ..ке полудам знам дека сум досадна и секогас ја прам истата грешка ..