Девојки,на 20 јуни мм сврши во мене, ден пред тоа ми беше овулацијата. Треба утре или задутре да не добијам. Имам точна менс,на 30 дена добивам секогаш. Се десило и 1 ден да ми касни, ама во многу години 3, 4 пати. Пред пмс, од симптоми имам, акни обавезно на чело и градите ужасно ме болат. Е сега овај пат градите и не ми се како што ми биле, обично почнуваат да ме болат уште во овулација, а овај пат пред два три дена. Денес имам страшни болки во стомак доле и јајниците. Сат два пред да пробие имам болки, барем така е последниве е 3,4 месеци. На 27.06 имав една точка две како крв, затоа што носев темно розов долен веш и неможев точно да сватам што е. Дали е можно да сум бремена па затоа да ме боли стомак? Мислење? Тест не би сакала да правам пред време, сепак има два дена до вештерката. Позз до вас и се извинувам длабоко за долгиот пост.
Можно е како не, направи си тест утре сабајле сигурно ќе покажи точно. Јас имав така капка розева на 28-29 ден па другиот ден уште една и наредниот направив тест и беше позитивен. Па со среќа
Ne fana, nemavme. Preokupirana sum so mn dr raboti ovie dva meseci pa tolku uspeavme ako me veruvas. Samo ednas, na 20.6 Мене страв ми е верувај од тест пред идање, неидање. Незнам што да правам
Јас кога останав бремена во Март имавме само 4 односи. И тоа не гледав плодни-непплодни ич, па и мала сообраќајка имавме и смртен случај во семејството и ете бидна. Ич не очекував.
Вака сакам да Ве прашам нешто. Пред 1-2 недели бев за прв пат на гинеколог, беше малку непријатно чувството, но друго се беше во ред и резултатите и се. Правев ПАП тест, ми земаа брис и ехо на матката и јајниците. Но еве ми доцни веќе 4-5 дена, а најчесто имам редовна менструација. Од како бев на гинеколог немав сексуални односи. Дали е можно да ми доцни од што ми буричкаше внатре со таа алатка за ехо или? Затоа што тогаш ептен ме заболе. Фала ви многу. Напишав и во темата Гинеколошки преглед ама тука ми е посоодветно некако.
Здраво феминки нова сум Ме мачи едно нешто на 30.06 добив циклусот,а 03.06 имав однос со дечко ми и се излигавил внатре. Но потоа добив на 23.07 циклусот И на 25.07 имавме односи и внатре пола свршил пола надвор и потоа одма ми престана циклусот и после тоа 2 3 дена имав како кафеаво во дневната влошка. Сега овие денови ми се гади ми се повраќа и многу сакам кисело... Дали е можно да сум трудна и кога да направам тест за бременост ..
Ако на 25.07 свршил во тебе, до сега си требала да го родиш. Малку си го утнала утнала месецот. Тест ќе направиш кога ќе ти касни.
Охх 30.05 и потоа 23.06. 2018 а имав однос на 25.06.2018 и пола внатре свршил пола надвор ( згрешив со датите збунета сум)
Нема врска тоа. Симптомите се појавуваат подоцна, а не неколку денови по однос. А всушност сакате да имате дете или ?
Јас 20 години веќе сакам кисело. Рано ти е и за симптоми и за тест. Почекај да ти касни. Ако ти се врти иди на лекар.
Здраво девојки. Со мм се обидуваме веќе 7 месеци да имаме бебе, но ништо. Минаната недела имав цела недела температура 37.5, гадење, еден ден повраќав, главоболки, и еве веќе 3 дена имам големи болки во половината. Добив менструација вчера, имав многу малку, помислив да не се од тоа болките, но денеска еве ми е 2 ден и треба да имам најмногу но немам воопшто менструација, инаку ми трае 5 дена, и болките сеуште ги има. Помислив да не сум бремена, направив денеска тест, но испадна негативен. Дали е можно да сум останата бремена, а за тест да е сеуште рано па затоа да е негативен, или може да е нешто друго во прашање?