Бременост настанува кога сперматозоид ќе ја оплоди јајце клетката, што значи потребна е ејакулација во вагината. Во твојот случај немало ејакулација во тебе, сте користеле и кондом, што значи не постои теоретска шанса за бременост. Како и овој пат, така и натаму, користете заштита и нема зошто да се стресуваш после секој однос.
... види, има многу работи да се изгуглира, нашиот чичко Гугл се храни со разни податоци, но никој нема да направи цензура и да ги исфрли неточните податоци, така да тие што немаат соодветно знаење и го земаат здраво за готово све што читаат ќе имаат повеќе штета одколку корист, инаку човекот учи додека е жив и за него праксата е важна, а не колку Нега 1 или некои други брошури кои во дадено време може да бидат од големо значење, а во друго време да бидат безкорисни и штетни спред брзиот развој на технологијата и медицината базирана на докази. ама и на нешто друго... температура, апсолутно може да се мери во секој отвор, јас само кажав мислење дека правилно мерење на Базална температура - се мисли ПРЕПОРАЧЛИВО е ректално(анално), а сега по желба нека се мери и орално, вагинално,може да се мери и во уво, или со инфрацрвени термометар на чело ! но ништо посигурно од ректално !
базална најдобро се мери ректално или орално под услов да не се пијат никакви лекови во тој период и да не се прават никакви движења.Отвараш очи после спиење и мериш одма.
Преска имав секс со дечко ми без кондом и го извади пред да сврши, ама кога свршуваше надвор прскаше, а ми беше над вагината, е сега ако случајно капнало во вагината, нема шанси да останам трудна бидејки беше надвор, без потреба паничам, нели?
Здраво Веќе една година се неуспешно се обидувам да забременам. Минатиот месец циклусот ми започна на 23. Инаку вообочаено добивам од 28 до 30 ден. Што значи сум требала да добијам на 20-22. Денес сме 25 сеуште немам. Правев денес тест искочи негативен дали мислите дека е рано да покаже? И кога е најдобро да се направи? Од пред една недела имам болки во градите, долниот дел на стомакот и половината кои се благи и не се толку интезивни туку од време на време.Не ми се гади од време на време ми се привртува и многу ми се јаде. Секое мислење и искуство ќе ми е од корист. Благодарам.
Не можеш да забремениш така не паничи. Повтори го тестот уште еднаш ако е негативен закажи си на гинеколог да ја дознаеш причината за доцнењето.
Ne sum bremena. Naredniot den dobiv ciklus. Na 36 den. Ispitav hormoni bidejki godina ipol se obiduvame zenskite mi se vo normala no imam pokacuvnje na tsh-to 5.7 e a granicata e 4.0 me fakja panika. Fala ti vo sekoj slucaj. Pozdrav!
Пред да ми дојде на 18ти овој месец ,имавме секс без кондом прилично кратко.Ми дојде и на предпоследниот ден од менструацијата повторно имавме без кондом можеби 5 минути не беше блиску до свршување,бар така кажа тој.Вчера пред да стави кондом влезе околу 4-5 пати и траеше 10тина секунди,но сум била во период на овулација.Има ли место за паника ве молам кажете ми не сум сигурна ни во него ни во мене зошто му го дозволив тоа..
Секогаш кога има не заштитен однос шанси има. Дали биле 5 секунди или 5 минути. Исто и за плодни не плодни денови, не можеш да знаеш точно ако не ги следиш евентуално.Ние тука да погодуваме може само.
И маж ми не сврши во мене па еве 6 месец сум бремена @Primadonna нема врска дали свршил или не во тебе , секогаш постои ризик ако нема заштита но , минимална е шансата во овој (твојот) случај да си бремена , немаш потреба да се клукаш и направиш поголем проблем со хормонско апче Норлево , само биди друг пат претпазлива ако не сакаш да дојде до бременост ..
А од што остана ти бремена ако маж ти не свршил во тебе? Зошто стварате непотребни паники, како ќе остане бремена без да сврши во неа? Во твојот случај најверојатно си останала бремена после прво свршување без притоа да уринира и да се исчисти мочниот канал ИЛИ касно се тргнал од тебе, без да биде свесен дека ејакулацијата започнала во тебе. Друг начин нема. @Primadonna Не земај Норлево, непотребно ќе го пореметуваш хормоналниот баланс.
Некогаш и пред семена течност чуда прави сепак тоа ретко се случува да има залутано некој сперматозоид во пред семена течност , а исто така тоа е возможно кај мажите кои имаат над 30 год. и кај оние мажи кои немаат ејакулирано 4-5 дена ...